Во домашните миленичиња спаѓаат и водните желки. Тоа не е милениче со кое можете да се играте ниту да го милувате. Кај нас најчесто чуваат црвеноушестите желки поради нивната ненаметливост и убав изглед . Името го добила поради нејзините црвени уши. Потекло води од САД, Мексико и Централна Америка.
За чување на водна желка не се потребни многу услови , важни се три фактори калциум, витамини и сончеви зраци.Потребно е аквариум кој собира најмалку 5л. вода за една желка, за да има доволно простор за пливање. Најдобри се аквариумите кои имааат преграда, едната страна е сува, а другата е со вода. Температурата на водата треба да биде константна, ни помала од 25 степени ни повеќе од 35 степени.
Температурата е најдобро да се регулира со грејач за аквариуми кој може да се набави од посебни продавници за миленичиња. Желките се хранат со разновидна храна, полна со витамини, да не биде зачинета, и секогаш се става храната во вода бидејќи тие не голтаат на суво.
Најдобро е да ги храните со црви, поточни ракови, ларви од комарци и др. Но оваа храна може да се најде во pet-shop преработени во друг облик. Желките имаат многу апетит но се хранат два пати дневно, за да не дојде до прејадување.
Дали сте чувале или сеуште чувате водна желка?
Како се грижите за неа?
Дали би купиле и чувале?