Ваша поезија

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ја убивам мојата љубов,
ко бедник кој со камен ја дарува испружената рака на слепиот просјак,
па склопувајќи клепки ја фрлам во ноќта,
посипувајќи ја со грст земја,
и заминувам,
чудејќи се на својата моќ..
Но кога ќе се кренат влажните големи очи,
ја гледам со бесмртен венец на челото,
се подисправила над гробот подотворен и ми се смее во лице,
а крај неа, бес, живот, смрт,
како милостина расфрлани.
Ја голтам сенката нејзина,
како пес корка леб,
го јадам сонот и молчам...
Горам ден за ден,
а студенило се насобрало околу срцево.
Јадна сум,
јадна е мојата моќ,
додека постоиш во мене.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio and Achernar

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Еден збор, една насмевка,
некогаш и повеќе од доволно е,
и со поглед и без него,
срцето да затрепери,
да распукаат гради,
толку долго жедни за здив,
сите демони заспани да се разбудат,
да завладеат,
играјќи се со разумот,
соголувајќи го срцето,
слој по слој,
оставајќи го ранливо,
како некогаш,
како секогаш,
да изгори во љубовен пламен,
но ако, нека го,
убаво е,
љубело, љуби,
а љубовта е привилегија.
Не го гасни пламенот,
без него душата заледува,
ти треба да преживееш,
да растопиш санти со годините накалемени,
да разделиш ден и ноќ,
да споиш сонце и месечина,
да искачиш висини недостижни,
да истрчаш ливади недогледни,
со брзина на ветрот,
да не застанеш,
да не се свртиш,
да набереш букет со виножито прошаран,
со него на гради изморени,
направиш починка,
и под росно небо заспиеш,
со насмевка дарувана,
во неа солза препородена.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Сакам да напишам стих,
лош и носталгичен,
за далечините,
најмил мој,
од небото украден,
толку простран и син,
што име нема,
ист ко мојта кротка и номадска тага,
во очиве залутана што се прелива,
ко мастило истурено во сето неискажано и недопрено,
од мене за тебе,
во тебе до некаде,
каде запира сѐ,
раскажани јас и ти што темнеат во една тивка радост,
една што во срцево нежно,
лицево го сошива со тајни брчки,
милно во последниот час,
со душата на поетот,
и телото негово одродено,
од светот,
од она што не бев јас,
што не беше ти,
за навек,
мојот и твојот,
мир и заврзан неспокој.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Трагајќи по голема среќа,
човекот ја губи и таа малку што ја има,
бара, граба,
гледа само во далечината,
пред него и зад него,
газејќи ја сегашноста,
претворајќи ја во тага.
Трагајќи по совршенство,
човекот ги ситни годините,
заборавајќи го Шекспировото
"Светот е театар во кој секој ја игра својата улога",
залудно враќајќи го филмот,
прашувајќи се,
" Што би било кога би било."
Трагајќи по љубов,
човекот заборава да љуби,
зема, ја полни душата,
а не знае,
не е среќа да те љубат,
среќа е да љубиш,
да дадеш, да исполниш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Што ти значи животот ако од него не сокриваш барем една мечта,
што ти значи сонот ако не се разбудиш барем еднаш во него,
што ти значи името ако некој не го изговори со љубов,
што ти значи чекорот ако бос не си го зачекорил,
што ти значи прозорецот ако низ него не го погледнеш синото небо,
што ти значат очите ако со нив не заплака од радост и тага,
што ти значи огнот ако срцето не ти го стопли,
што ти значат зборовите ако никогаш не си ги изговорил,
што ти значат сонцето и ѕвездите ако погледот ти е постојано во земјата,
ако воопшто нешто ти значи,
направи го,
или остани без значење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Понекогаш крвта бара повеќе од срце,
со страв да не истече врз погрешно место,
кога бог ме создаде,
беше сонлив,
го излажа сонцето одамна разбудено,
истекоа врз мене,
неговата агонија од безброј лета,
и сите несовршени зборови во атмосферата,
во секоја моја структура ги живеев неговите изиграни очи,
во толку декади,
чиниш бесмртен сум,
отфрлен од сите,
залуден,
јас даруван таков,
секако ја потрошив сета празнина полна со секоја минута која тој ми ја даде,
запознав многу луѓе и нелуѓе,
сакав да се убијам,
да исчезнам како човек и нечовек,
но нешто во мене ми велеше,
умри спокојно кога ќе ти дојде време како и сите други,
и не жали,
искра беше за нечија крв,
неистечена,
крв сонлива,
од бога создадена.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Од тебе

