1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Вовед во програмирање и лесно совладување

Дискусија во форумот 'Наука и техника' започната од ComputerService, 30 јануари 2013.

  1. Vladus

    Vladus Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 јануари 2013
    Мислења:
    37
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Сакам да почнам да учам програмирање, па би сакал да прашам колку треба да се има познавање на англиски јазик, кој програмски јазик е најлесен како за почетник и дали може лесно да го совладам тоа сам или ќе треба да посетувам некој курс и слично?? Ви благодарам за помошта и одвоеното време. позз :)
     
  2. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,252
    Допаѓања:
    9,035
    Англиски јазик ти треба ептен основно ниво да знаеш (а не ни мора воопшто).

    Обично се почнува од C/C++ или Pascal и тоа обично првин се почнува со основа за да се запознаеш со логиката во програмирањето. Јас би ти препорачал да читаш литература и не мора да посетуваш курсеви. Само не очекувај дека уште одма ќе правиш игри, комплексни програми и сл. Ако ти треба помош слободно пиши овде.
     
    На Vladus му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vladus

    Vladus Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 јануари 2013
    Мислења:
    37
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Не не, не очекувам уште одма да станам PRO :) знам дека треба време да помине за да стигнам до таму. Фала за помошта и советите. позз
     
  4. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,252
    Допаѓања:
    9,035
    И? Што бидна? До кај си?
     
  5. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,028
    Допаѓања:
    624
    Ајде, учете. Бидете програмери, убаво е тоа јас мислам! :)
    Клик тука!
     
  6. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,252
    Допаѓања:
    9,035
    Хептаграм

    Тоа таму се само примери директно решени. Нити објаснувања кое како фунцкионира нити нешто објаснувања со коментари во кодовите. Ова да го види почетник одма ќе го исклучи зашто ко прво не знае што прават кодовите, ко второ нема никаков вовед. Не се учи така одеднаш, затоа си има нивоа и се знае како се почнува да се учи. Прво основни јазици (pascal, C/C++) да се научат основите, после објектно програмирање па тек на крај визуелно кое е уствари надградено објектно.
     
  7. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,028
    Допаѓања:
    624
    Објаснувања од асистентите и професорите, тука да видат како иде практично и сами да мозгаат со умовите :)
    Све бре објаснување барате, све нешто „основи прво“....

    Нека ја скокнат страницата тогаш тие што не ги знаат основите! Убави се туторијалите на оваа страница и за почетници! Само треба да се помачат да пишуваат код... и да си ги ловат грешките... :sreken
     
  8. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,252
    Допаѓања:
    9,035
    И да научат како да си ги оптимизираат алгоритмите за кодот да им биде помал, пофлексибилен и побрз, да научат како да дебагираат... ехеее долга листа е тоа.

    Прво се учи како функционира еден програмски јазик затоа што без да знаеш тоа можеш да напишеш обичен програм, ама за посложени проблеми и те како треба да навлезеш детално во функционирањето на самиот јазик. И не е така ко што мислиш ти. Ако беше така сите ќе беа програмери после 3 туторијали.
     
  9. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,028
    Допаѓања:
    624
    Ма ништо не е како што мисли соговорникот :)
    Јас знам и со дипломи па не се програмери! Се е можно денес...

    Ќе навлезат, ќе биде... и посложени програми ќе прават... туторијалите не само што даваат некое знаење, кажуваат и колку не знаеш :)
    Што да научиш подобро...
    Добра е страната.
     
  10. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,252
    Допаѓања:
    9,035
    Спомнав некаде дипломи, професори, факултети? Јас велам дека тоа што ти си го оставил не се добри туторијали за почетници затоа што немаат воопшто објаснување.
     

Сподели: