Вдомени животни

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Што мислите околу вдомување животни и колку сте за или против? Познавам луѓе што преферираат животното да е строго од одгледувачница,со “аристократско потекло“ и со документи, додека пак, љубовта кон животните не бара документ,туку грижа кон нив.
Моментално имам мачор, кој го најдов на улица уште летото. Двете очи му беа затворени и којзнае кај имаше скитано,слаб прегладен и двете очи не му беа отворени поради некоја инфекција.Отприлика старост имаше околу месец и пол,незнам дали некој го фрлил или зашетал,го зедов еден месец се рехабилитираше,со цуцли витамини храни за мачки и што уште не, па сега неможе човек ни да го препознае дека е истиот мачор што го зедов.За еден месец се среди. Инаку мислам оти сеуште постои глупаво суеверие меѓу народот за црни мачки, често пати наоѓам или труени или мали фрлени црни мачиња.
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103

Имам мачор што татко ми го нашол пред некој влез на зграда, напуштено, некој чат пат му фрлало за јадење. И го зеде да си го чуваме машала година и пол е мечка станат сега :giggle Исто кученце Алф што другарка го вдоми пред 2 години преку Здружението за спас на животни, и е кукла. Не ги оправдувам тие што ги купуваат животните, но секој има свое право нели? Познавам некои што вдомиле животни убави кучиња само за на фб да се испофалат
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сите животињи (непознат број мачки и еден пес) кои сум ги чувал биле екс-улични или нивен пород, не ја гледам предноста во чување на расни мачки, си израснаа баш `рурални` и си ловеа стаорци и остали штетници.
А за кучињата не знам, мора да има нешто во расата, овие скитниците/мелези делуваат грозоморно и не премногу интелигентно...
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
За вдомувањето на животни имав доста пишувано и во Црнобело3
јас имам вдомено куче и премногу го сакам
топло им препорачувам на сите оние кои имаат услови да вдомат куче или маче затоа што со секое вдомување се спасува еден живот

секое второ животно кое е соберено од шинтерите и однесено во стационарот вардариште
завршува со смрт односно живо ќе биде запалено или ќе биде успиено
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Минатиот месец вдомив четири мали мачиња. Се враќавме со син ми од школо и го видовме мачето. Ни беше жал да седи надвор толку мало и го земавме. По пат пред зграда слушнавме како друго мало маче тажно мјаука заглавено во шахта, па го земавме и него. Третото го најдов качено на дрво, бараше помош за да се симне доле. Го вдомив бидејки ептен беше бебенце. Четвртото беше болно, ми го дадоа едни девојчиња за да го причувам дур е на терапија. Го задржав и после терапијата, ама за жал не оздраве и почина :(.
Исто така тој период и вдомив една мала пштица -гугутка, ја најдов падната од гнездото, деца ја шутираа... Ги преживеа повредите и порасна, но потоа се разболе од наследна болест, закаснивме малку со лечењето и ја изгубивме и нејзе.
Многу ми е тешко да одминам мали животинчиња што немаат дом. Иако имам и лоши искуства, дел од нив починале, некои ни пренесувале габички, болви... некои не успеале да се навикнат на живот во затворен простор...
Мислам дека секој може да вдоми милениче од улица, барем привремено во текот на зимата или додека да подпораснат. Тие не бараат многу. Се задоволуваат со малку храна, малку простор, малку грижа за нивното здравје и многу љубов, а за возврат добиваме непроценливи моменти богати со убави емоции и искрени насмевки на лицата. Добиваме верни другари кои целосно ни веруваат и на кои можеме целосно да им веруваме.
 
Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Сите животињи (непознат број мачки и еден пес) кои сум ги чувал биле екс-улични или нивен пород, не ја гледам предноста во чување на расни мачки, си израснаа баш `рурални` и си ловеа стаорци и остали штетници.
А за кучињата не знам, мора да има нешто во расата, овие скитниците/мелези делуваат грозоморно и не премногу интелигентно...

Исто е како со кучињата.Расните мачки се чисти потомци на нивната раса,додека уличните се апсолутен коктел.Неправилно распоредени бои,лоша физиономија, на пример персиските мачки имаат кратки нозе, а се подолги, кај уличниве мачки изгледот им е како на кловн. Без разлика што се такви “фалшиви“ родени пак е живо суштетво и човечноста тука работа.
Друга побитна работа во купувањето на расна домашна мачка/куче е што имаш увид дали има некои наследни болести,знаеш дека го земаш здраво и зависно од расата е целосен приказ на истата. Уличните секогаш носат еден тон болести со нив и ако не се третираат правилно или не го ставиш во карантин ризикуваш истите да се пренесуваат, најчесто 99 % од уличните мачки што ловат инсекти,глувци се хранат по контењери се преносители на паразити и други болести.
 
Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Многу ми е тешко да одминам мали животинчиња што немаат дом. Иако имам и лоши искуства, дел од нив починале, некои ни пренесувале габички, болви... некои не успеале да се навикнат на живот во затворен простор...
Мислам дека секој може да вдоми милениче од улица, барем привремено во текот на зимата или додека да подпораснат. Тие не бараат многу. Се задоволуваат со малку храна, малку простор, малку грижа за нивното здравје и многу љубов, а за возврат добиваме непроценливи моменти богати со убави емоции и искрени насмевки на лицата. Добиваме верни другари кои целосно ни веруваат и на кои можеме целосно да им веруваме.

Затоа е потребна голема човечност и да се биде љубител на природата, кога човек посвојува маче од улица кое повеќе личи на кловн заради измешаните гени,и е потенцијален преносител на разни зарази. Нема ништо лошо во вдомувањето животни,само секогаш треба да бидат ставени во карантин, било некоја соба на која подот лесно се мие или ако нудат условите нешто како кафез во ветеринарните станици за рехабилитација. Тука се задржува додека не се прочисти од внатрешни паразити што најчесто ги имаат тении глисти и што уште не им шета внатре,и надворешни паразити крлежи болви,шуга и разни габи. Истите лесно се пренесуваат на човек,затоа се бара добра хигиена и е многу потребен овој “рехабилитационен третман“ пред да се пушти мачката да шета во домот.
Има неколку случаеви каде од галење мачка улична една личност,добива шуга и истата се пренесува низ целото семејство,затоа сака и внимавање.

Уличните мачки/кучиња секогаш ќе имаат “слободен карактер“ т.е нема никогаш да се привикнат во затворен простор,можно е дури да ја одбегаваат храната купена од продавница и да јадат по канти, и секогаш ќе го имаат ловниот инстикт ако е мачка да фаќа птици/инсекти/глувци со што потенцијално - пак се заразува со паразити или преносни болести. Најчесто јас кога имам вдомена мачка (кучиња никогаш не сум чувал) заради нивниот карактер почесто е надвор и живее послободен стил а поретко дома. Кога сум чувал сијамки земени од легло незнаеле што е надвор ниту имале потреба.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Исто е како со кучињата.Расните мачки се чисти потомци на нивната раса,додека уличните се апсолутен коктел.Неправилно распоредени бои,лоша физиономија, на пример персиските мачки имаат кратки нозе, а се подолги, кај уличниве мачки изгледот им е како на кловн. Без разлика што се такви “фалшиви“ родени пак е живо суштетво и човечноста тука работа.
Друга побитна работа во купувањето на расна домашна мачка/куче е што имаш увид дали има некои наследни болести,знаеш дека го земаш здраво и зависно од расата е целосен приказ на истата. Уличните секогаш носат еден тон болести со нив и ако не се третираат правилно или не го ставиш во карантин ризикуваш истите да се пренесуваат, најчесто 99 % од уличните мачки што ловат инсекти,глувци се хранат по контењери се преносители на паразити и други болести.

Не е тоа некој проблем, екс-уличните мачки и нивното потомство си развиваат извесен карактер, барем во мачешка смисла на зборот :cool:
Не сум поборник на чување маче како украс или играчка, тоа е негирање на неговата природа и ускратување на сите особини кои го прават тоа што е, болви и крлежи included, никогаш не сум чувал заточена мачка, па капење, тинтрање, кастрации и слични лудила, секогаш мачките си беа повеќе на границата на домот отколку во самиот дом, ако влезат 10-15 минути и после им здосадуваше и си излегуваа. Мачките се снаоѓаат и во урбани и во рурални услови, сами се грижат за себе и не се досадни :)
Еднаш имав расна мачка, сива скроз не знам од каде се појави и не знаев дека е расна, покасно на интернет најдов дека имало таква раса под име Russian Blue.

Не можам да сфатам како може некој да тврди дека сака животно а да му ги сече тестисите на пример, мислам WTF...(facepalm) тоа е социопатија а не израз на љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and malo

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Не можам да сфатам како може некој да тврди дека сака животно а да му ги сече тестисите на пример, мислам WTF...(facepalm) тоа е социопатија а не израз на љубов.
И докторот сака луѓе,али кога има потреба ги отвора,расклопува монитира нови делови исто како во кола. Колку и да звучи грозно од ветеринарен аспект стерилизацијата кај домашните миленици е многу потребна. Баш доколку се чува мачката како начинот што го опиша, слободно живее шета е потребна стерилизација,се намалува бројот на улични мачки, се намалуваат шансите за пренесување зарази од мачка на мачка и најмногу им е потребна на оние кои живеат во стан а чуваат мачка. Тука мачката е осудена да изведи банџи џампинг кога ќе дојди сезоната за парење, стануваат неподносливи тогаш играат хормоните па по дома е доста незгодна особено кај мачорите. Го кастрираш,мирна глава дури е жив. Освен ако има некој најдено друга мачка за парење па секоја потреба на мачорот се носи да се пари,али после тоа пак треба да прима одредени инекции за намалување на потребата за парење,оти како луѓето,еднаш ќе му се бендиса, нема крај:)
 
Има разлика, ампутација поради здравтвени тегоби е едно, но кастрација за да на власникот на мачорот му биде поудобно е сосема друго, чисто зло. За кој онда qwr чува мачор, нека си купи плишана играчка од продавница, мачорот е живо битие. За да му била мирна глава на газдата - сечење јајца(facepalm)
Сум чувал бајаги мачори уште од мали нозе и никогаш ниеден не бил кастриран па ете никаква болест не донесоа.
Ако немаат јајца се дебелат енормно, пасивни се и стануваат приглупи, имам видено нажалост, ужас...