1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ваша поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. İncognito

    İncognito Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,756
    (не) Постои

    (не) Постои рана која не се лекува со нова љубов,
    како што ветрот е црвен во секоја квечерина,
    за да станеш апсолутен почетник во старата добра мугра.
    (не) Постои доволно оштар нож кој би го оживеал уморот кој го носам во очиве,
    ко што сум ебено стар да би почнал барем нешто од почеток.
    (не) Постои допир со кој би го слушнал зреењето на ноќта,
    длабоко заглавена во аортите на
    згазените усни,
    од чии бакнежи се опивам сонлив,
    без парче грутка немирна,
    во дивите корени на виното кое истекува од дланките на повредените ангели,
    кои танцуваат на небото до колена,
    извалкани со црна смрт,
    од која цветаат недостижните и вечните,
    крштевани со здивот на неискажаните,
    едно не менува сѐ,
    зарем не?
     
  2. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    756
    Допаѓања:
    1,282
    Длабочина без ноќ, под прелетаното небо,
    празнина без часови, каде што животот е живот,
    топли пердуви бегаат од празни канџи,
    и сонцето чука и праќа златни бранови, но никогаш пулсирања.
    Таму, таму каде облаците се тркалаат,
    се игнорираат смртниците,
    победува морето кое не е крв.
    Зелено или лудило,
    она што се издига над сите со своите широки крилја...
    Раката не постои, но се вклопува во небото слепо,
    со тупаница која плаче од сувите ѕидови.
     
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    756
    Допаѓања:
    1,282
    Ноќ,
    свежа летна ноќ,
    месечината заплови, ѕвездата потона,
    на ноќното небо, покриено со шупливи капаци,
    нема ништо освен болка,
    зошто постои сеќавање, осаменост и заборав.
    Ноќ,
    ми велиш млада сум и постојам,
    месечината падна во водата,
    езерото се затвори и сјае зелено,
    брановите се тивки,
    пената исто,
    како тажна тупаница,
    ги зграпчува мртвите и им објаснува,
    ги тресе, ги удира од карпите и ги распрснува.
    Сеуште се мртви,
    се шират и покриваат
    и не прават бучава.
    Ноќ,
    речиси совршена,
    не знам зошто пишувам,
    зборовите ме ужаснуваат,
    не знам од каде доаѓаат,
    не знам дали заминуваат,
    не знам зошто сум им верна,
    не сум поет,
    тие песни кои се пишуваат со ветрот,
    доаѓаат кога сѐ ќе ти одземат...
    После тоа што се случи
    не сакам да гледам во огледало,
    ни во луѓе,
    не умеам да се молам со шепот,
    а ни гласно,
    после тоа,
    од верба останаа неколку зрна од бројаница,
    од сон неколку таблети,
    после тоа,
    не помнам за што служи телото,
    се плашам да бидам сакана,
    после тоа,
    не користам допир.
     

Сподели: