Влечки-лајнарки

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Вие само изразете желба, кажете си големина, посакувана боја и средуваме работа.
Добивате екстра лaјнарки по екстра цена за само 150 денари пар, straight outta Kumanovo.
И тоа не е се! Јавете се во наредните 20 минути и нарачајте 2 пара лајнарки за вас и вашиот партнер, и добивате трет детски пар сосема бесплатно! Научете го вашето дете од мали нозе да цени вистински квалитет.

И онака доста не има на форумов од градот на лајнарките, па ќе бидеме дистрибутери, не е проблем. :D
 

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Леле ова дедо ми да го прочита, тешко вас.Кој смеј да ги навреди за него најдобрите влечки на светов?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Maks

Староседелец
Со дозвола на ipopovski на моја огромна чест и задоволство, ја добив можноста да ја отворам оваа прекрасна тема во која ќе се обидам да ви ја доловам магичноста и модната важност на едните и единствени обувки кои се заштитен знак на Куманово - влечките-лајнарки, кои непоколеблво го газат времето.

Лајнарките се всушност ко историско минато за кое не се знае многу, но сепак оставаат посебен белег.
Не се знае ниту нивниот генијален дизајнер, ниту годината кога прв пат се појавиле. Единствено е познат нивниот производител ЧИК ака Чевларска Индустрија Куманово, но јасно е дека за многу кратко време истите завладеале со модниот свет, и до ден денес се синоним за добар вкус и моден сенс.

Нивните броеви обично се движат од 40 па нагоре. Тоа е така бидејќи дизајнерот првенствено мислел на комоцијата на купувачите, па потоа и на дизајнот, и секако, бојата.
Дизајнот е нешто посебно. Нешто на кое и познатите дизајнери ко МекКвин останале со подзинати усти.
Којзнае, може овој генијален изум е и причината за самоубиството на МекКвин.
Како и да е, влечките се направени од најквалитетната гума, измешана со најквалитетна пластика, поради цврстина. Гумата е рапава на допир, но има мека душа. Таа перфектно го симболизира Македонецот и неговата природа - јак ко лав, а однатре ко мушичка. Влечките имаат по 2 дупки од страните, бидејќи влечка ко влечка, не е доволна за да се проветрее ногата, па мора и од страните. Голем плус е што малото прсте може да ви излезе од едно од тие дупчиња, и така добивате уникатност и шмек на маалски badass.
Ѓонот на овие влечки е поцврст и од самиот бетон. Всушност, ѓонот го јаде бетонот, согласно со фактот дека ѓонот е составен од шупливи коцкички во кои навлегуваат каменчиња кои подоцна служат за така нареченото стружење бетон за време кога сите одмараат од работа.
Едноставно, лајнарките се ко весник кој ве известува дека ви иде гостин, бидејќи нивниот звук е толку јак, што ќе го слушнете од далечина од цел еден километар.
Погодни се за сите пригоди. Од најсвечени свадби и деловни состаноци, до орање нива и чистење нужник. Истото важи и за сите годишни времиња, од проветрување во летните горештини, до парно-греење во зима, секако, во комбинација со дебела тегет чорапа на која се’ иде. А Богами и иде, ако земеме во предвид дека бојата на овие медењаци е ни помалку ни повеќе туку каки кафеава, со варијации од лесен, воденикав пролив, до тежок, тридневен запек.

За да не очајуваат помалите генерации, врвниот дизајнер се погрижил и ним да им обезбеди лајнарчиња, во согласност со возраста, но не помалку корисни! Од одење на гости, до играње маалски фудбал.
Затоа тие се наречени и спортски лајнарки, папучки за кои се шпекулира дека биле предложени да се користат за време на тренинг низ светските фудбалски клубови, но биле одбиени поради супериорноста која играчите ја добивале штом ќе ја облечеле лајнарката на нога.

Како за крај, ќе ве оставам да плакнете очи на овие легендарно-маестрални обувки.
A moment of silence, please.
50510_102615493140933_174502_n.jpg


32117_122059814484831_100000424392230_204993_567.jpg

Огромна благодарност до JaMi за прекрасната слика.

Благодарам што оддвоивте време да се запознаете со едно врвно обележје на мојот роден град.
Дали поседувате вакви и ако да, со што ги комбинирате?
Слободно искажете го вашето воодушевување од истите.

Мораше во мода! Ако сметате дека треба да биде преместена, бујрум. :D
На сликата од JaMi како паркиралиште го направиле тоа :rofl.
Доста актуелна влечка у деведесетите, а богами и сега :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Абе девојче, Господ здравје да ти даде:D
На сета мака денес, се изнасмеав од душа.

Лајнарки бе:D
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Не ми се верува што видов!!!
Ова е крајно непочитување на модните закони!
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не ми се верува што видов!!!
Ова е крајно непочитување на модните закони!

Како тоа непочитување на модните закони? :^)
Твојов коментар е крајно непочитување на едно врвно модно обележје од нашево поднебје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue