Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ноќва е така ветва,
без цветови разбојни и иста,
северна и студена,
живеам јас во неа таква,
каква што е,
старомоден и ист,
јужен и топол,
и мечтаам да изгорам прегрнат со белата вистина,
што во велот на среќата вилнее,
со есента што гори во срцево поетно,
мрачно е и со безмилосни чувства дивее,
ме има насекаде со него,
ме имаат и тие,
сите среќни,
а најмалку во тебе,
и не ми е жал,
грозно думам и горам во себе,
пишувам и болам со сите мои пороци неиспиени,
полиња што облагодаруваат златни,
дремливи во телото сончево се потпираат,
за нечии гладни усти,
горчливи,
одродени и родени,
во тишината на ветрот,
се сонат,
живи да се,
сила нека им е,
после сите мои умирања,
твои глуви,
а мои груби,
спокој пуст не ќе бидат,
ниту во тебе,
ниту во мене,
со последното мое горчливо бакнување,
она што,
во есенскиот дожд,
е толку дарежливо,
е моја тивка радост далечна,
јас живеев одамна на оваа планета,
што земја се нарекува,
некогаш одамна.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ми ја побара раката,
ти ја подадов зошто ти верував,
рече да остане така,
а ноќва е така безмилосна,
мрачна и дива,
венеам јас во неа,
повеќе одколку што живеам,
заштитена од вистината,
во срцето твое кое мечтае за светлина,
а го даваш за горчина и каење,
боли,
проклето боли што и покрај сѐ до безумство те сакам,
посакувам да можев да заминам,
да ги затворам очиве и да не те видам,
да заспијам,
дур точиш тага од крвта моја,
ја менуваш љубовта за лага,
радоста за болка,
искреноста за иронија,
насмевките за туѓи лица...
А по крвта, ништо не останува,
колку ти и да се смееш,
го трошам последниот атом на болка и капка крв,
за со првите лажливи зраци во муграта,
на сонцето што не е веќе исто,
да го најдеш моето срце,
распукано, со сите мои соништа,
и твоите цветови разнобојни,
сега на земја послани...
Вредеше ли?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Пијани ноќи,
што ја разголуваат душата,
стебло имаат,
пијани очи,
што ја разбиваат думата,
есенски лисја треперат,
со мечот на утрото раскинете ме,
нека крвта моја истече со последниот здив на муграта оплодена,
да го обои небото со мене,
предајте ме,
во првиот зрак на сонцето врз свежиот гроб на нечиј скитник,
што името не му се знае,
јас душа веќе немам,
ниту една мечта,
радосна судбина да открие,
да ја изиграм барем уште еднаш,
со последната желба,
што венее во градината на заборавот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Давав надежи, насмевки,
убави зборови,
љубов давав,
давав рака на секој,
давав душа,
срце давав.
Колку повеќе давав,
толку повеќе очекував,
колку повеќе очекував,
толку повеќе се разочарував.
Си реков, немам веќе што да дадам.
Извор бев,
камен се сторив,
се што извираше, во мене остануваше,
роза бев,
трн се сторив,
се што беше убаво почна рани да остава.
Се наполна душава,
како камен тежи,
како рана крвари,
да дадам,
имам за давање,
имам љубов, срце да омекнам,
од крутост да не распука,
имам зборови убави, душа да стоплам,
од студенило да не страда,
имам насмевки, очи да осветлам,
темнина веќе да не видат,
имам прегратки, живот да вратат,
па и јас да заживеам...
Имам, да дадам,
да не ми тежи,
да ми олесни,
па да се насмеам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Кога ќе пораснам ќе бидам силна,
ќе престанам да бидам нежна,
ќе престанам да барам внимание,
ќе престанам да пишувам,
ќе заборавам сѐ,
најпрво лудилото,
ќе те поведам со себе,
ќе биде убаво,
ќе престанам да ја нагрдувам љубовта со вистината,
наместо да го завршам разговорот, ќе ја променам темата,
никакви падови,
никакви стихови,
ќе биде убаво,
ќе престанам да бидам искрена,
дури и под дејство на алкохол,
ќе престанам да барам прошка не знаејќи зошто,
ќе издржам,
ќе се навикнам,
ќе биде убаво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
И не е важно кој кому должи,
топла насмевка и очи ширум отворени,
минатото и нив ќе ги претвори во спомени,
нека се само нечии копнежи.
Не е важно дали трчаш со ветрот,
или солзиш со лисјата скршени под твоите нозе,
знаеш и тие ќе стивнат и пресушат
немо веејќи се низ твојата душа.
