„Вистинските вредности“ во денешницата

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кога размислувам наназад,сите оние што сум ги сакала а сум ги имала,во тој момент сум била со нив оти сум сметала дека се оние вистинските за мене.
Дефиниција дефинитивно не постои,но чувството дека тој човек со сите негови доблести и маани во тој момент не за џабе е со нас.
Го имам вистинскиот.
Чувството дека неговата душа ми припаѓа мене а мојата му ја имам нему предадено е доволно за да го чувствувам како за мене Вистински.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Вистинскиот е тој што те прифаќа таква каква си, што ди дава слобода а ти сама си ги поставуваш границите, кој ти ја споделува душата со тебе, во погледот гледаш дека те посакува, се разбираш и кога молчиш,се огледуваш во неговите очи и секој ден се насмевнуваш кога помислуваш на него.
А ако ова важи и обратно(и тој се чувствува така) и во исто време, тогаш е љубов.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ах, ќе се караме што ич не читате вовед, туку само наслов за кој јас ќе се искарам што не сум знаела да го доловам правилно.
Во воведот имам пишано дека не се работи за оние на љубовен план, ама гледам дека најголемиот дел се водел само според насловот, па темава го има заземено тој терк. Ама тоа е...Муабетот ми бил да се дискутира за оние карактеристики што некого го истакнуваат во смисла да го гледаме со восхит.
Дали тоа е физичката појава, начинот на кој личноста се изразува, поставува и комуницира општо со околината, не само со партнерот.
Впрочем, затоа и ја отворив темата во Социологија, не во Љубов и Секс.
Воведот можам да го едитирам во „посоциолошка“ насока, ама лош наслов имам дадено, уште на почеток реков, затоа ако има некој идеја за посоодветен, кажувајте, бришете и менувајте.
Ако не, некој од супер модераторите нека ја спои со веќепостоечката во ЉиС, што да речам друго.
Сори за (kinda) оф топик.

Едит: Го сменив воведот, се надевам сега е појасно и се извинувам за недоразбирањето. :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Избришав неколку апла офтопици, ги оставив посодржајните мисења иако се работи за погрешно сфатена тема.
Прочитајте ги двата поста на Електра, посебно воведот, да не дојде до забуна. Темава не опфаќа само љубов кон вистинскиот, туку дефиниција за вистинските вредности.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle, Electra and Prashina

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Вистински вредности? Малку сум сомничав кон поими кои го содржат зборот `вистина`. Она што би било универзално прифатено се дефанзивните вредности на заштита на животот, здравјето, имотот и плодовите на трудот. Тоа е горе долу надисториски и надпросторно. Останатото би го оставил на секој поединец да си реши за себе и како таков по свој избор да се здружи (или не) со свои истомисленици или со луѓе со кои дели заеднички интереси. И нормално да не ги наметнува своите `вистини` на други по пат на сила.

Hell, i just wrote a guideline for utopia :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Што всушност претставува амбиција?
Желба или пак карактерна особина?
Штом може да се убие амбицијата, тогаш може и да се роди. Тоа значи дека амбицијата е еден вид на желба и зависно од карактерот на човекот, може да се јави а може и самиот тој да не дозволи да се јави.