Знам дека бог е мртов во нас,
со последниот перформанс кога ме запозна со тебе,
но зимнее утрото,
а мене срцево ми е полно со топла крв,
брзам да го стигнам ветрот истечен од ноќта врела,
го сакам врз моите образи,
заруменет,
ко срамежливо дете,
не знам дали сум вљубен или маѓепсан,
се изгубив од тебе,
но убаво е,
тоа утро зимно,
нека ми прости,
што чекорам врз него сонливо,
со трепките на есента кои се рушат од умор,
не лажам,
се потпирам на вистината од тебе,
ми личи тоа некако од порано,
го мирисам снегот толку блиску,
разгалено од тебе,
ко нова возраст со тебе,
што ми дивее во брчките,
ги зашивам сите слабости,
и не мислам на нив,
само сум среќен,
нескриен од тебе,
имам проблем со срцето,
далеку од тебе,
сиромашен,
но толку симпатичен,
кога те љубам,
не предизвикувај ме,
само кажи ми добра шега,
да се насмеам од тебе,
кога сакав да те бакнам памтиш,
ти рече не можам,
и сега ми е некако драго твоето патување,
до мене од тебе,
споделено со вкусното вино,
што истече до мене,
од тебе,
се прашувам дали можеше поинаку,
со мене од тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Брчки на лицево,
некогаш ги немав,
ги изгоре сонцето мачно,
со камшик ги запиша,
ден за ден,
месечина во камин,
ноќ за ноќ ѕвездена,
мудроста се заплетка во нив,
и гори поинаку,
во белиот часовник на мојата рака,
со молитва црна на душава стара,
живее таа ко мај болна,
со радост тивка,
тивка и загонетна,
во ветрот смешна,
одамна,
а така блиска,
напишани такви стојат тие,
брчки со мудрост пресечени,
со нож успокоени,
таа ми рече убаво ти стојат,
ги бакна без зло на усните,
a не беше интимна,
ми го разголи срцето,
но огледалото вистината ја сокрива,
се што не видов во него,
јас го сонив,
што сонив,
јас го раскажав,
со нејзините очи.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Знаеш, сеуште мириса кутијата на тебе,
ми недостига тој мирис,
а се поретко ја отварам,
не дека минува желбата,
туку за подолго да ми трае.
И книгите кога ги листам мирисаат,
и од секоја друга го очекувам истото,
но не се исти,
како ни погледите во кои го барам твојот.
Само ти, недостижен за усниве мои,
му даваш спокојство на тревожново срце,
кое живее во кафезот свој годиниве,
само за тебе, крвта се вознемирува моја,
заплисната од сеќавања,
богохулам од љубов и убавина,
спомнам уште радосна,
и понекогаш тажна,
за сѐ што не можев, а можев,
бакнувајќи ги благо твоите брчки калемени со грижи и насмевки,
со последната топлина украдена од усните на есента,
нека ми прости зимата,
што не давам да го допре тоа чело,
нем сведок на победата,
над матниот виор на крвта.
Само ти, го смируваш овој ветер,
кој без починка ме ранува,
повлечи ме уште еднаш во себе,
во мирисот твој, во очите,
да остане само допирање,
ветар наспроти ветрот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Некогаш беше во сонот мој,
и излезе од него,
тивко се стутка на мојата перница
љубејќи го мирот
кој ми бликаше од лицето,
љубејќи ми ги солзите,
тогаш и тие ми прилегаа,
но сепак ти со усните нежно ги бришеше,
и беше тука за мене,
некогаш, секогаш.
И кога немаше насмевки,
тагуваше со мене,
и кога владееше страшна тишина,
молчеше со мене,
и кога срцево беше во крв и рани,
налик сложувалка од илјада парчиња,
ти трпеливо го исцелуваше,
и чекаше,
ден за ден,
дел до дел,
полека му вдахна живот,
и кога беше црна душава,
ти ја љубеше таква, празна,
чиниш виножито во неа
за тебе прелеваше
додека пепелата грубо
ти ги росеше очите,
и кога не бев своја,
ни твоја,
и пак станав,
не се откажа од мене,
ни кога ѓаволот со лице ангелско ме мамеше
не ме пушти во неговите раце,
со твојата светлина му го стопи срцето.
И кога јас не гледав светлина,
три сонца на три страни
на небото ми распосла,
и една месечина на четвртата,
под неа топла прегратка,
моја, само моја,
која себично ја чувам,
низ годините се посилна,
од сите богови земски и небесни благословена,
со нишка нераскинлива заврзана
со тебе мој бог и бол,
единствен,
без зима во срцето.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina