1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ваша поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Не заробувај ме во нелогичноста на љубовта,
    не ранувај ме со срцето на блудноста,
    ќе останеш во минливоста на времето со мене,
    без мене,
    мојата осаменост,
    така само понекогаш,
    те разголува меѓу сонот и јавето,
    барајќи те во парче ткаенина од муграта сребрена,
    да ме разбудиш нескротливо,
    со твоето крштевање,
    и виното сокриено,
    во грлото на сите суводолици
    кои го параат мојот лик од коприна,
    пишувајќи ми една песна,
    расцветувајќи го огнот во градиве,
    кој пламнува раскошно на гранките,
    и плете се човечко во мене,
    да те допре во некои други простори да изгреваш,
    во ореолот на светците да постоиш,
    прости ми,
    што понекогаш,
    мојата копнеж за далечините,
    се напива од твојата бистра вода што венее и шумоли сама на ридот,
    носејќи ми ја сета твоја женска гордост,
    што почива врз брановите немирни на твојот град,
    кои исчезнуваат,
    со модриот дожд,
    врз асфалтот кој те краде од образиве,
    и ги газиш босонога без лузна,
    сокривајќи ја мојата прогонета крв во секој твој чекор,
    кој заминува бесмртно во ноќта.
     
    На КоњчетоЅвончо, Prashina и Iris* им се допаѓа ова.
  2. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Чекај ме,
    не тагувај завиена со темната руба на ноќта,
    ќе се вратам со првиот плач на сонцето новородено,
    да ти го разбудам лицето сонливо,
    не сум јас толку бедна пијаница, што во чашата место мраз,
    става ѕвезди сокриени во бели одари,
    само веќе не знам,
    дали ги туркам чекориве некаде,
    или сум застанат,
    во некое меѓувреме од магични акорди,
    ископани во тишината на мојата крв.
     
    На Prashina и Iris* им се допаѓа ова.
  3. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Охридска идила

    Сонцето печит,
    душава ја лечит,
    кајчево врвит,
    веслото не се кршит,
    флексибилно е.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Ве погребав сношти,
    со роза во раката,
    и една роса на неа од ноќта исплакана,
    си отидов песни,
    далеку од вас,
    ве заборави уморот на душава,
    најдов црвени стихови,
    што ми го бојат небото,
    во изгревањето и заоѓањето,
    и во нив љубов што смирува,
    љубов што стрела и лекува,
    од сето минато запишано во вас,
    во кое венеев,
    за сега да почнам да зреам,
    во плачот на новороденото дете,
    со мене и неа,
    на првата страница,
    од книгата неиспишана.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Под очиве,
    се згужвале солзи од мудрости,
    во твоите ириси,
    на пролетта мириси,
    размачкани од моите прсти,
    те носат со утрото од дожд натопено,
    во денот од темнината,
    со ветрот од светлината,
    молчам заљубено,
    насмевката и тагата на твоето лице,
    ги зашивам со љубовен конец,
    врз моите испукани усни,
    да навезам нови бакнежи,
    за тебе,
    една што со мене истекуваш,
    после толку години загубени,
    и во нив патишта заскитани,
    за сега, уште само еден чекор,
    и не ми е потребно тло,
    ниту небо,
    само нежноста на твојата коса,
    во сонот да ме заспива.
     
    #785 Mystic, 8 март 2017
    Последна промена: 8 март 2017
    На Iris* и Prashina им се допаѓа ова.
  6. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Под божурот на твојата младост,
    врне дожд,
    и венее една младост,
    во твоето срце запишана,
    како неповрат за чувствата свежи,
    кои умираат на твоите дланки росни,
    кои не тажат,
    и едно име во далечината не спомнуваат,
    како гордост,
    која се губи во насмевката на ѕвездите,
    кои те допираат,
    таму,
    каде светлината,
    заоѓа,
    и се претвора во виножито,
    за нас несудено.
     
    #786 Mystic, 11 март 2017
    Последна промена: 12 март 2017
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    На конакот од смртта,
    ќе се сретнеме јас и ти,
    ти уште млада,
    а јас со грива бела,
    ќе заборавиме кои сме,
    затоа што така е запишано,
    во приказната за двата града,
    кои ги делеше една улица,
    која го делеше самракот од муграта,
    мене од тебе,
    бакнежот од усните,
    и се што сонот сонеше,
    а не запиша луцидно,
    од тоа што крвареше,
    кога сонцето изгреваше и заоѓаше,
    врз грозјето,
    чие вино,
    боговите го испија,
    за навек,
    од кој никогаш нема да се простиме.
     
    #787 Mystic, 15 март 2017
    Последна промена: 15 март 2017
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    608
    Допаѓања:
    1,068
    Неспокој носат ветрови силни
    срцето се стега, очите жежат,
    боли бесот и солзата гори,
    боли лузната измамничка
    криејќи ја бурата
    што пред очи надоаѓа,
    не гледам ништо од прашината сива,
    ветерот фиданки крши,
    пороен дожд лицето го шиба.
    Сомнеж гнил во телото се вселил
    во кревките гради липање благо,
    ноќта сурова снагата ја троши
    додека не станам само сеќавање слабо.
    Страста слепа од студов се разби,
    згасна мислата во правот смртен,
    покриена од својата тага налегната
    полека се препуштам на мракот кадифен.
     
    На Mystic и Prashina им се допаѓа ова.
  9. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    608
    Допаѓања:
    1,068
    Се гледам во огледало
    младоста ми се смее
    а тажна е,
    толку далечна ја чувствувам
    а пред мене е,
    со детски сјај во очите
    и бакар во косите.
    Стои така и како да ми зборува,
    се вратив,
    се вратив од наросената градина
    каде тивко ѕвонат момини солзи,
    на брегот накитен со дијаманти и рубини
    во дланкиве сонцето го носев,
    лутав наслушувајќи го викот на едно срце
    чија љубов би го преплавила светот
    да не беше оковано во синџири,
    а се трудев, толку се трудев
    да го ослободам од оковите,
    со надеж го будев,
    со младоста го хранев,
    со насмевки жедта му ја гасев
    и го заспивав со песна.
    Лебдев под кадифената месечина
    и ја апсорбирав сета млакост од ноќта
    за да го дарувам
    со љубов платонска,искрена.
    Талкав по полиња и ливади,
    пловев по мориња далечни,
    од земјата до месечината,
    од тишината до светлината,
    каде ли се не ме прошета
    продавачот на соништа.
     
    На Mystic му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,569
    Доаѓаш во мојот свет,
    како птица на гранка што слетува,
    комфортно,
    без да те поканам,
    заминуваш од моето срце,
    без прашање,
    толку едноставно,
    на небото го размачкуваш со крилјата,
    витражот во очиве,
    дождовен,
    готов да распука,
    во илјадници парчиња,
    кои никогаш не ќе може некој да ги состави,
    нема да можеш ниту ти да ги составиш,
    од самиот почеток знаев,
    дека со тебе е крајот без воскрес,
    и овој ден е од квечерината погледнат,
    и е веќе парче минато,
    во времето,
    маскирано во април.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: