1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ваша поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. Mystic

    Mystic Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,359
    Допаѓања:
    3,607
    Хаику танц

    Никогаш немав храброст да се молам,
    во малата соба бев распнат меѓу сенките и дождот кој играше врз стаклото во очиве.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mystic

    Mystic Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,359
    Допаѓања:
    3,607
    Знам

    Разиграно под небото есенско,
    мрачно ми пелтечи лицево загубено,
    со дожд на челово смело,
    рацеве модри ми скитаат подадени кон тебе,
    кому се важни,
    ничии,
    тие раздадени допири во ветрот,
    што сакаат искрено да ја погалат косата твоја,
    далечна си знам,
    со нив таму те составив од сите погледи сокриена,
    со мене без мене,
    не ќе ми простиш и тоа го знам,
    но името не ми е љубовно,
    јас сум таков и таков сум бил,
    пред тебе до тебе,
    после секоја воздишка наша,
    шепната во полноќта,
    те усреќив за миг,
    но проклето,
    поделена со мене во два ириса од еден сон заспани,
    истурајќи те доцна во ноќта,
    врз лицето на месечината,
    да бидеш со срце сребрено,
    во кое никогаш не ќе се сретнеме,
    јас болен од желба за љубов,
    ти заљубена,
    знам колку сакаш да ми бидеш потребна во овој универзум цел,
    но не знаеш колку ми значиш,
    таква под ноктиве запишана.
     
    #902 Mystic, 24 ноември 2018
    Последна промена: 24 ноември 2018
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    644
    Допаѓања:
    1,127
    Вдиши, издиши...
    Горчлив е вкусот на сопственото неимање,
    те тера одново кон кроток гнев,
    ги кршиш сите правила,
    на сопствениот заборав,
    една душа,
    незнаен пријател,
    знаен непријател,
    со кого да поделиш,
    сите странци,
    а изворот бескраен е.
    И плачеш,
    без да ти биде подобро,
    и ти бегаат ѕвезди од очите,
    а што останува?
    Празен свод, плоден,
    и раѓа главата врз него, нов свет,
    невино врзан за твојот сон,
    јад, мртви надежи, сенки кои пеат,
    тело кое боли,
    ни живот,
    ни љубов,
    ни страдање...
    Ти се спие, не ти се сонува.
     
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mystic

    Mystic Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,359
    Допаѓања:
    3,607
    За среќа уморен сум од сѐ,
    и не ме допира ништо,
    не ќе ме престигнеш никогаш во тој умор и тоа ништо,
    некако чудно не се стигнавме некаде,
    ти во мене пред години неколку,
    без нас,
    а јас застанат со нас врз сето минато растопено асфалтно под нозеве,
    и да го слогуваш сето ова не ќе звучи ко певлива песна,
    ќе биде шанса прва,
    која не ќе ја исполни ниту еден смртник,
    ниту ти бесмртна,
    ќе бидам сам со боговите насмеан,
    вечно сам,
    како капка дожд,
    од небото до земјата,
    што паѓа и ќе погоди нечие лице,
    сосем случајно,
    но не и твоето,
    а се баравме подеднакво,
    се баравме во некое чудно меѓувреме,
    некаде длабоко во мене,
    некаде во тебе,
    за среќа твоја ти никогаш не можеше пред мене,
    а да тргнеше прва,
    кој би се сетил на тоа.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    644
    Допаѓања:
    1,127
    Пајажинеста жица,
    ги спојува сонот и бескрајот,
    и на неа јас,
    нога пред нога,
    едната рака кон тебе,
    другата се губи низ универзумот,
    од дното само чекор ме дели,
    балансирам,
    а уморна сум,
    би требало да се навикнев до сега,
    но што е болката ако не сол на рана,
    тага во срцето
    и маска од среќа на лицето,
    во циркузот на непотребното,
    не постои среќа, среќнику.
    Не знам дали ќе можам,
    уште еден ден...еден крик,
    сѐ во мене копнее да се предаде,
    и сенката што гордо ми го пратеше одот,
    подвила плеќи,
    изнемоштена и бедна,
    како со мене да патела,
    како да пие од мојата црна крв,
    ја гледам и презир ја заменува болката,
    гледам во својот безвреден и прашлив лик,
    толку сум уморна...
    Не знам дали ќе можам,
    уште една ноќ...еден врисок,
    последен,
    на мене е ред,
    за таму каде што нема ред,
    да искапе последната капка од животов,
    горчлив пелин,
    мојата болка на твоето уво,
    тишина,
    не постои среќа, среќнику.
     