Не е важен тој што лажно ти шепоти зборови лечебни,
нема такви што ќе ти го залечат
срцето по него,
нека се изгубат со твојата воздишка
со кристален сјај.
Не вредат, знаеш.
Ниту се важни нивните испиени погледи,
трули и мртви во душите,
не ти значат,
пушти ги нека потонат во мракот,
таму припаѓаат.
А ти.... Ти жива си..
пожива не си била никогаш.
Ја голташ секоја утринска воздишка со сласт,
ја впиваш со секоја пора
жедна за повеќе,
среќна си со секое ново изгрејсонце,
со секоја нова месечина,
како првпат да си прогледала.
Со секоја голтка кафе и малку никотин..
Ммм, послатко никогаш и не било.
Дури и болката од плускавците
по танцот те радува, скапоцена е.
И знаеш љубов, сето е љубов,
љубов кон својот живот,
љубов споделена со друга љубов.
Чувај ја, и таа е подеднакво скапоцена.
Но сјајот во твоите очи
додека играте криенка,
истиот тој во нејзините што кришум
ѕиркаат позади црвената завеса
а ти се правиш дека не ги гледаш..
тој е посебен, поинаков, вонземски.
Тоа е повеќе од љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Би била будна, но уморна сум,
може ќе залутам во некое ново утре,
каде ќе бидам некому потребна,
каде ќе ме пречекуваат со радост во очите,
може ќе најдам мир во нечиј сон,
каде нема да бидам одбиена,
каде ќе дадам сѐ што не се бара од мене,
може ќе се населам во нечии очи, кои нема да бидат твоите,
каде ќе живеам само јас,
каде ќе ја љубат мојата љубов.
Почетна точка ми е мракот,
ќе имам ли доволно за карта,
или ќе треба да се шверцувам?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ја кошкам месечината,
намигнувајќи ѝ со образот румен, од пламенот на гроздовите најубави,
во квечерината набрани,
само колку да ја заборавам ноќва иста,
во очиве збрана,
истечена од таа во душава што се распослала одамна,
во која сонам црнила и студени утра,
и ден по неа и ноќ испиена од неа,
и не сакам да зачекорам во нив,
ги збирам во брчките на дланкиве ко проклетство,
без да допрам нечија судбина,
да можев да ги дадам некому само да ме разбере,
да можев барем да заплачам,
да едрам со ветрот без солзи,
но не дава ковот на лицево железно,
нека ослепам од нив,
да не го видам ликот мој безживотен,
во тоа огледало дремливо и мртво,
кое го одминувам нем со календарот правлив,
во кој трчав некогаш радосно,
со пролетта до бол,
од есента до последната мечта,
за да не заспијам во истиот јас,
скроен од сенките на една песна,
да не изгорам,
во тој искажан и изигран свет,
што ми виснал сега со празни мисли врз главата,
како казна за еден човек,
и од него малку поет,
клекнат кротко со стеблото на потрошениот цвет,
без силата на љубовта,
чекајќи го својот зародиш,
во утробата на ѕвездата што паѓа,
да се издигне повторно на небото,
да блесне во својата крошна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Видов ѕуница,
толку животна и волшебна,
ги огреа таа очиве и ноќта во душава,
таму горе,
ја допрев со погледот,
и запре мојот здив,
со небото вишно,
спокој ми се истури врз лицево,
нежен во сребрениот час,
заплеткан со новата месечина,
заталкав јас,
со сите тие чувства,
без лисја исти,
што научени венеат да го дочекаат ноември,
беше тоа така свечено и просто и убаво,
свето без икона насолзена,
сосем доволно неисплакано да ја раситни сета болка што ја краде убавиот стих,
за една љубов,
изгорена во ветрот од хартија,
смирена ко река недопрена,
истекувајќи од крвта,
на залутаните,
на блиските,
моите стари и добри пороци,
што по навика се некако драги,
и заспиваат,
врз моите гради,
со надеж да се расонат,
во неискажаното и ветво сонце,
да оживеат нечии горки зборови,
темно срце свеќно да растопат и се родат нови и чисти,
на овој свет,
свет без смисол со темјани исти.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Vo denot koj najdobroto go zema Od mene,
Vo nokta koja GI razbuduva demonite Od mene
Te mislam, te ziveam vo sekoj zdiv,
so poriv da zagnjuram vo dushata ti,
da ti GI dadam ochite moi da se poglednes sebe si,
Da ti GI podaram site misli vo koi celata Dobrina Od neboto ja pretochiv,
Za tebe, za sebe, za site koi ljubat od srceto.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and violetmoon