Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Улици без хоризонти,
во моите непоканети мисли,
истекуваат калдрмави ко лава под стапалава,
некогаш и некаде запишани во мене,
дур не ги пеплосаа коленава,
отпарани од ноќта,
кои сега не можат да му се покорат на вишното небо,
тоа убаво и пространо небо,
што бдее над нас несебично и им го одзема здивот на очиве.
Ми останаа само рацеве со лузни,
со нив подадени, таму горе високо,
до недоглед,
да ги поздравам брчките огледани во сонцето,
сплотени и молкум,
далеку од сечии очи,
сам без никој на овој свет,
чекајќи го долгото враќање на огнот во мојот дом,
сокриен во крвта,
како патоказ,
да не залутам повторно и распнато меѓу ѕвездите,
без тело и душа.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Во антологијата на болката,
венее моето срце распукано и клето,
молејќи го ветрот да му донесе плодност житна,
низ твојата коса протната ко усвитена игла во ноќта,
да ги сошие тие бразди сини и длабоки,
да ја растопи таа згрутчена крв во песок сторена,
бистра река да протече,
да натопи рани и една воздишка последна,
врз твоите дланки да истече,
лицето да го измиеш со неа,
да ги покриеш сите лузни од старите солзи,
да ти ги откријам скриените места во душата,
сон неодсонуван да бидам,
таму засекогаш да векувам,
таму мртов да умирам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Некогаш сонував,
губев и добивав,
фрлен во зарот на пролетта,
се надевав,
вреднував и заоѓав во есента,
секогаш пред сонцето и неговото неизречено амин,
како проклетство од две реки што течат во една,
сега молитвата негова не личи ниту на песна,
од зелен рог испиена,
со залутана роса покриена,
ме прогонува свеста,
римувана со љубов недопрена,
под неа јава ноќта,
пијана и бесна,
ај и тие црнила што капат во неа од крвта моја негувана,
стихови што толчи,
се губат со последниот здив на муграта,
не ќе ме стасаат ниту тие,
уморни од жедта,
во последниот круг кој венчава две срца,
со прстенот од очиве искован,
прекрстен со ѕвезда,
и една тишина која нежно заспива,
бог и човек,
врз одарот на цвеќињата,
бакнати од летните дождови.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Будна, не и свесна,
во миговите на тага и болка зборот станува солза,
додека очиве неспокојно, безуспешно се обидуваат да се избистрат,
твоето име мирно почива на моите усни,
мислите виорат низ телото,
од исток кон запад.
- Запиши ги.- си велам.
Штом тргнуваш, запиши,
да знаеш да се вратиш назад,
не би смеела да луташ во овој свет,
тука владее монотонија,
сива, злобна,
тука сите се исти,
опасно е ако си различен,
ако волците намирисаат дека не си волк, ќе те распарчат.
Изгради бедем околу својот свет,
а надвор биди само камен.
Запиши... да не заборавиш.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не чекај земјата да те земјоса, мермерна свила во срцето да ти црнее под сивиот дожд,
пиј од животот,
нека те опие,
од лулката твоја до гробот твој,
стои твојот миг,
тоа едно трепнување на твоите очи,
нека биде сон и живот,
со полски цвеќиња под нозете,
и трчај, трчај, само трчај,
кон ѕвездата што паѓа,
земи ја во рацете и фрли ја високо да се врати на небото,
одзивај се во името на љубовта,
прати ја прв и последен,
нека гори и пече,
да извира и тече,
земи ја и остави ја,
ќе те насити со лебот на вечната убавина,
отпарана од тишината на ветрот,
меѓу лисјата на маслиновите гранки,
израснати таму некаде,
каде што се раѓаат акварелните спомени,
со зборовите што не знаат да искажат,
а се толку гласни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Повторно гледам,
светлина ѕирка под искинатите завеси,
совршени зраци од огледалата,
во калеидоскопот на две очи,
магичен момент на спокој.
Дали тоа лажливото сонце носи измешани слики од минатото и можната иднина?
Не е ни важно, тоа го може само светлината на денот.
А ноќта?
Спржено лице од солзи и очај,
суровост,
духови и нивната стварност,
сонувачи заробени во окови,
притиснати до ѕид,
пружајќи раце кон спокојот
кој се нуди зад правливите завеси.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Се судираат како во чаша коцки мраз,
грешни и безгрешни души,
викотници, бес,
дожд,
ветрот ги покорува гранките,
жолти лисја насекаде,
мразам сѐ,
лошо ми е,
есента беше моја,
од каде сега овој кошмар?
Брзам да ја затворам вратата,
насекаде расфрлана хартија,
истурена чаша со вино,
застоена вода во вазна,
суви очи, нема солзи,
може сум сенка и не постојам,
не,
некој бил овде,
ми го украл спокојот.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ballet is my life

