Велигденски пост

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Велигденски пости
cb938ec29c932d10ca097d452e7d9ca8.gif
Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

Ефтим Спространов забележал дека во Охрид во втората половина на минатиот век целата оваа недела по Прочка се викала Чиста Недела и секој ден одделно: Чист Понеделник, Чист Вторник итн. Понабожните три дена ништо не јаделе, а во средата оделе во црква каде што земале светена вода “наезмо“, а потоа дома приредувале гозба со посна храна на која ги канеле роднините и пријателите.

Велигденски пости
За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.

Во средата, кај оној што ги "држел" тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав - компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота - Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

За празниците Благоец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

arms-MPC.jpg
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Не сум постела, ни па со ниет сум за скора иднина. Нека горам во пеколот...

Иначе пост почитувам само заради физичко прочистување на организмот, и челичење на личната издржливост...
А она, ако постиш дедо Боже ќе ти ги прости гревовите ми е смешно ко фацата на Лесли Нилсен.
И од таквите постачи искрена да бидам ми се стежува во мешето...

Добрината на човекот, почитувањето на вистинските вредности не се ценат со твоето две-три неделно нејадење месо.
Ама добро, секој за себе...
 

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
Јас постам само на оние што се главните постови инаку сега на овој велигденскиот не постам
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
постам веќе 3 години по ред, и божиќен и велигденски пост, интересно е а и ич не ми е тешко да се откажам од чоколадото и млечните продукти, а месото не постои во мојата исхрана:cool:
 

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Јас сметам дека за време на постењето не треба да се откажеш од некој си видови храна него да јадеш од се тоа што сакаш ама во мн. мало количество. А и не се пости со храната него со душата.. Тешко е да се прати еден посто онака баш правилно.
 

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
Јас сметам дека за време на постењето не треба да се откажеш од некој си видови храна него да јадеш од се тоа што сакаш ама во мн. мало количество. А и не се пости со храната него со душата.. Тешко е да се прати еден посто онака баш правилно.
имаш две крила на постење еден ти е со воздржување од јадење а друг со молитва и чисти мисли, и двете се потребни за да биде правилен постот.
Инаку има правило за велигденскиот пост се пости од пон и петок без зејтин а сабота и недла со зејтин.

да се надополнам, Риба и вино се дозволени на Цветници и Благовец ( благовештение )
на Младенци е дозволено јадење со зејтин.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Имам желба да постам цел Велигденски пост,ама никако да се решам :trepka
Така да,секоја година ја постам последната недела пред Велигден.