Вашето второ јас - совест или multiple personality?

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Ок сите знаеме дека постои, но дали е тоа Вашата совест, како штурчето од Пинокио или е Вашиот двоен индендитет со кој функционирате одделно во специфични ситуации?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dr.Gonzo and melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Совест, логика, разум.
Кратко и јасно затоа што се прават некогаш непромислени ситуации за да отпосле моето алтер его почне да ми мава ластици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112 and kones

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Тоа е поделеноста на нашиот разум, свесен и несвесен дел, еден кој ја согледува реалноста и вистината, еден кој мисли разумно и еден друг дел кој мечтае, фантазира и не ја прифаќа реалноста.
Мислам дека Едгар Алан По во Гарванот добро го има разработено овој мост меѓу јас и моето второ јас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
DID - Dissociative identity disorder или пак мултипле персоналити ти е различно од совеста, односно од второто јас.
Согласувам се со претходниот пост, каде имаме свесен и несвесен дел, каде што некогаш несвесниот дел повеќе преовладува и не ги согледуваш работите на вистинскиот, односно така кажано реалниот начин. Некогаш свесното ти ја поставува ситуацијата на тај начин за да реагираш различно и после да се чудеш што си праел :)
Додека, ова другото ДИД ти е веќе пореметување, слично нешто на шизофренија..
А може да го имаш и тоа и тоа, макар што ќе се изгубеш во сите твои карактери :giggle
Бај д веј, мене ми е многу интересно да истражувам таква личност што има Multiple Personality Disorder :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Dr.Gonzo

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Мислам дека нема што да се мистифицира Совеста и да се замислува како некое човече, ѓаволче и сл.
Совеста е еден од подсистемите на Суперегото кое е пак еден од системите на личноста, покрај Ид-то и Его-то (види Фројд).
Се создава во периодот на детството. Кај некои може и да не се создаде или само малку, а тоа зависи колку и како ве воспитувале родителите/старателите.
Супер егото се создава преку награди и казни од родителите и околината. Се што е неприфатливо и поради што не казнувале настојува да се вкорени во Совеста, а се што ни одобрувале и не наградувале настојувало да се вкорени во Јас-Идеал-от, вториот подсистем на Супер Егото. Совеста ја казнува личноста така што ја наведува да чувствува вина, а Јас-Идеалот ја наградува така што ја наведува да чувствува гордост.
Совеста е внатрешен морален судија и е општествен аспект на личноста.
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
често сум непредвидлива,спонтана,природна
и ми се свиѓа
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Сметам дека целата наша личност/карактер и изградена од повеќе разни емоции, чувства, навики, влијаниа. Значи целата таа комплексна структура е збир од повеќе делови. Ние не само шо имаме 2 личности , туку дури и повеќе ( не го сфаќајте ова буквално). Сакам да кажам дека ние сме такви суштества шо секогаш учиме да се прилагодиме на ситуацијата и во зависност од неа ние го менуваме својот начин на однесување. Дволичноста како поим е најмногу застапен бидејќи во главно се забележуваат две спротивни сили/нагони во самите нас. Затоа и секој хороскопски знак си има свој подзнак, тоа луѓето одамна го размислувале. Пример мојот знак (рак) и подзнак (јарец) се два сосема различни знака. Интересно е што навистина гледам некоја сличност со мојот начин на однесување. Вообичаено секој од нас ја покажува добрата и смирената страна во јавност, а во него лежи и гнев или доза на хиперакција која на моменти излегува на површина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Нема да филозофирам шо и како окулу совеста и ке си кажам јасно и гласно. Јас имам двоен идентите или двајца скрос различни заглавени во едно тело. Заебана работа т ие тоа.. Едниот е сонувач. верува дека на луѓето може да и мсе верува. уствари не верува туку знае дека луѓето се добри и дека се доверливи и е тежок пацифист... Другот Рубин во мене е еден смирен и разумен тип. Интелегентен у курац (овај првиот Рубин е тапа чоек , глуп ко тркало), филозоф, боем и све остало.. Арно ама често знае мирно у културно да отера некого у курац. Толку жустро избувнува па е заебан тип не се чепкајте со него ... И то ме мрз ида пишам се уклучва другио рубин ..И да ви кажам тешко е да живееш со двајца заебани типови во себе ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јас мислам дека во овој случај се рабпти за совеста и за разумот..
Често ми се случува да стојам во средина измеѓу две решенија..и тешко се одлучувам,да или не,да или не.ова или она.горе или доле...можеби затоа што сум терезија..
Во последно време одлучувам спонтано,ги следам чувствата што се раѓаат во моментот кога треба да се донесе одлука,и тогаш одлучувам правилно,не дозволувам мислите да ме растргаат на милион делчиња,.
Разумот знае да биде егоистичен,а совеста е чиста...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ок сите знаеме дека постои, но дали е тоа Вашата совест, како штурчето од Пинокио или е Вашиот двоен индендитет со кој функционирате одделно во специфични ситуации?
Зависи...
Ако се работи за двоен идентитет во тој случај ќе се појават и дополнителни симптоми кои ќе бидат забележани од другите...
Во нормални околности( при чиста свест) гласовите кои се наметнуваат со цел да не заплашат велат не биле наши и јас верувам во тоа, а гласовите кои не охрабруваат и прават се за да го зачуваат нашето достоинство, гласовите кои бараат од нас да се преслушаме повторно со цел да го пронајдене патот до нашата среќа... тоа можеш да го наречеш совест, над јас, супер его, божји глас, гласот на твоето вистинско и чисто јас... зависи од филмот кој го тераш.