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Но ако

За најдалечните ме боли душава,
боли багремот во неа,
не го почитуваат сонцето како некогаш,
но ако,
ќе се сетат тие на светлината и од далеку кога корењата ќе им скапуваат длабоко во земјата,
не ќе се изземат од тагата.
За тие сличните што го точат најблиското ко ефтин алкохол,
рози бели и нежни им постелувам во срцево,
што крвта му ја пијат со искривени вилици,
ама ако,
боли од жал врбата во нив,
со последниот зрак ќе се разбудат да земат последен здив,
а јас ќе останам жив.
Се плашам,
вистината е дека лажам,
ниту на едните,
ниту на другите,
ќе им удостојам кога боли нешто друго,
а не полноќта која ме дели од нив,
ќе заборават,
но лузната ќе им шепоти немир.
Достоинството е жртва за роденото,
не се согласувам,
но ако,
нека стои такво,
јас не го насликав со акварелни жуборења на темнината,
не ќе го предадам ниту пред смртта.
Доблеста е токсична,
не, таа е вродена,
но ако,
таква нека биде,
ќе присуствувам на нејзиниот погреб,
нека умира полека,
но ќе запомнам,
зборот за неа беше збор во некое минато време,
сега е холокауст во генерациите,
занемени и ближни и далечни,
неспознавајќи се едни со други,
но ако,
ќе заминат и тие,
грди во епитафот по нивното постоење,
ако не следното утро,
некое потоа,
никому важно,
тишината ќе ги проголта.
Ќе ги преспијам сите сонливо,
зошто,
затоа што ме боли лажниот тиркиз на небото,
кој го украдоа од несебичноста,
дарежливоста,
од бистрата солза на искреноста,
од она што се нарекува човек,
кој го почитува човек,
затоа што е човек,
а можеше сѐ поинаку,
можеше сѐ подобро,
со надеж да се дофати со прсти далечината,
да се допре една поубава иднина што носи мал спокој,
доволен за голема радост,
исконски распукана,
врз сводот кој поврзува.
 
Последна промена:

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Приказни...
Ги има секакви,
драми, комедии,
трагедии,
балети, опери,
симфонии.
Со рефлектори осветлени
штиците што живот значат,
додека трае,
тишина и мир,
а крајот се знае,
поклон до земја
и букет цвеќе.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Срцето има свој трон,
како најсветлата ѕвезда на небото темно,
лисјата ја имаат есента,
да се накитат во жолто златно,
да не избледеат,
мртвите имаат безгрешен закоп,
со чест и почит нека стигнат,
канделабрите се гасат пред новото утро,
ќе стопли тоа нечие лице,
болните го посакуваат животот поинаку од живите,
за нив не знам,
вљубените не чувствуваат студ под нулата,
ќе заспијат тие во топлата постела,
пијаните не го признаваат својот порок,
и повторно ќе наздрават,
бездушните се гостат со простиот збор,
без збор ќе останат,
птиците го имаат својот лет,
таму некаде каде очите недогледуваат,
а јас го имам својот монолог,
кому не му значи ничие туѓо припаѓање,
најсветло,
накитено,
мртво,
ново,
болно,
вљубено,
пијано,
бездушно,
бесконечно во последниот замав на стиховите,
кон мојот стар дом,
прегрнувајќи ја повторно,
мојата мајка,
да ми ја заниша душава мртва,
да ја оживее повторно,
силна, а толку кревка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*