1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ваша поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    608
    Допаѓања:
    1,068
    Што е телово?
    Змија без отров низ туѓи прсти што се лизга,
    ладен труп земја што ќе го покрие,
    штом запре ровката крв,
    под небото млако без месечина,
    измачено од животи изминати.
    И ова срце црно никому што не се покорува,
    останува во кафезот на телово,
    да не биде извор на болката твоја.
    Само душата сјае низ очиве што те прогонуваат,
    како зајдисонце,
    од осаменост, од среќа, од љубов,
    последен блесок,
    запомни го како светлина вечна,
    пригушена желба на онаа што те љуби.
     
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Штама и ноќ,
    волк и цвркот,
    допрени со ветрот,
    зеници,
    со ѕвезди порабени,
    тоа сум јас,
    и тоа си ти,
    во сонот совршени,
    во длабочината на космосот,
    бескрајни.
     
    #802 Mystic, 17 мај 2017
    Последна промена: 17 мај 2017
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Како вчерашната мугра да израсна во срцево,
    како сонот да беше јаве,
    со првиот зрак на сонцето да допре,
    каде мртвите се живи,
    и течат неуморно во телово,
    од восхит и тага,
    споени во сказалките на часовникот,
    кој ги брои дните без тебе,
    и го собира ништото од скитниците на ноќта,
    се сум и повеќе од искра,
    која во темјанот на будните,
    заспива месечина и топла насмевка,
    врз твојата коса,
    со која заспива кринот на сегашноста обоен со ирисот на пролетта,
    за моќта и богот во неа,
    кој ја исплакува иднината,
    и се во неа незапишано,
    од нас и во нас,
    за нашата небиднина.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Има во ирисот твој,
    мои очи,
    дамки што светлината ја пеат во длабочината на твојата крв,
    и не прашувај се зошто,
    има плод во земјата црна,
    и стебло од моите корени,
    пресечени да не венееш во ноќта,
    да испиеш од мојата душа,
    има сродно во моите прсти до твоите нокти,
    дамари,
    за со нив да ги длабиме контурите на самотијата во нешто волшебно,
    да стори насмев на нашето лице,
    моето и твоето во едно,
    далеку низ некое поле житно,
    каде ветрот допира и гали,
    виножито да висне и радост на небото да донесе,
    дожд да завладее со тагата и среќата во тишината,
    над нас и под нас,
    и сето она што не никна,
    и оган што не пламна,
    во ветвото на моето и твоето срце,
    во копнежот на судбината.
     
    #804 Mystic, 27 мај 2017
    Последна промена: 27 мај 2017
    На Iris* и Prashina им се допаѓа ова.
  5. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Ти си тој момент,
    што одекнува во денот,
    и срaмежливо ѕвони во ноќта,
    под насмеаната месечина,
    во која запира крвта разулавена,
    да истече ко молња од небесата името на љубовта,
    да ископа демони и самовили што танцуваат на дождот,
    да го спојат непоимливото со магија,
    со грст златници да ги исковаат од дланкиве,
    мојот здив со твоите усни,
    и огнот што го бои зелениот ирис на очиве со последната солза на сонцето во заминување,
    и тагата во пристигнување,
    се си и ништо не си,
    те барам во светлината на ѕвездите,
    во мирисот на темјанот,
    и во парчето грутка плодна од која се издига цветот,
    за најголемиот немир на светот,
    што ми го донесе ветрот,
    после толку години,
    чинам векови,
    во кои лутав со празно срце,
    да ги дофатам,
    твоите водопади бистри,
    кои ги хранеа корењата на моите соништа,
    во кои видов се и ништо не видов.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Лишен од твојот допир,
    ме научи на љубов,
    не е тоа така лесно во овие години машки,
    не зачуди се,
    твое дело е женствено,
    ко божество да негувам во срцево,
    и се ми се чини ќе долеташ повторно,
    од некој облак заталкан на небото,
    да ги растрепериш сите брчки на лицево,
    со прамените на твојата коса црвена,
    од квечерината искапена,
    и со таинствена сила во градиве,
    да разбудиш сонлива мугра на очиве уморни,
    да го придвижиш времето во кое сум застанат без тебе,
    а сепак со тебе,
    во кое не течат ниту крвта ниту зборовите,
    молчат и тие со мене,
    трпеливо,
    таму горе,
    врз ноќните маски на ѕвездите,
    со последната фонија,
    на избледената поезија.
     
    На Luckky и Iris* им се допаѓа ова.
  7. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Така е добро ова чувство во телово,
    кое се прелива во светлината на уличните канделабри и мирисот на твојата коса,
    така е добро чувството создадено во првиот миг со тебе и трае во мене,
    во еден поинаков јас,
    откриен со твојата насмевка.
    Чинам ноќта го сокрива секое мое повторно вљубување во тебе,
    со првата ѕвезда на небото,
    како да е тоа бескрајна игра на срцево и твојата последна капка крв која тече низ него,
    да згасне со неа и се роди во првиот допир на сонцето со твоите зеници,
    повторно.
    Како да ме извлече со врвот на прстите од ветвиот фототапет на распуканиот ѕид од илјада бакнежи,
    за да ми подариш еден,
    кој лузни на усниве што не знаат да ти опишат кога пламнува во жилите,
    истурајќи го сиот немир
    во немиот поглед кој продира во далечините,
    дур градиве распнати од муграта до квечерината ја пишуваат тишината на недореченоста,
    со шумолењето на секој здив,
    за тебе,
    отпаран од нив.
     
    На Prashina, Iris* и bliznaci им се допаѓа ова.
  8. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Допираш,
    каде ветрот почнува и сонот заспива,
    каде сенката изгрева и сонцето срамежливо руменее,
    те има и во иднината која минатува под нозете на спомените растрчани низ мокрите улици,
    кои жуборат тивко во погледот кој создава зборови неми од утробата моја создадени,
    трепериш нежно во секоја капка на дождот истурен врз ова бледо лице,
    што бранува ѕвезди врз докот небесен,
    да ја открие твојата коса со најубавата молња на ноќта,
    која го растргнува со глад ова срце,
    да го спои со твоето,
    во карпа,
    од која се ронат солзите на љубовта.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    608
    Допаѓања:
    1,068
    Солзи ли се, дожд ли е,
    го квасат лицево,
    измивајќи ја секоја трошка гордост,
    и по некоја пега што останала од младоста.
    Воздишки ли се, ветар ли е,
    ја олеснуваат душата од правта што се насобрала,
    откривајќи ја љубовта за тебе.
    Поглед ли е, секавица ли е,
    ми ја растреперува утробата,
    па се до нозете пресекува.
    Прегратка ли е, или карпа цврста,
    на телово што се тетерави, потпора која смирува,
    и до небото воздигнува.
     
    На Mystic и Prashina им се допаѓа ова.
  10. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Ти си оган во темна вода и црвена месечина во мојата зеница,
    топол шепот си што црни карпи рони,
    светли ѕвезди да роди,
    солза си од небото отпарана,
    да зашие лузни што ноќите ги боли,
    венец си цветен што лекува од рани,
    разиграна самовила крвта што ја брани,
    недостижна и тивка,
    сонот со молња што го пали,
    дали,
    ќе секнеш со реките на погледот од очиве,
    муграта што ја жари,
    ти си корен развиорен во кандилото што од мртвите ме дели,
    грло си во моето што ја пее среќата на зелените лисја,
    во очајот,
    вода што бестрагата во бескрај ја носи,
    ако некогаш не си ти,
    ќе остане белата тага на криновите,
    и едно сонце сокриено во нивното срце,
    чие отчукување,
    ќе го слушнат само немите.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: