Мислам дека овде е најсоодветното место, кога веќе не станува збор за оние вистинските на љубовен план, туку од социјална гледна точка. Слободно менувајте наслов и префрлајте ако е нешто несоодветно.
Темава ми е занимлива бидејќи постојат толку многу одговори на ова прашање, а ниеден од истите не е апсолутна вистина или апсолутна невистина поради тоа што се засноваат на лични ставови и очекувања.
Во стереотипното општество, неретко наидуваме на коментари од типот „Алал вера, тоа е вистински маж“ или „Секоја чест на *име*, права жена си донесе дома.“ Некогаш со воодушевување, некогаш со доза на прикриена завист бидејќи самите ние тежнееме кон нешто такво.
Тема која во последно време се врти по моето друштво, но ме интересираат и форумџиски мислења.
Што е тоа вистинското? Што ги прави овие личности вистински?
Имам добиено одговор од женска гледна точка дека поразвиениот маж имал предиспозиции да биде „алфа“ и поуспешен. Па, колку физичкиот изглед влијае врз тоа колку некого ќе го вреднуваме? Впрочем, според што вреднуваме некого?
Дали е тоа работната позиција за која се избориле? Дипломата? Социјалниот статус? (Не)културата и начинот на кој пристапуваат и комуницираат?
Колку ги вреднуваме луѓето според она што (не) го постигнале во животот?
Дали само личните успеси не прават повредни во очите на другите?
А каде е тука карактерот?
Знаеме дека е индивидуално, па што според вас треба да поседува една личност, за да го добие тој епитет? Кои се клучните особини на оние „вистинските“? И дали во вашата дефиниција за овие луѓе, физичката појава воопшто има некаква улога, или сликата се базира на карактерните особини на личноста?
Всушност, постои ли нешто наречено вистински/а маж/жена, или тоа се само наши критериуми, желби и утехи дека таму некаде, постојат некои кои пркосат на законите на секојдневните, „просечни“ индивидуи?