Верски објекти низ Македонија (читај прв пост)

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Црква Свети Атанасиј Велики, општина Ѓорче Петров(старо Оризари)-Скопје
90px-Coat_of_arms_of_%C7%B4or%C4%8De_Petrov_Municipality.svg.png
991e387b.jpg

404417_302282433156607_265346133516904_941875_608399299_n.jpg
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Што бе нема другите нема да не се приклучите? :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
fb6.jpg2460544992_bb096ed093.jpg
Св.Јован Бигорски
Се наоѓа во прекрасниот канон на реката Радика, десетина километри пред сливот во Дебарско Езеро. Местото е благословено со многу извори и прекрасна клима - во зима топла, во лето ладна. Во близина се наоѓаат селата Ростуше, Битуше и Требиште населени претежно со муслимани, но има и христијани, а сите се Македонци.
Манастирот е основан жо далечната 1020 година од монахот Јован од Дебар кој тогаш станал Охридски архиепископ. Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован Крстител, за кого самиот Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена, нема поголем од него. Самото основање станало откако на местото на сегашниот Манастир е пронајдена икона на Свети Јован Крстител како лебди над изворите. Оваа икона се покажала чудотворна и до денес е едно од најголемите богатства на Манастирот.
36b.JPG
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Плаошник се нарекува месноста на јужната страна од ридот на кој се наоѓа стариод град Охрид, на околу 250м јужно од централниот дел од Самоиловата тврдина.
Плаошник е познат како религиозен локалитет уште од почетоците на христијанството, а веројатно и пред тоа. Пронајдени се неколку големи ранохристијански базилики, како и остатоците од црквата Свети Пантелејмон која ја изградил и во која работел Свети Климент Охридски.
Овој комплекс е еден од најзнашајните археолошки локалитети во Охрид и во Македонија и за едно од најсветите места кај целиот словенски род. Плаошник припаѓа на разни археолошки периоди, кои можат да се поделат на климентов, предклиментов и поклиментов период.
Sveti-Kliment-i-Pantelejmon-Ohrid-macedonia-5328549-500-375.jpgplaosnik2.jpg
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Манастирот Свети Наум е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на најјужната негова точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигањето на овој манастир е сврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година во него е погребан.
Оваа црква по својот првобитен облик била скоро идентична на црквата Св. Пантелејмон во Охрид. Негде околу 10-13ти век Наумовата црква била потполно урната. Но потоа негде околу 16ти век на нејзините темели е подигната сегашната црква и тоа во две етапи. Отпрвин, при обновувањето, се изградени наосот и нартексот, а во втората, двете куполи - над наосот и нартексот. Сегашната црква ги носи преправките, и таа има форма на впишан крст во квадратно пространство со купола, поставена на четири столбови. Гробницата на Наум е посебна зграда со широка и ниска купола.

Naum-006 resized.jpg50520386.jpgm7.JPGm8.JPG
 

m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
34
Чајџилница
На излезот од селото Водоча, четири километри северозападно од Струмица, се протега еден од најстарите манастири во Македонија, манастирот " Св. Леонтиј ". Незнам кога е изградена, но мислам дека е од 1-2 век, тука некаде. Знам дека и во тој манастир престојуваат монасите.
еве и слика :)

vodoca1.jpg

strumica1.jpg

прекрасно
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and Caci

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
На брегот на Охридското езеро, на источната страна, на околу 20 километри од градот, до селото Трпејца, се наоѓа црквата Света Богородица Заумска, кај народот позната како Свети Заум. Од еден натпис во внатрешноста на црквата се дознава дека таа е изградена и живописана во 1361 година. Црквата ( како и Света Богородица Привлепта и Свети Јован Богослов-Канео) е градена во форма на впишан крст, со купола, која се издига во централниот дел.
Ѕидана е од камен, бигор и тула, а живописноста на фасадата е постигната со примената на орнаменти во најразлични комбинации (шаховски полиња-дијагонално поставени меандри, крстови и запци), сите изведени во тула. Тристраната апсида е расчленета со слепи арки. Живописот е поприлично оштетен, особено во сводовите и куполата. Во првата зона сочувани се светители во цел раст: свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, Исус Христос, свети Богородица и др.

zaum.JPG
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Манастир Трескавец - Прилеп

За овој манастир можам да ви зборам до утре. :) Се наоѓа во близина на Прилеп, на падините под врвот Златоврв.
Се верува дека е изграден во 12., односно 13. век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Подоцна бил надограден во 14. век. Во црквата се зачувани значајни Византиски фрески. Зачувани се и кујната и трпезаријата од 14. век. Планинарска патека низ карпи и ниски треви води од Прилеп до манастирот. Во манастирот често доаѓаат туристи и планинари. Најпосетуван е за празникот Богородица 28 август. Тогаш во манастирот се собираат голем број Варошани и Прилепчани да го означат овој свет ден.Црквата исто така е прекрасна, има три олтари од кои два се посветени на Пресвета Богородица и еден на Св.Јован.

Меѓутоа Трескавец треба да се доживее. Монахот Калист е еден од најпрекрасните луѓе кои што ги имам запознаено.
Зборува со таква љубов за овој манастир и со жар во очите, што би можела да го слушам со денови.
Овој манастир има доживеано два пожари и пак успева да си издигне. Изгореле само конаците, а црквата и старата терпезарија и кујна не. Прилепчани со својата огромна лубов кон манастирот успеваат да соберат доволно средства за пак да го спасат манастирот, и тоа без ничива помош. Има многу богата историја, и посебен шарм што те тера секој пат одново и одново да се враќаш. Милчо Манчевски има снимано сцени во манастирот за филмовите Пред дождот и Прашина.
treskavec_3.jpg


treskavec+321.jpg


20090103-IMG_7111.jpg


images


250px-Orthodox_Monk_at_Treskavec.jpg
Монах Калист(овој човек буквално ми го смени животот)
(штета што не можам да ставам свои слики)

http://www.mn.mk/kultura/2714 - преданија и легенди за манастирот