    #905 Iris*, 1 декември 2018
    Последна промена: 1 декември 2018
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.
  6. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,474
    Допаѓања:
    5,556
    Немо гледам во ѕидот бел пред мене,
    полека оживувајќи слики во него,
    бледилото на минатото
    се појасно станува,
    емоционална еволуција,
    душа во тело
    и плач на новороденче,
    на коските парче месо,
    разиграна зеница во очите,
    мала брчка исцртана на образот..
    И убаво е,
    толку многу има таму,
    толку многу што во срцето длабоко се сокрило,
    и почнува крвта да струи од него,
    и јуриша кон мозокот,
    со брзина на светлината навираат спомени,
    чинам стари албуми со слики ми минуваат низ рацеве,
    ми ги будат сите сетила,
    со времето заспани,
    во очите се будат солзи,
    ми недостигаа,
    на трепките натежнуваат,
    како вулкан да еруптирал во градиве чувствувам,
    егзорцизам на срцево,
    страв од нешто непознато или само заборавено се прашувам,
    но уживам во секоја секунда,
    како во последниот гриз од убав колач
    небаре секој час ќе исчезне,
    но тука е, се посилно е,
    како ураган сеуште беснее во мене,
    милувајќи ги годините на моето лице,
    љубејќи го одразот мој во огледало, низ призмата на иднината соголен,
    закачено на ѕидот бел,
    со едно посебно минато порабен.
     
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mystic

    Mystic Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,359
    Допаѓања:
    3,607
    Во самракот син,
    ќе здогледаш небо и едно пропаѓање,
    ме болиш,
    ко да ме молиш,
    да не заминам без крилјата за тебе,
    со тебе сакаш да ме сониш,
    во сите тие склопени очи,
    на земјава распослани и заспани,
    не ќе ги најдеш моите,
    отуѓени се ко канделабри згаснати,
    не се твои по патот што го одиш,
    ги земјосало времето,
    ветрот и сонцето заспано во есенските бои,
    а ти сеуште сакаш да истечеш од нив,
    да жубориш прва и последна со нив да се бориш,
    по навика сакаш да ме љубиш нежно,
    ти се давам некако со грижа,
    но ти сакаш безгрижно и вечно,
    таговно и среќно.
    Од мојот дом до твојот,
    не делат километри,
    што шепотат стихови заљубени често,
    мои и твои,
    грди се моите,
    колку што се убави твоите,
    и ме презираш знам,
    во срцето ми бијат,
    твоите зборови,
    ти не знаеш да сакаш,
    велиш,
    ко истурена чаша врз грлово суво оставаш трага,
    без моја воља,
    сурова и дива,
    а јас,
    не ми е важно дал сум пијан,
    моја најголема грешка,
    сите пороци што ги немаш,
    во мене се збрани,
    ко августовски дожд,
    од кој се срамам,
    натопен со него пијано и често,
    не жалам знај,
    што сум само човек,
    без име,
    што моли за здив,
    за спасение,
    од овие очи,
    во самракот син,
    од брчките негови,
    што ги носам на лицево растопени,
    еден живот цел,
    без тебе и со тебе,
    во есента рана,
    заборавена одамна.
     
    #907 Mystic, 2 декември 2018
    Последна промена: 2 декември 2018
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    644
    Допаѓања:
    1,127
    И во Септември знае да запре дождот,
    барем за миг,
    доволен за тебе,
    да со твојот здив
    ги изрезбаш твоите очи во моите,
    и сега тука се,
    со нив го пречекувам утрото,
    за нив се погледнувам во огледалото,
    со нив ја поздравувам месечината,
    за нив го чекам сонот,
    и не барам многу,
    дај ми сила,
    ова лудо срце ме вади од памет,
    биди крај мене,
    држи ме цврсто додека ноќе гребам ѕидови,
    спаси ме од мене,
    притисни ме на гради ако заплачам,
    а ти немој,
    само дај ми сила,
    ќе исплачам со твоите очи,
    моите ти ги подарив, кога запре дождот.
     
    #908 Iris*, 4 декември 2018
    Последна промена: 4 декември 2018
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,289
    Допаѓања:
    2,947
    Te oduva vetrot,
    Te sokri temninata,
    Te zaspa srcevo,
    Imas li sonista ubavi ili
    vlazni od solzi koi ne gI kries?
    Pojdi po patistata na fantazijata kade ochite ni se presretnuvaat
    Ostani za navek vo vechnosta koja nema ime.
    Jas sum ti samo nebo bez zvezdi,
    I edna prazna pregratka koja
    so mislite te dopira
     
    На Iris*, Mystic, -alf- и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    644
    Допаѓања:
    1,127
    Те лути, знам,
    што баш на мојте несредени мисли се сопна,
    и што баш јас твојте ги чувствувам ко свои.
    Напорно е, знам,
    кога некој вака те сака,
    не лути се, љубов,
    што ќе ми ја гледаш душата како светка во облаците,
    твое е виножито,
    и косата моја ќе ја видиш,
    низ фиданките, ветрот што ги љуби,
    и во сонот ќе ме сетиш,
    не буди се, не лути се,
    само сакам да сум тука за тебе,
    па макар пак презрена била,
    и во огнот ќе ме гледаш,
    пламен жив,
    и очиве како жар.
    И на себе не лути се,
    еден ден кога ќе сфатиш,
    дека не си кажал сѐ што си сакал,
    дека не си бил Ти,
    дека си притискал на кочницата
    сѐ дур не се запекла.
    Не лути се, љубов
    не знам друго...
    Освен да те љубам.
     
    #910 Iris*, 11 декември 2018 во 19:56
    Последна промена: 11 декември 2018 во 21:10
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: