1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ваша поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. BaceE

    BaceE Нов член

    Зачленет на:
    26 октомври 2017
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Се гледаме Ти кога сакаш
    На месец два во ноќта
    Кога сите спијат а ние будни
    Го чекам секој нареден пат

    Тогаш беше за една ноќ
    Од таа ноќ Ти ми остана во срцето
    Најдоброто од мојот живот
    Се врежа и засекогаш ќе останеш

    Се роди за да бидеш мој на делови
    За секој нареден пат се повеќе се вљубувам
    За друг не знам но Ти
    Никогаш нема да бидеш заборавен
     
  2. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    380
    Допаѓања:
    833
    Пол:
    Женски
    Прости ми ја мојата тага
    ноќта зборува од мене,
    никој не бара насмевка на надгробен споменик,
    ни молитва за душата,
    ни цвеќе за гробна сенка,
    само дожд
    што ќе ги натопи
    испуканите од солзи образи,
    и сонце
    светлина да дарува
    на усните бледи, сега модри,
    и ветар
    да ги заниша за последен пат
    прамените на мојата коса
    меѓу твоите прсти,
    да потсети на игра топла
    меѓу вљубените,
    што сонот свој
    и крвта своја ја даваат,
    да осетат трошка среќа
    која како бисерен ѓердан
    од грубост се распаѓа,
    од вратот низ градите.
    Среќо, не измамувај,
    два збора те носат,
    а останаа слатки на усните,
    ќе траат ли?
    Видовме ние граници бескрајни,
    во среќата на живеењето
    што се топи во секојдневното умирање,
    додека смртта мислите ни ги опседнува,
    ќе траат ли?
    А што ако љубовта трае?
    Што ако остане како бакнеж
    со златестата боја на медот,
    да ја надживее горчината,
    на усните притиснати
    врз ладната сивост на мермерот,
    сега кога знам што чувствуваш,
    сега кога дишеш се што чувствувам,
    ќе можам ли да премолчам,
    ќе можеш ли да ги стишиш
    одекнувањата мои во тебе.
     
    Последна промена: 15 ноември 2017
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,009
    Допаѓања:
    3,186
    Пеперутка си,
    од сонот исткаена,
    со крилја сребрени,
    распната меѓу прстиве груби,
    што чезнеат за нежност наивна,
    некаде во тишината изговорена,
    лесен ти е цветот од кој полетуваш,
    корените му се моите очи,
    од небото темно воздивнати,
    тешки ко пијани чекори,
    и неговите последни стихови,
    пред дождот,
    со ѕвездена прашина избришани,
    ти далечна,
    со илузија блиска заминувам,
    која не му прилега на богот во мене,
    во ноќта блага,
    на усниве што ветрот есенски ја смирува,
    сета фантазија на љубовта,
    која без срам,
    исчезнува со муграта,
    во туѓа постела изгорена.
     
    На Iris*, Dorina и Prashina им се допаѓа ова.
  4. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    380
    Допаѓања:
    833
    Пол:
    Женски
    Каде си тргнала со тоа небо во рацете,
    ѕвездите ли ги бараш?
    Каде си се залетала со тие чувства и емоции,
    што сакаш,
    повлекувајќи се срамежливо,
    мислиш ќе стигнеш до својот олеснителен крај?
    Па почекај,
    нели тоа најдобро го правиш.
    Толку наслади постојат
    од кои си судбински лишена,
    толку времиња
    од кои не си дел,
    толку зраци
    за кои не си предодредена да те огреат.
    О, колку само врати се затвориле
    пред мислата дека ништо не заслужуваш.
    Бездомничи таа мисла сиво во срцето.
    И како?
    И кому сега да кажеш
    дека само се плашиш од мракот
    кој како новороденче го задушуваш во пазувите,
    слушајќи како те тегнат за косите,
    а грлото суво,
    стиснато без дланки да го допрат,
    ни воздух зема,
    ни крик да пушти.
     
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,009
    Допаѓања:
    3,186
    Ноќ и ти,
    виновни,
    со зборови тиркизни,
    извори од кои се напивам секое утро,
    да го допрам небото меко со рацеве,
    виножито и ти,
    не ќе го смениш пред и после дождот,
    мое е,
    од тебе е,
    сонуваш волк,
    во очите облаци милуваш од нежна свила,
    со твоите ириси,
    верувај ми и ти,
    ќе создадам светови,
    во кои ќе заспиваш со мирис од смртни ружи засекогаш проколнати,
    еден сум,
    бескрајна си таму каде срцево отчукува,
    јас и ти,
    јад и вино,
    каде последната надеж умира,
    во квечерината,
    обоени со темно и црвено,
    налик на стара приказна,
    од прашлив ковчег ископана.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,196
    Допаѓања:
    2,825
    Mi trebas
    Kako misla , kako son, kako dopir.
    Mi trebas kako nasmevka I pogled,
    Kako glas,
    Mi trebas kako neophodnost,
    Kako prichina za dishenje,
    Kako solzi,
    Kako sonce , mi trebash bezkonechno.
     
    На Mystic, play me и Iris* им се допаѓа ова.
  7. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,009
    Допаѓања:
    3,186
    Ги сакам,
    сите оние мали нешта што се нарекуваат живот,
    чисти и нечисти,
    трезни и пијани,
    под мугрите, сонцето, квечерините,
    небото,
    ѕвездите сокриени и откриени,
    поетични.
    Ги сакам луѓето,
    оние светлите во ноќта и невидливите во денот,
    грижливите,
    доблесните, филантропите, сонливите,
    и оние со по некој демон сосем случајно залутан во ангелите.
    Ги сакам сите годишни времиња посебно и волшебниот конец кој ги порабува со годините,
    младите, средовечните и старите,
    расцутени, топли, дождливи, па дури и оние ледени, во свилена чаша растопени со роса на усните.
    Се појави и те засакав кога ми беше најпотребна,
    има среќа во сакањето,
    јас верувам во неа,
    во тебе и создаденото,
    од очиве,
    за твоите,
    со љубов дарувано,
    оргазмично и духовито,
    човечки и вистинито,
    и не ми е важно дали си од бога извајана, или си искра од пеколот,
    или потекнуваш од некоја оригинална приказна одамна напишана,
    ти си најубавата креација,
    која се уште трепери волшебно во преграткиве виножитни,
    една си,
    во мојата тишина разбудена,
    засекогаш на дланкиве запишана,
    со кои го допрев твојот олтар,
    за моето срце.
     
    Последна промена: 1 декември 2017
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,009
    Допаѓања:
    3,186
    Ако сте несигурни,
    добро е,
    уште сте живи,
    вие имате право на тоа,
    јас немав,
    се помалку се зборови во фондот,
    а толкава бесмислена глазба од устите на случајните минувачи и оние познати,
    ваши,
    што со насмеано лице го поздравуваат моето,
    случајно,
    жуборат тие со почит,
    секако за смирување во врелата солза која истекува со морето небесно,
    да го удават последниот изговор,
    удирајќи силно врз докот на срцево,
    да се извинат,
    за мојата грда невиност,
    од бога дарувана,
    проклета и исправена,
    изгорена во времето,
    кое ме донесе и однесе,
    со секоја есен,
    кога земјата е ровка и љубезна за заведување,
    и има име,
    мојата смрт.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,009
    Допаѓања:
    3,186
    Некако подобро се дише кога ќе заборавам на тебе,
    така случајно и едноставно,
    од идилата на цветот откинато,
    како сонце излиено врз лицево,
    во есента жолто златна,
    која ми ја распорува душава,
    со овенет крцкав лист,
    налик на крст,
    од ветрот љубопитен,
    што ми упорно здодева,
    во желбата да издишам слободно,
    пред тебе без утрото напишано,
    заробено во дом со модри дамари,
    без добар ден како почеток за нешто насмевно,
    во кое не знам да заплачам,
    како најголема мана,
    во доблест полна со бол кој никогаш не излетува од устава,
    заринкана во песокот на вистината,
    секако најголемата болка и тоа те сакам,
    звучат нашминкано,
    и се истетовирани во телово кое сонува дни,
    од небото испеани,
    за твоите усни,
    со најубавиот вкус врз моите,
    подготвени да го зашеќерат,
    последниот здив на романсата,
    од прстиве запишана,
    врз твоите гради,
    за мене свети,
    едни неразбиени,
    од икона и во прастар сон прикажани,
    каде времето застанува,
    уморно од немоќта на сказалките,
    преклопени со моето лице,
    врз твојата женственост сокриени,
    како да е последното битие,
    на планетава создадено,
    од твоето и моето срце,
    одродени.
     
    Последна промена: 8 декември 2017 во 21:47
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: