Велигденски јајца

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Повеќето стари народи (старите Египќани, Грци, Келти, Индијанци...) создавањето на светот го порзувале со јајцето како извор на животот, а велигденските јајца и денес се симбол на пролетното будење и новиот живот.
За Христијаните, јајцето е симбол на Христовото Воскресение. Вапсувањето на велигденските јајца се прави на Величетврток. Се верува дека јајцата сварени и вапсани пред изгрејсонце не се расипуваат цела година, до следниот Велигден. Со првото вапсано јајце домаќинката им поминува на децата по образите додека спијат изговарајќи “да си бел, црвен како јајце, да си здрав како железо”. Првото вапсано јајце се користи и како заштита од град и се чува до Ѓурѓовден, а некаде и до Спасовден кога се закопува во нива или лозје за да го штити родот од град.
За успешно вапсување на јајцата добро е да ги знаете следниве работи: Јајцата пред вапсувањето треба да отстојат три часа на собна температура. Во поголемо тенџере на оган, кое може да ги собере сите јајца, ставете еден литар вода, додадете по една лажица сол и оцет и оставете водата да зоврие. Бојата за вапсување на јајцата размешајте ја со малку студена вода. Кога водата во тенџерето ќе зоврие додадете ја размешаната боја и промешајте. Потоа вниматено во тенџерето ставете ги јајцата. Варете најмногу 5 минути. Доколку сакате јајцата да имаат сјај, премачкајте ги со крпа натопена со масло за јадење.

Природно вапсување на јајцата
Пред вапсувањето јајцата убаво измијте ги со вода во која сте додале малку оцет или лимонов сок, а потоа изберете зеленчук, овошје или тревки со кои ќе ги варите јајцата и така природно ќе ги обоите. Еве кои бои можете да ги добиете на овој начин:
Светло кафеава: лушпи од кромид (сварете ги лушпите од кромидот, а потоа во водата ставете ги јајцата и оставете ги да отстојат неколку часа, или во текот на целата ноќ - ако сакате потемна боја).
Портокалова: рендан морков
Светло-жолта: цветови од камилица
Зелена: спанаќ и коприва
Виолетова и темно-црвена: цвекло
Светло-црвена: ротквички или кора од врба.

Цртање со восок
Цртањето со восок е еден од традиционалните начини на украсување на јајцата. Железно перо прицврстено на дрвен држач се потопува во растопен восок, па на тврдо варено јајце се изработуваат ликови. Перото постојано се загрева на свеќа, така што со восокот подобро се работи. Кога восокот ќе се стврдне на јајцето, тогаш потопете го јајцето во боја, а потоа тргнете го восокот. На тој дел каде што бил восокот ќе остане необоен.

Камени јајца
За јајцата да изгледаат како да се од камен или од мермер, секое одделно завиткајте го во газа или некоја ткаенина. Потоа јајцето спуштете го во врелата вода во која сте раствориле сина боја за вапсување. Од сварените јајца отстранете ја газата или ткаенината и ќе добиете јајца со различни шари, а нијансите на сината боја ќе се движат од најсветли до темносини тонови.
v-jajca02.jpg

Сликани јајца
Исцртувањето со водени боички и туш, па потоа премачкување со безбоен лак е техника која ќе ви овозможи белото јајце да се претвори во вистинско ремек дело.
Оние помалку стрпливите најчесто се определуваат за шарање со лепливи сликички и апликации во различни дезени.
Најмладите ќе бидат најсреќни доколку им овозможите јајцата да ги сликаат со разнобојни фломастери, изработени од бои кои не се штетни.
01.jpg

Јајца со ѕвездички

Исечете мали ѕвездички, крукчиња или други фигури од самолеплива хартија или купете готови оформени налепници. Залепете ги врз претходно сварено јајце и потопете гo во боја.
Кога јајцето ќе ја добие бојата што ја посакувате, извадете го и оставете го да се исуши. Потоа отстранете ги налепниците и премачкајте го јајцето со масло.
Ако остане дел од лепилото, маслото ќе ви помогне да го отстраните.

03.jpg

Јајца украсени со ливчиња
Земете лист од нане, од јагоди или од растение по ваш избор и поставете го врз јајцето. Потоа јајцето ставете го во најлон чорап и убаво врзете го чорапот за листот да не може да се поместува. Потопете го јајцето во бојата и откако ќе ја добие посакуваната нијанса, извадете го.
Веднаш отстранете ги чорапот и ливчето. Оставете го јајцето да се исуши.

01.jpg

Од самолеплива хартија исечете колку што можете повеќе мали крукчиња во различни бои. Потоа со нивна помош оформувајте фигури.
Доколку не успевате да ја залепите хартијата, искористете лепило. Во секој случај, многу е важно јајцето да биде ладно.
Не се ограничувајте. Колку пошарено, толку подобро.
 

Прикачувања

  • Photo-0068.jpg
    Photo-0068.jpg
    120.4 KB · Прегледи: 9

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
05.jpg

За да направите весели шарени јајца, потребни ви се темперни бои или течна боја за јајца. Најлесно е прво да ги вапсате јајцата, а потоа да ги украсувате. Може и целосно да ги избоите со темперни бои, но тоа одзема многу време. Пред да започнете да ги цртате украсите, многу е важно јајцето да биде ладно и бојата исушена.
За да нацртате мали цветчиња, употребете чепкалка за заби. Едниот крај натопете го во бојата и исцртувајте врз јајцето мали ливчиња.
За да го направите јајцето со големи точки, најлесно е да употребите молив со гума. Натопете ја гумата во бојата и нежно нанесувајте точки на јајцето.
Не е потребно да се обидувате да добиете правилни форми.
08.jpg

Доколку не сакате да се занимавате со вапсување или бојадисување, најлесен начин да направите шарени јајца е со салфетка. Земете една шарена салфетка и исечете од неа неколку квадратчиња.
Премачкајте го јајцето со лепило и потоа едно по едно лепете ги парчињата салфетка. Доколку ви останува празен простор помеѓу нив, пополнете го со тенки лентички од салфетката. Со помош на прстите добро лепете ја салфетката за да не остане насобрана.
Ако салфетката е двослојна, употребете го само едниот слој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Hexasto

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Епа домаќинки споделете го вашето искуство со фарбање и украсување на јајца.

Јас секоја година и помагам на мајка ми, дури поголемиот дел од фарбањето ми припаѓа на мене, интересно ми е кога ги шарам , украсувам... до сега не правев некои посебни шари, правев од оние со кристали и со бои во епрувети, со сликички на пареа , со ливчиња во хулахопки и обични сликички, а оваа година сакам да пробам од овие со салфетките и нешто вака:0.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Конечно тема. (happy)
Дома мам ги вапца, јас секако помагам. Веќе неколку години по ред ги правиме вака:
се раствараат бои, оние од капсули што се и на салфетка се капнува од секоја боја. Јајцето се увиткува во салфетката и така птребада стои некое време, одвиткајте од салфетката и ќе имате шарено Велигденско јајце. Преска ги најдов сликите, но во вој ПЦ ги нема, утре ќе ставам.

А едната баба традиционално црвени без шари, а другата со шари од листови. А лани некој од мојот град имаше објавено слики што цртала со восок, ептен беа убави. Јас само ги шарам и се к‘цкам со другите, не јадам варени јајца. :)
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Па мајками вапса. Не сака мене да ме мачи, само да гледам да научам нешто.
Мислам таа ги вапса така што јајцата светат во различни бои, лани и беа прекрасни дури сакав да си направам нивна колекција. Секоја година има по некои нови светкави јајца, кај и да ги носам сите не прашуваат како сме ги правеле. Само мајками ја знае тајната.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Па мајками вапса. Не сака мене да ме мачи, само да гледам да научам нешто.
Мислам таа ги вапса така што јајцата светат во различни бои, лани и беа прекрасни дури сакав да си направам нивна колекција. Секоја година има по некои нови светкави јајца, кај и да ги носам сите не прашуваат како сме ги правеле. Само мајками ја знае тајната.
A на форумските другарчиња мајка ти ќе ни ја каже тајната? :rolleyes: