Верски објекти низ Македонија (читај прв пост)

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Црвка Св. Богородица-Калишта
800px-Kalishta-Roch-Church-Entrance.jpg
Црквава во карпа ли е:eek
Си била?

Нека прости LadyInPink ама црквава прв пат ја гледам и ми се допадна па бев на википедија и видов дека да во карпа е изградена и има внатре монаси и најдов и едно видео
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Црквава во карпа ли е:eek
Си била?

Нека прости LadyInPink ама црквава прв пат ја гледам и ми се допадна па бев на википедија и видов дека да во карпа е изградена и има внатре монаси и најдов и едно видео
Ги обожавам пештерските цркви. Оваа ја имам неколкупати посетено, веднаш после големата црква во Калишта е, патот што врви накај ридот. И далеку поафтентична е од Манастирот Острог во Црна Гора.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Ghtalpo

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Ги обожавам пештерските цркви. Оваа ја имам неколкупати посетено, веднаш после големата црква во Калишта е, патот што врви накај ридот. И далеку поафтентична е од Манастирот Острог во Црна Гора.
Јас имам читано за Прохор Пчињски дека живеел 32 години во пештера ама срамота е дека не сум знаел дека во Македонија имало вакви цркви.
На мое изненадување преска видов дека има 24 вакви цркви низ Македонија во карпа (кој би рекол)
Имаш нешто слики или импресии да доловиш,што има внатре,монаси,калуѓерки?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тие цркви се као ќелии - оваа бар што е кај калишта се состои од 1-2 собички. Интересно е како светлината допира во внатрешниот дел преку отворите/прозорците. И големиот видик низ истите.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Св. Петка Црниче – Скопје
Храмот посветен на „Света Петка Параскева“ се наоѓа на подножјето на Водно – во Црниче Скопје. Црквата е изградена во 1923 година, иконописан и осветен во 1924 година. Во изработката на иконите учествувал и познатиот иконописец/зограф од тоа време Димитар Папрадишки.
81Large-8.jpg
Црквата е градена на подарен имот од извесен Божин (други извори велат дека земјиштето е подарно од фамилијата на Антон и Горица Петрови-Дерибабови …) кој сонил дека во дворот има закопано нешто свето – копајки нашол икона од Преподобната Света Петка Параскева. Божин имотот го подарил на Црквата за да се игради Храм на Преподобната Света Петка Параскева. Црквата е градена со донации од граѓаните кои живееле во околината. Изградбата почнала некаде 1904 година со осветување на темелите на Црквата. Градбата траела невобичаено долго цели 20 години.

Во земјотресот 1963 година црквата претрпува оштетувања. Санирана е – доградена е камбанерија … на јужната и северната страна доградени се два параклиса (мали цркви …), едниот посветен на Царевите Константин и Елена (кои се прогласени за рамноапостоли …) а другиот посветен на Света Великомаченичка Недела.
Моментално црквата блеска со сиот сјај – има убава ограда, дворот е поплочен со павер елементи и целата зрачи во чистотата на околината. Многу скопјании од тој дел на Скопје сите потреби од црковниот живот (молитвени активности, венчавки, крштевки, парастоси и сл. ги обавуваат во оваа црква …).
82Large-7.jpg
818Large.jpg
85Large-6.jpg
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Да, Aristokrat во пештера е и сум ја посетила. Ете Саладин ти објаснил, да не се повторуваме. Ти препорачувам кога ќе си во прилика да ја посетиш, доста впечатлива е, мислам дека и тебе ќе ти се допадне.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Пресвета Богородица е главна и катедрална црква воГостивар, сместена на самиот плоштад.
Изградбата на црквата е започната во 1924 година, а нејзиното осветување е извршено во 1929 година. Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, поголем реставраторски зафат над црквата е направен во 2003 година. Со несебични заложби на нашиот Архиереј, намесникот, свештениците и богољубивиот народ од Гостивар и од дијаспората, оваа црква стана еден од најубавите храмови во Македонската Православна Црква. Беше извршено целосно малтерисување (внатрешно и надворешно) и поставена изолација против влага, почнувајќи од темелите па сè по ѕидовите на црквата. Низ целата црква е поставен гранит и подно парно. Извршено е ретуширање на целиот иконостас и фреските. Возобновена е и црковната административна зграда, крстилницата посветена на свети Климент Охридски, библиотеката, свештеничките станови, трпезаријата и свештеничката канцеларија.
66943727.jpggostivar0220072.jpg
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Во Македонија има 1.842 цркви и 580 џамии


Во земјава има 1.842 православни христијански цркви во сопственост на МПЦ и 580 џамии со кои располага Исламска верска заедница, произлегува од публикацијата „Kарта на верски објекти во Република Македонија“, која вчера беше промовирана од страна на издавачот, Kомисијата за односи со верски заедници и со религиозни групи. Во делото детаљно е наведен список со 2.466 верски објекти кои постојат во земјава, а се во сопственост на некоја од петте верски заедници, кои се наведени во државниот Устав. Според овој регистер, Kатоличката црква има 29 верски објекти, Евангелско-методистичката црква - 12, а Еврејската заедница - три.

4CE60EA9DCEE084ABF06241F82A02C31.jpg


Инаку, православни цркви најмногу има во Преспанско-битолската епархија - 505, а најмалку во Струмичката - 83. Најмногу џамии има подрачјето на Скопското муфтиство - 115.

thumb.php
potonati1.jpg
5991529370_ba89e07805.jpg
crkvata_vo_radovis.jpg
sg7509.jpg
2010070612304030.jpg
dzamija2.jpg
300px-Tetovo_Bunte_Moschee.jpg
jeni-mosque.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Манастирот Св.Архангел Михаил Прилеп...одма под Марковите Кули

varos.jpg

prilep-001.jpg


и се разбира Зрзе...

zrze1.jpg
images

manastiri2807200714.jpg
01.08.zrze7_.jpg


А незаменливиот Трескавец го спомна црвенокосата погоре, нема потреба да се повторуваме :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and Redhead