Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Прашинка си невидлива,
сокриена врз површините на срцево,
од токсична крв занемено,
ги разбуди сите светлини во сенките збрчкани на лицево,
исправена гордо меѓу времето и вечноста,
со тебе сум некој,
без тебе сум ништожен,
од земјата и небото,
ти ги подавам рацете,
да се вкрстат со твоите,
несебично,
како никогаш досега,
да го отворат ковертот,
во кој запиша ти,
се што ми е потребно,
само дојди,
најсилниот звук на твојата тишина,
овде на градиве заспива,
со твојот последен сон,
запечатен со отпечатокот на мојот бакнеж,
се погледнав себе и замолкнав најсилно,
ги видов твојот лик и името твое,
во зениците мои од вино и жито,
обоени во виножито.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ноќва е една од оние со тага преполни,
како смарагди во темнината на стара калдрма растурени
сјаат солзи на перница бела.
Ноќва нема сон за мене
себично ми го одзеде
го фрли каде рацете не ми стигнуваат,
каде дланките не допираат
ниту пак очите трнливо што боцкаат можат да го видат.
Утрата чисти ти ги дарував
денот исполнет со смеа,
и последното Добра ноќ
е резервирано само за тебе
Зарем не го заслужив сонот?
Барем не оди,
остани заедно ќе бидеме будни,
остани да те допрам на образот
бришејќи ја солзата твоја, а ти мојата,
да не издадат проклетите што отров душите ги труе.
Не оди,
остани да те прегрнам таго моја,
остани да видиш како крварат усните што не знаат да лажат.
Треперам и ти крадам една воздишка,
не можам да ти помогнам, да си помогнам,
немоќна стојам пред мозаикот,
фалат две несовршени парчиња
кои никогаш не можат да се состават.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Копај,
ископај го тој оган неископан од подземнината на крвта,
што ме жигосува со белегот на мртвите,
и гори во лузните и сеќавањата,
со него песната ми е тежок лелек,
и магијата татнеж кој не ме лекува од рани,
пеплосани што болат,
без да ме молат,
копај,
да секне небото од мене,
да престане животот во тебе,
ќе остане дождот да коренува во мојот молк,
завиен во твојот разулавен крик,
и не ќе ме издаде пред твоите очи,
ниту пред милувањето на твоите коси,
во овој свет беден,
што му е на лицево бедем,
молитва не пронајдов на усниве,
да те засакам и се заљубам,
а сонце радосно има,
но не знам да те пронајдам во него,
таму каде сонува тоа во коритата на очиве,
позлатувајќи едни лисја разиграни од уморниот ветер,
неузреани во срцево што карпи руши,
и тивко шумоли,
воздивнувајќи со тагата,
со твоето,
сраснато во мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ја сакам ноќта и нејзиниот блуз распукан во коцките од мразот разиграни на врвот од кристалната чаша,
која прелева бол, молк, мртви и живи,
гробови и раѓања,
луѓе и страдања,
ја сакам таа длабока и густа магла во мојата глава што шумоли нежно раскажувајќи нешто недоречено со острината на стаклата од витражот со прстиве искален,
во кој те пронајдов случајна и гола,
обоена со сребрената светлина на месечината,
што векува над земјава,
од која душава крвари,
и го прободува срцево залутано во сините разулавени води,
кои не ја гасат жедта за тебе,
и копнежот за вистината,
која почива врз дланките од љубовта,
подадени кон тебе,
само еднаш,
за еден миг,
за една вечна игра,
на сонцето и дождот,
за виното навезено на разбојот,
кое истекува со мојата крв.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ти што се роди во срцево
додека зимата дишеше во душава,
ти што заживеа во вениве
додека пролетта ја подгреваше болката,
не бледеат зборовите твои,
светлина се,
светлина што се раѓа од синилото
на првите зефири на муграта
и не умира ни со залезот.
Ти што младоста ти капе во срцето
додека духот ти гори во ноќта,
ти што ја носиш полната месечина во очите
додека последната ѕвезда го поздравува сонцето,
не бледеат стиховите твои
дожд се,
дожд во река што истекува
и се слева во морето од луѓе
дарувајќи ги со љубов и спокој.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ја испивам последната голтка тага
со боја на згазнат цвет на бел крин,
морничавост и болка со сладникав вкус,
задушено липање и молк.
Што е ова?Проклетство ли е?
Засекогаш врзани со љубовта,а без љубов.
И тоа ѕвонење на воздишки од скаменети дробови,
и раните отворени од скаменета пепел инфицирани,
и усните модри под забите стиснати што траат,
проклетство ли се или љубов?
Само срцата како со темјан покадени
бијат ли бијат,
чиниш камбана света смртта ја брка...
...или ја вика...
Уште само смртта е жива
во нас мртви.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
И ова утро,
јачат мисливе,
склупчени пред прагот на твоето светилиште,
со лица без тен,
искапени од априлскиот дожд,
во мојата песна,
наместо ние,
ме има,
под насмеаното небо,
надвиснат во една модра намуртеност,
која пустоши во телово,
оставајќи ме со чувствата,
и твоите чекори,
никаде заминати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Може ли да се љуби
без усните да се допрат?
Може ли да се љуби
без челата да се потпрат?
Може ли да се љуби
без дланките да се склопат?
Не може?
Но јас љубам!
Толку љубам што душата ми трне.
Ветрот не дава да се чуе
но во градиве тупотење на здружени крила бие.
Милион феникси се раѓаат во мене,
одново и одново,
секогаш кога ќе ти го слушнам гласот,
лекувајќи ме и мене,
правејќи ме поцврста
за некој нов универзум
каде ќе се родиш за мене и јас за тебе,
во време кое би било наше,
каде би гореле
во едно соѕвездие на пламенот телесен.
А до тогаш запомни
Ништо не е случајно
и не го добиваме тоа што го бараме
туку тоа што сме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Пастелниот поветерец,
извајан на твоите дланки,
ми го донесе пролетта,
несебично,
да го отвори срцето на вечноста,
за во него да протече,
од извор до утока,
една поинаква крв,
украдена од зората,
од квечерината,
што ја руши,
темнината во градиве што гори и пече,
од векот вековит што изворот незаситно ја влече,
го длаби тој,
зборот мој,
во тој олтар нов,
за моето и твоето лице,
засенети со твојот поглед,
роден во мојот,
од небото наросен,
и од сонцето исплакан,
не ќе застане тој,
не ќе замолчи,
дур гледаат очиве,
и не згаснат со твоите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Биди лист, ќе бидам твоја гранка
додека ветрот не те откине од мене,
кога ќе паѓаш ќе бидам земја пречеклива
и нежно ќе те прифатам.
Не плаши се сега кога ме имаш,
тука сум да го дочекам
и ублажам секој твој пад.
Ти ја постелувам душава,
допри ја,
нека те издигне бавно
за да ја почувствуваш
и сјајната ладовина утринска,
и попладневното сонце во долината,
и спокојната ноќ
таму на врвот на планината,
под полната месечина
која косите сега бели уште ни ги осветлува
и со светлина блескотна очите ни ги затвора.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar