1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ваша поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. İncognito

    İncognito Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,756
    Носталгија

    Под тоа сонце големо,
    утрини росни будеа некогаш земја црна,
    од човечки жили оплодена,
    со распрскани алегории на небото,
    запишани тајно со мастилата на едни очи.
    Под тој дожд ситен,
    ги живеев најубавите ноќи,
    со сребрени ѕвезди занемени,
    го заспивав срцето со рациновите стихови и некои меки прсти случајно сретнати,
    во тој град,
    мојата лулка,
    во која не се занишав седум години,
    затоа што знам дека никогаш не ќе бие исто,
    никогаш,
    ќе остане само зашиена пукнатина на една свечена носталгија.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    756
    Допаѓања:
    1,282
    Кога би можела да ги изумам
    тие навреди,
    полесно би било,
    но тие тука се,
    тие будни се и во сонот,
    живи се,
    и зошто тогаш тие желби,
    и зошто благост во погледот?
    Колку и да те копнеам
    јас се ледам,
    сакам да одам сама,
    не сакам ноќта со ѕвезди да ме опсипува,
    ме опијанува,
    скриена мисла очите ми ги окрилува,
    да бидеш тука,
    радост ми треба.
     
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  3. İncognito

    İncognito Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,756
    Ко вчера

    Денот минува со сенките на ветрот,
    ко вчера,
    и не ветува ништо ново,
    ги бројам скалите на јавето во него,
    уморни се и заспани,
    сонат,
    воздухот мириса на тажни луѓе,
    дур небото ги менува боите
    ко вчера,
    погледот од балконот ист е,
    помислив да се спакувам и да отидам,
    а каде,
    кому сум потребен,
    се будам скршен,
    ко вчера,
    дур не се сетам на утрото,
    и тој тмурен ден по него,
    кој некогаш беше вчера,
    би можел да напишам љубовни стихови,
    да превијам една рана,
    но се плашам,
    ќе биде таа скроена ко вчера,
    а мене уште ме боли,
    денес и сега.
     
  4. İncognito

    İncognito Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,756
    Често препознавам во себе некој кој ми е драг,
    некој кој го познавам и не го познавам,
    а и некој заробен во овој јануарски праг,
    но тој некој не престана никогаш да ја измислува љубовта,
    млада,
    што ѕвездите ги грее вечно таква,
    и во белината на снегот капка крв остави,
    да трепери во ноќта,
    да гори со неа,
    во кандилото за нечија залутана душа,
    од зло скршена,
    од гревот да се биде човек,
    само човек.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    756
    Допаѓања:
    1,282
    О, ѕвезди, наши предци сте вие,
    колку непозната светлост дреме,
    во сенката надгробна глува,
    колку копнеж и пепел се збрани
    во срцата под земјата,
    во прегратка што траат постојани.

    Нема во овој почин ништо грубо,
    ни зеници кои бегаат кон залезот свој,
    ни покривот кобен што се става..
    Ни збор за таа мака,
    да дишам уште малку,
    од нашиот восхит
    до смртта што ме сака.

    О, ѕвезди, ве разбирам и сфаќам,
    во бескрајот темен ви трепка сјајот,
    болна нежност во вас се крие,
    исти сте како сите души вие.

    Нема во овој почин ништо грубо,
    само тихост на солзи врели,
    успана е болката во лулка од рани,
    остави ја душо, паѓа во тмајот и вака и така,
    и онака само спокој сака.

    Не е важно, Љубов,
    нека сме во спокој стопени,
    под покровите бели,
    успана е желбата и чиста,
    мечтата за љубов,
    со смртта е душо иста.
     
    На İncognito и violetmoon им се допаѓа ова.
  6. İncognito

    İncognito Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,756
    Врз плеќите на зимата недоречена,
    погодувам зборови кои најдобро би ме опишале во неа,
    да најдам починка за сѐ што ќе помислам,
    покрај димот и виното ми тоне погледот уморен,
    уште колку прашува,
    да е некоја желба барем му велам,
    да е некој дожд да истури страховито,
    па да ми ги скрши сите коски,
    да ме издроби од снег поситен,
    ќе преживееш и тогаш ти,
    лесно ти е на тебе со очиве,
    се нагледа векови,
    па сега ти е досадно и тешко,
    и прашуваш уште колку,
    епа ќе почекаш за некој нов живот,
    а дотогаш остани проклет,
    каков што си,
    во уште една умрена ноќ.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    756
    Допаѓања:
    1,282
    И зошто сега не можам да го зауздам моето лутање,
    низ страниците на една книга од илјада сни?
    Мистеријо, зарем не ми ги подари со иронија магична,
    и слухот и погледот?
    Да разберам што не слушам,
    да видам што не гледам,
    можам ли, поштедена од горчината на бдеењето
    врз украдените моменти
    да уживам среде блесокот на убавината,
    на едни усни од чии рабови тивко пијанство истекува,
    како што можам да читам од истите усни глуво,
    без да ги имам за свои?
    Ако гласот негов никогаш нема до мене да стигне,
    за што ми биле тогаш и слухот и погледот?
    Требаше ова тело одамна да го балсамираат во полуденото,
    плотта и крвта да траат вечно,
    под надојдениот дожд
    кој пустоши сѐ друго освен него,
    а душата да ја раздадат,
    да се насладат од споменот,
    во кристална чаша вглобен.
     
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  8. İncognito

    İncognito Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,756
    Познавам луѓе кои живеат поинаку,
    кои мислат со зборовите кои не смеат да се искажат,
    и носат солзи на лицето кои не знаат да истечат,
    ги познавам и оние кои болката ја гушат со смеа и пишуваат песни само за себе,
    запознав луѓе притиснати со судба клета, а сеуште дишат,
    знаев луѓе кои мислев никогаш не ќе умрат,
    а присуствував на нивниот помен,
    запознав еден човек кој некогаш беше, а можда и не,
    војвода и скитник,
    на моменти горчлив ко Есенин,
    на моменти сладок и кроток со стихови украдени од едни женски очи,
    кои ги напишаа азурните сенки на љубовта,
    вдомувајќи ги сите непознати луѓе во неа,
    ко вчера,
    ко денес,
    ко утре,
    нејзиното име,
    е преубаво да се изговори.
     
  9. İncognito

    İncognito Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,756
    Ноќ ко ноќ,
    залутана,
    мириса на смрт,
    минути пред полноќ,
    од мене до тебе,
    распнато на крст,
    небо едно бакнато сребрено,
    да те допрам со него,
    не можам,
    пребрз е ветрот од свила,
    заспивам во него,
    и сонам зашиени усни,
    со зборови без ехо,
    со крв натопени,
    тука си,
    но не можам да те пронајдам,
    име имаш,
    но не знам да го изговорам,
    посакувам сонце,
    а пред мене одари сини,
    од очите твои истечени,
    во моите слепи,
    заталкани ѕвезди.
     
  10. İncognito

    İncognito Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,756
    Човек во полноќта,
    ко од црна земја да извира,
    талка со неговата бледа сенка растопена,
    под напластената светлина на канделабрите,
    железен е звукот на неговите чекори кои се губат во крошните на осаменоста,
    ништо ново од него,
    оловно е,
    можеби по некоја измешана ѕвезда со неговата горка залутана силуета што ја силува темнината,
    врз усните на дивото небо,
    распорувајќи ѝ ја првата воздишка на разбудената месечина,
    со неговата мисла последна,
    залутана во ноќта,
    во крвта ледена,
    човек во полноќта,
    со очи полни од меланхолија перверзна,
    злобна е таа потреба,
    а како да му е тоа сѐ што му прилега,
    во полноќта која мирно патува,
    со ветрот нежен ко свила,
    што му го ликот сокрива,
    на тој што е сѐ,
    само човек не.
     
    #930 İncognito, 17 февруари 2019
    Последна промена: 17 февруари 2019
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: