1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Влатко Лозаноски

Дискусија во форумот 'Изведувачи' започната од Marcello, 21 октомври 2018.

  1. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    110
    Допаѓања:
    52
    [​IMG]
    Од Википедија — слободната енциклопедија

    Влатко Лозаноски - Лозано е македонски пејач. Роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

    Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ. Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во октомври 2008, со неговиот трет сингл Времето да застане ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, најпрестижниот фестивал во Македонија. Во 2009 учествуваше во македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Блиску до мене и се пласираше четврт. Во јуниистата година настапи на фестивалот Pjesma Mediterana во Будва, Црна Гора. Во јули, пак, настапи на фестивалот Slavianski Bazar во Витебск, Белорусија каде доби втора награда. Следно, заедно со Магдалена Цветкоска, со песната I'm your angel настапи на фестивалот Golden Wings во Молдавија, каде го освоија второто место. Неговиот прв албум се појави во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.

    Албуми

    Лозано 2010
    [​IMG]

    Преку седум мориња
    2012
    [​IMG]


    Евровизија
    [​IMG]
    If I Could Change The World
    If I Could Change The World (Latin version)
    If I Could Change The World (Club Remix)
    Pred Da Se Razdeni
    Pred Da Se Razdeni (Club Remix)
     
  2. dovefox

    dovefox Нов член

    Зачленет на:
    21 октомври 2018
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    4
    Не е лош пејач,ама има гаден карактер.
     
  3. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    110
    Допаѓања:
    52
    Зошто гаден карактер ?
     
  4. dovefox

    dovefox Нов член

    Зачленет на:
    21 октомври 2018
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    4
    Многу се филмаше дека е голема ѕвезда.
    Драган Вучиќ го потсети дека он му помогнал да влезе во музичките води и да не се замислува дека е Тоше Проески затоа што не е.
    Па,сакаше големи суми да му плаќаат. |-(
    Дури лани почна некое поасално однесување да прикажува. :eek
     
    На escape му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    110
    Допаѓања:
    52
    Jaс премногу му ги сакам неговите песни. Не знам јас не гледам кај него филмање како што тоа го пиша dovefox дури и доста скромно ми делува Влатко,

    Последната негова песна која влезе прво место во тренд на Јутјуб
     
  6. Ballet is my life

    Ballet is my life Активен Член

    Зачленет на:
    9 јуни 2018
    Мислења:
    241
    Допаѓања:
    61
    Вака незнам каков е, ама ми делува океј. А песните негови многу ми се свиѓаат.
     
    На __Fenix__ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dovefox

    dovefox Нов член

    Зачленет на:
    21 октомври 2018
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    4
    Сега е поприземјен.Претходно не беше.
     

Сподели: