Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кога душата ти е заспана,
не ќе ја разбуди ниту едно глуварче занесено од ветрот кој не запира,
ниту огнот не сака да те допре,
кога крвта ти е заледена,
а има денови кога сакаш барем љубовта да ја напишеш со зборови,
но не ти даваат белите ѕвездени одари,
толку многу има во срцето железно,
што го носиш изворно,
но гори тоа со небото што гасне завршувајќи во челуста на ноќта,
а трошка човечност се сокрива во твоите дланките раширени,
јаловат тие во црвенилото на булките несреќни,
со усвитените ребра кои беа некогаш полни со стихови,
а сега ѕвонат само километри под нозете тегобни,
газејќи ја таа тајна отровна,
одродена,
што не се сокрива,
но кој да ја чуе,
ноншалантно да ја разбуди нова,
да ѝ каже,
дека вчера не било никогаш,
ниту сега,
кога во себе умира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Почини немирна душо,
не блуди во полноќта бледа,
ниту зелените крошни ќе дознаат,
за твоите гранки ветрот што ги крши,
ниту самракот син ќе дознае,
за твоите црни облаци од бури притаени.
Почини немирна душо,
без страв од неизвесноста на падот,
дарувај ги твојте очи на приземната тишина,
кому се потребни такви,
после сите бури,
празни се,
празни како градите,
после сите празни зборови,
од овде до вечноста,
која не успеа да ја заслужиш,
со љубовта недоволна.
Почини немирна душо,
и не прашувај се,
колку чини ноќта во која ништо не боли...
само капка од вените е доволна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Има еден лик во мојот живот кој многу го сакам,
многу е бунтовен,
постојано ме критикува,
се однесува како да ми е бог,
на фототапет ги лепи сите мои мани и пороци,
душата ми ја одзема,
па ми ја враќа,
се трудам да ја сфатам ама никако не ми оди,
а таа доаѓа ко плима сонлива да ме разбуди интересно.
Кога сакам да сум сам таа ко облак кружи и не ми дава мир со мислите мои ко да се нејзини,
ќе заврне намерно да ги избрише така лесно ко пот на чело со рака.
Кога сакам да си ја видам сенката моја, таа ќе се потурне до неа да биде наша.
Ме нервира секогаш кога сакам да не бидам сакан и секогаш ќе најде изговор кој не ми се допаѓа.
Понекогаш сака да ми нанесе лесни телесни повреди кога забегувам таму горе, најгоре кај што не може да ме допре,
но сепак и тогаш знам да ја сакам.
Кога небото беше најтемно таа ги воскресна сите ѕвезди и ми го донесе совршениот оган на прометеј врз дланкиве,
да запишам уште еден живот во мене, за неа, се потруди и успеа.
Жив сум со неа, не две години колку минаа откако се спријателивме, туку две илјади години,
а таа сеуште ме клоца босонога и ја трпам,
само затоа што не ме продаде ко љубов ефтина,
само затоа што е посебна,
горчлива и едноставна,
како мене.
Има еден лик во мојот живот кој со него почна се од почеток,
почеток крај што нема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Би сакал да ти напишам сонет,
од твоите усни обоен,
кога би ми се насмеала барем еднаш, а да не ме презираш,
би се откажал од минатото,
доколку ми ги покажеш несошиените места на твоето распукано срце,
така откажан од себе,
ќе најдам начин да повторно станеме ние,
кога би ме допрела со твоите студени прсти, барем еднаш,
без да ми ги покажеш сите твои лутања и страдања,
кога ќе станеш чувар на моето тихување, ќе се заљубам повторно во тебе,
а мојот поглед ќе стане предворје на смртта,
чезнејќи за истиот сон кој го газиш жедна со чекори боси,
шепотејќи ги овие стихови,
кои стихови не се,
само збунети зборови кои ги исфрла душава врз докот на ноќта,
моја и твоја,
која го дели мојот здив блед со твојот млад и полн со оган,
од кој крвта ми гори,
после безброј умирања и жигосани тела,
кои некогаш ги носев,
со кои некогаш те просев,
да би те допрел сега со сите нив,
нов во времето кое стои,
под искинатото небо и ѕвездите кои клечат покорно до бескрај,
стравувајќи дека нема да го исполнам сето она што со тишината ти го зборам,
во прашината напоена со планинската роса,
која некако ја лекуваат непреболената љубов,
посакувајќи го вкусот на твоите усни и рамења,
посакувајќи те моја и ничија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Just Smile

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ги разбудив сите летни и пролетни дождови
со нејзината полноќна зародиш,
нечујно го измив утрото со нив,
а душата со памук ја натопив,
наеднаш во очиве се излија,
печат како солта од морето,
туѓо тело во сопственото,
два кладенци пресушени,
до два океана разбранети,
ги пуштив,
со нив се ослободив,
сложувалката од чувства
ја урамив во срцево,
па здив од воздив се раздели,
коска од месо се оддели,
а крвта тешка не капнува,
и стварно не знам дали боли,
или само некоја прашина од минатото
ми ги руси очиве,
но сепак уживам гледајќи ја цикламата под нозете
како се издига од земјата поросена,
чиј цвет на пролетен дожд мириса,
месечев,
под првиот зрак сончев, овенат,
сеуште чувствувајќи ги снегулките на лицево.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не, јас не ти кажав сѐ,
минуваат деновите,
со студени стапала врз перницата во која заспивам,
а пролетта златно жолто ѕирка низ сивите ролетни,
топло допирајќи ме уморен од постојаните бегања од себе,
од тебе, од нас,
не,
јас не сум побожен,
но сепак велам,
боже колку те љубам,
но твоите раце прегрнуваат туѓо грло,
а тоа не е мојата песна во него,
тоа не си ти,
во себе,
во мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Впиј ја ноќта, како да ќе нема друга,
вдиши ја ноќта, пробивајќи се меѓу ребрата на ѕвездите,
испиши песна, на кожата што ти е најблиску,
никој не ќе умее да ја прочита,
само тебе ќе те потсети секогаш,
на еден сон,
на еден дом,
на постојаната борба меѓу огнот и дождот.
Нешто ќе ти биде премногу,
нешто ќе ти недостига,
не сакам кога зборуваш за провалијата меѓу зборовите и надежта,
не сме дораснати да скокнеме во неа,
ние во целост сме прозрачни капки на илузијата,
не сакам кога зборуваш за стравот што ни го следи чекорот,
нам ни е омилено губењето на правите патеки.
Зборувај ми,
со тие капки кои удираат по парапетот,
да знам дека секоја капка е твој бакнеж.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Течеа две реки во неа,
едната топла ко рана пролет,
другата пенлива ко море со бранови диви,
постоеа две очи,
што во срцето небесно ѝ ѕвонеа со заборавени ѕвезди,
сосем случајно прелетани врз нејзиното лице со насмевка,
што од сон се буди,
постоеше една силуета на бледата клупа ослепена од попладневното сонце со скршени крилја,
никој не знаеше дека во контурите нејзини не е сама,
никој не знаеше до смртта на квечерината,
пред да истече нејзината сенка во ноќта и ја осветли бисерната месечина,
течеа две реки во неа,
едната со неа,
другата без неа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Пијано време,
не може да најде пат до место на кое би застанал.
И повторно се претвораш себе во некој друг,
иако тој другиот не сака да биде со тебе.
Колку илјади листови си имал под стапалата?
Колку илјади зборови?
Стихови, кои ослободуваат пеперутки и светулки,
како да велиш: Допиши тоа што не сум напишал.
Не сум поет затворен во кафез од своите зборови,
нема да навлекувам завеси од стихови врз она што е толку блиско,
не сакам да врзувам стихови
нежно избегнувајќи ја невидливата прегратка на светот,
само сакам со некажаното меѓу речениците да го изразам погледот кон тебе.
Само ти знаеш дека секоја солза го менува обликот на светот
Велиш: Ги заборавив зборовите,
ја заборавив магијата,
заборавив да сонувам.
А сепак те мами мирисот на цветањето - разговори во боја,
а сепак ја следиш играта на ветрот и боровите - умешност да се слушне допирот,
а сепак го сакаш дождот од цветови на дрвјата - сонување со долгите прсти на бесконечноста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Зборови

Зборови демонски недостигаат,
зборови ко априлска шега се бунтуваат,
зборови послушни што никој не ги допира,
во овој свет кој е само илузија,
заборавена меѓу првиот и последниот здив,
ко бран што не го познава својот брег,
зборови потребни,
некогаш носеа срце во градиве,
сега веќе не знам што се,
добро,
такви нека бидат,
секако ми значат,
дочекани со бегалецот заразен од самогласки,
кои песна пеат,
заколнати под бремето на тагата,
што не го дочека своето раѓање,
како што сѐ е минливо и потрошно,
во душите на живите кај што сонцето заоѓа,
зборови дозволени,
пред немите ѕвезди,
после толку обиди,
болат,
ко непреболена љубов,
од скапоцен ѓердан,
издлабен од босите копнежи,
кои заспиваат во огнот на дивите булки.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*