Верување во Бог

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Прости ми Боже но кога ми е се добро Ти верувам,но кога ке видам трагедии како оваа со бродот во Колумбија и колку дечиња се удавија во ладните води,тогаш Не верувам дека постои бог што би дозволил такво нешто.
Каков одговор даваат некои? Некои мислат дека Бог ги допуштастрадањата за да нѐ научи да бидеме понизни и сочувствителни. Други сметаат дека луѓето страдаат во овој живот за гревовите што ги направиле во некој претходен живот.
Што би значеле тие одговори? Бог е бесчувствителен на човечкото страдање и затоа е тешко да го сакаме. Бог е суров.
Што вели Библијата? Библијата отворено покажува дека Бог не е виновен за страдањата на луѓето. „Никој, кога ќе се најде во искушение, нека не вели: ‚Бог ме искушува‘. Зашто, Бог не може да се искуша со зло, а и тој никого не искушува со зло“ (Јаков 1:13). Всушност, идејата дека Бог е виновен застрадањата не е во склад со начинот на кој е опишан во Библијата. Како тоа?
Една од главните особини на Бог е љубовта (1. Јованово 4:8). За да го нагласи тоа, Библијата ни открива дека Бог има чувства слични на една мајка. „Може ли жена да го заборави своето доенче и да не му се смилува на синот на својата утроба?“, прашува Бог. „Ако таа и го заборави него, јас нема да те заборавам тебе“ (Исаија 49:15). Можеш ли да си замислиш една грижлива мајка намерно да го повредува своето дете? Напротив, еден родител што си го сака детето би направил сѐ за да му го олесни страдањето. Слично на тоа, ниту Бог не ги предизвикува страдањата на невините луѓе.

Сепак, факт е дека страдаат невини луѓе. Затоа, можеби се прашуваш: ‚Ако Бог е заинтересиран за нас и ако е семоќен, зошто не ги отстрани сите причини за страдањата?‘Има добри причини зошто Бог засега и понатаму ги допушта страдањата. Да спомнеме само една: Честопати луѓето се тие што им предизвикуваат страдања на другите. Многу од оние што им нанесуваат болка на другите не сакаат да се променат. Значи, Бог мора да ги уништи таквите луѓе за да отстрани една од главните причини за страдањата.

Најчесто, ЛУГЕТО го обвинуваат Семоќниот Бог затоа што мислат дека тој е вистинскиот владетел на овој свет. Не знаат една едноставна, но важна вистина што ни ја кажува Библијата. Вистинскиот владетел на овој свет е Сатана Ѓаволот. Библијата јасно вели: „Целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19). Кога ќе размислиш малку, зарем тоа не ти звучи логично? Овој свет ги одразува особините на невидливото духовно суштество што „го заведува целиот свет“ (Откровение 12:9). Сатана е измамник, суров и полн со омраза. Затоа и светот што е под негово влијание е полн со измама, суровост и омраза. Тоа е една причина зошто има толку многу страдања.Исус ни дал надеж дека ќе дојде време кога ќе нема страдања. Своите ученици ги поучил да се молат: „Татко наш, кој си на небесата... Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:9, 10). Кога ќе дојде Божјето Царство, на Земјата повеќе нема да има страдања, исто како што нема страдања ни на небото.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: oптимистка

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Каков одговор даваат некои? Некои мислат дека Бог ги допуштастрадањата за да нѐ научи да бидеме понизни и сочувствителни. Други сметаат дека луѓето страдаат во овој живот за гревовите што ги направиле во некој претходен живот.
Што би значеле тие одговори? Бог е бесчувствителен на човечкото страдање и затоа е тешко да го сакаме. Бог е суров.
Што вели Библијата? Библијата отворено покажува дека Бог не е виновен за страдањата на луѓето. „Никој, кога ќе се најде во искушение, нека не вели: ‚Бог ме искушува‘. Зашто, Бог не може да се искуша со зло, а и тој никого не искушува со зло“ (Јаков 1:13). Всушност, идејата дека Бог е виновен застрадањата не е во склад со начинот на кој е опишан во Библијата. Како тоа?
Една од главните особини на Бог е љубовта (1. Јованово 4:8). За да го нагласи тоа, Библијата ни открива дека Бог има чувства слични на една мајка. „Може ли жена да го заборави своето доенче и да не му се смилува на синот на својата утроба?“, прашува Бог. „Ако таа и го заборави него, јас нема да те заборавам тебе“ (Исаија 49:15). Можеш ли да си замислиш една грижлива мајка намерно да го повредува своето дете? Напротив, еден родител што си го сака детето би направил сѐ за да му го олесни страдањето. Слично на тоа, ниту Бог не ги предизвикува страдањата на невините луѓе.
Зошто ја цитираш библијата и се повикуваш на неа, а не ги почитуваш и одиш спротивно на нејзините пораки?
1 Тимотеј 2:
12. А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има многу богови, прво треба да се прецизира на кој се мисли точно, може е Ајваз во прашање?! Или Хорус? Па дури и оној Хромозом :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Зошто ја цитираш библијата и се повикуваш на неа, а не ги почитуваш и одиш спротивно на нејзините пораки?
Да Павле рекол: „На жената не ѝ дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку нека молчи.Иако поучувањето во собранието треба да го вршат крстени мажи, и мажите и жените имаат одговорност да проповедаат и дапоучуваат надвор од собранието, значи тој стих се однесува само во собранието или во местото каде сто се собираат за да се поучуваат.

Во 1. Коринтјаните 14:34 се вели жените нека молчат во собранијата, зашто не им е дозволено да зборуваат. Нека бидат подложни,како што вели и Законот. да се вели во собранијата кај што се собираат за да се поуцуваат а тие места се места кај што се обожава Бог и се свети места и затоа таму не им е дозволено на жените, а овде не е собраније значи, дозволено ми е :D
 
Последна промена од модератор:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Во 1. Коринтјаните 14:34 се вели жените нека молчат во собранијата, зашто не им е дозволено да зборуваат. Нека бидат подложни,како што вели и Законот. да се вели во собранијата кај што се собираат за да се поуцуваат а тие места се места кај што се обожава Бог и се свети места и затоа таму не им е дозволено на жените, а овде не е собраније значи, дозволено ми е :D
Добро,ај кажи ми ја разликата на мажот и жената пред бог?
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Да Павле рекол: „На жената не ѝ дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку нека молчи.Иако поучувањето во собранието треба да го вршат крстени мажи, и мажите и жените имаат одговорност да проповедаат и дапоучуваат надвор од собранието, значи тој стих се однесува само во собранието или во местото каде сто се собираат за да се поучуваат.

Во 1. Коринтјаните 14:34 се вели жените нека молчат во собранијата, зашто не им е дозволено да зборуваат. Нека бидат подложни,како што вели и Законот. да се вели во собранијата кај што се собираат за да се поуцуваат а тие места се места кај што се обожава Бог и се свети места и затоа таму не им е дозволено на жените, а овде не е собраније значи, дозволено ми е :D
И за тебе е ок да браниш религија која отворено те понижува и те смета за нешто помалку вредно од мажот?

Има многу богови, прво треба да се прецизира на кој се мисли точно, може е Ајваз во прашање?! Или Хорус? Па дури и оној Хромозом :kafe
Нема бог освен човекот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Harmonija

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
1 Тимотеј 2:
11. Жената да се учи во тишина и во секаква покорност!
12. А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
@Abraxas ,каква е твојота душа,машка или женска.
До кога ќе мешате духовно со телесно?
Сееш семе или примаш семе (збор),а?
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
@Abraxas ,каква е твојота душа,машка или женска.
До кога ќе мешате духовно со телесно?
Сееш семе или примаш семе (збор),а?
Тоа не се мои зборови, прашањето упати го до тој што ги напишал.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Прашање кое вечито ке се поставува,и ниеден одговор нема да ни биде доволен да ни ја разубеди верата или да ни ја зацврсти верата во Бога.Постои ли навистина Бог погледнете во ова видео.