Вили и самовили

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Инспираиран од Sofija... ја отварам темава за овие надприродни суштества .
Иако јас не верувам , ете постојат луге кои веруваат и тврдат дека има нешто тука , да видам што мислите вие . Иначе темава не ја отварам за да прашам дали постојат заради мене или дека јас сум се посумјал , само сакам да знам вие што мислите , Софија се надевам ќе ни кажи некои од нејзините искуства (wasntme) .

Еве што некои други луѓе од по интернетов кажале за вилите :
Насекаде низ Македонија, луѓето имаат видено како некој старец преку ноќ уринира во нивниот бунар или извор. На почетокот луѓето го бркале овој старец, мислејќи дека прави злочин, но исходот бил сосема друг, луѓето сведочат дека кога тој човек бил избркан, изворот или бунарот пресушувал за одреден период. Тоа значи дека тој човек „го полнел“ изворот. Затоа, оние што биле сведоци на овој настан велат дека не смее да се брка тој старец.
Во близината на Кочани, околу вештачкото езеро многу луѓе имаат видено невеста која се појавува во летната сезона, некои луѓе имаат слушано и музика која ја слушаат а не гледат кој ја свири. Оваа невеста е поврзана со потопувањето на нејзиното село со цел да се изгради вештачкото езеро на тоа место. Преданието вели дека секоја година таа невеста си зема по еден давеник. Тоа и се случуваше години со ред. Мои пријатели од Естонија качувајќи се по планините во Македонија се имаат загубено во магла и калишта. Во план имале да стигнат до некоја колиба за која луѓето им кажале дека можат да преспијат во неа. Загубени така и талкајќи во круг, недалеку од нив им се појавило дете со куче. Детето го ослободило кучето, кучето им се приближило и почнало полека да оди пред нив и ги навело да го следат. Кучето ги одвело точно до колибата што ја барале. Детето се изгубило во оној момент кога го пуштило кучето, кучето се изгубило кога ги довело до колибата.
За тиа тропања што го слушате низ куќата...Постои верување дека таква куќа е изградена да место кај што се движат вилите, односно куќата им го попречува патот, им сметате. Затоа, во минатото некои луѓе правеле по две врати на куќите, едната напред, едната позади. На тој начин вилите можат слободно да се движат по својот пат. Ова верување сеуште постои во некои области во Македонија. Но Ирска е водечка кога е во прашање оваа практика.

Ако имате некои овакви или слични верувања или сведоштва, би било убаво да ги опишете. Не мора од лично искуство, туку од преданија кои се пренесувале од колено на колено.

Копирано од други сајтови .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: I love you and Sofija...

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Ова е нешто поразличн од духовите и тие слични работи. Вакви работи постојат, некој си веруваат некој не. Има доста приказни за Самовили од старото време, повеќето се точни.
Постојат и ден денес самоволи да, а иначе за постот погоре со оганот прв пат слушам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
:) Во една од претходните теми кажав:
во мои очи постојат самовили, тоа се ќерка ми, жена ми и сестра ми.

Ама немојте сега да помислите дека самовилите во мојот живот имаат натприродни моќи.
Тие се обични девојки - жени, самоо во мои очи, се издигнати над сите други женски суштества на планетава.

- Постојат и други самовили, во некој други очи, неговите најмили женски суштества, се негови самовили.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Emma.T

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Ова е нешто поразличн од духовите и тие слични работи. Вакви работи постојат, некој си веруваат некој не. Има доста приказни за Самовили од старото време, повеќето се точни.
Постојат и ден денес самоволи да, а иначе за постот погоре со оганот прв пат слушам.
Би те замолил да раскажиш некои од приказните во кои веруваш , многу сакам да читкам вакви работи ... :p
Исто ме интересира како ги замислувате вилите или самовилите , да не ги замислувате вака :
vampire.jpg72444.jpgsamovili-2.jpg
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
А според митологијата да се надополнам, се верува дека од сите митски суштества самовилите се најубавите. Се верува дека тие се соблекувале до гола кожа и играле оро под најблиското дрво од куќата каде што некој умира, и тој што умирал можел да ги види, почувствува. Можел и да ја слушне музиката. Му ја ублажувале болката.
Ама ако се осмелел да ги прекине, и да им го наруши мирот веднаш станувале зли.
Се верува дека постоела некоја Виленица, девојка одгледана од самовили :)

- се’ е ова ту гууд ту би чру.
Се’ е ова приказна бе луѓе.
Не можам да си одгатнам како разумни луѓе веруваат во вакви бабини - деветини.
 
mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Добрите девојки кој умираат невини, стануваат самовили,постоеле добри и лоши самовили.Кој можат да те магепсаат,да се заљубиш во некого,да направиш нешто лошо...Има и една приказна за магепсаното момче од овие што ги даваат на телевизија.Ако ми текне уште нешто ќе допишам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and 84 sk_Y ^_-

S.B.

Активен Член
3 декември 2012
73
144
33
34
Прилеп
Еден дедо пред некое време вака ми рече: "внучее, не веруваш ти а и не веруваа ни денешниве млади, то шо го кажувале постарите не се измислици, има во сето тоа вистина самовилите, сенките и такви работи постоеле уште пред човекот на земјата и че постојат. Ти сакаш верувај, сакаш не верувај мое е да ти кажам, од 10 сато навечер до 2 тие четири саати се саати на самовилите, луѓето не треба да излегуваа, да шетаа тоа време, затоа шо самовилите излегуваа под среите на кучите, покрај вода, околу тревките играа ора, пеат се шетаа, си ги нишаа децата и ако му излезиш пред пат или му ја турниш нишалката тие че ти удрат шамари и тогаш можи да ти се подсврти малку ама после од тој момент че неможиш да се концентрираш, че ти оди назад работата че те тера се на неубо че прајш работи и кој не си ги праел и то шо си го работел со леснотија че ти станува тешко и др.. под среите на кучите или било какви среи некаде или под дрво не треба да се уринира(моча) или ни случајно да се има секс оти се лутат самовилите и тогаш можи многу работи да ти се десат " јас да ви кажам не дека верувам ама има една трошка во мене шо стално ме тера да се подзамислам околу овие работи и морници ме полазуваа некогаш ко че ми текни ама светов е голем и полн со секакви работи, а и имам читано разни приказни, преданија кај шо до детал се опишуваа како се случиле некои работи со самовили и се она шо за нас е денеска е некако чудно и стално си го поставувам на крајот истото прашање што ако е сето тоа вистина ...а и по се изгледа е вистина. Сакам да видам појќе мислења на оваа тема малку морничаво ама сепак заинтересирува.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба

јас се извинувам за офтопик,само би сакала да знам што е -кучите-?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: V00J.