Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Бесмртен е снегот,
кој го покрива срцево,
распнато во твоите очи,
кои не сакам да ги разбудам,
со лажна љубов,
која не сакам да ја одиграм,
и ја силувам ко ефтина к***а,
со нежни стопала,
што газат темјан,
и сонат без мене,
толку убави,
и нека не ме пронајдат,
да не бришат меки прсти,
од нив тие нежни солзи,
кои болат,
без да молат,
и онака во мене се е доведено до крај,
кој не можеш да го разбереш,
како и секоја насмевка,
од мене несвесно подарена,
да ме немаш е како оваа пијана ноќ,
која завејува,
мртов човек,
и ме имаш во надеж,
која гори во кандилото,
од мојата немоќ,
создадена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Сечиј си и ничиј,
Секоја би да те има
Но што потоа?
Би излегла од својата кожа
Би лажела безобразно,
дрско,
Уверувајќи се себеси
Во лажната вистина
Јас сум грешница
недостојна за рајот.
Те оправдувам
Несвесно допирајќи ги болните усни
Исушени од молкот во утрата,
А очите печат
Молејќи за лажна насмевка
И каде е стисокот
Барем една прегратка
Сега кога сум ти никој
Барем толку ми должиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти мене јас тебе

Ти мене збор,
јас тебе извор,
ти мене сон,
јас тебе коњ,
ти мене пранги,
јас тебе дланки,
ти мене снегулка,
јас тебе пеперутка,
ти мене имот,
јас тебе живот,
ти мене дај ми,
јас тебе најди,
ти мене земја,
јас тебе темјан,
ти мене цвет,
јас тебе градина,
ти мене солза,
јас тебе очи,
ти мене вино,
јас тебе перла,
ти мене страст,
јас тебе мудрост,
ти мене нож,
јас тебе срце,
ти мене еден,
јас тебе последен,
ти мене мала,
јас тебе најголема,
љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape, Iris* and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Колку насмевки згаснале
Твоите румени усни,
Колку сонови срушиле
Твоите сонливи очи,
Колку души изгореле
Во твојот нескротлив оган.
А јас уште дишам
И по некоја навика
Ти пишувам.
Дојди ми ноќва
И љуби ме нежно
Само дојди и остани
Остани и кога ќе посакаш да заминеш.
Љубен не оди од мене
Зборувај ми тивко
За деновите минати,
Зошто секој нов ден
Сега е страдање,
Жедните утра
Од плач натопени,
Веќе нема ѕвезди
Во ноќите осамени
И молња небото го пара
Над прашливата улица
Полна луѓе,
А каде си ти љубен
Друга те грее додека заспиваш,
Помислуваш ли на нас
Кога си сам..
Само дојди и остани
Ако ме има уште во срцето твое
Вечерва во моето е права бура
И се што сакам е некому да припаѓам.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Пренежни се твоите зборови,
за тие извалкани груби допири,
од сатен џез изглодани,
не буди го ѕверот со нив,
колку му е само потребно,
да открие дека си вистина,
завртена во таа далечна висина,
крвта што му ја разгорува и растворува,
во бистра вода претвора,
да го изнесат трупот негов на мегдан пред сонцето од твоето лице убаво,
кое изгрева насмевка што ја гризе таа болка заспана во него,
да ја разбуди твојата,
запри и слушни ја неговата тишина,
не лекувај го,
одземи му го здивот,
и онака е твој,
сокриен во месо и поезија,
во ноќта која завејува,
сребрена прашина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Те гледам додека спиеш
Топол и пожелен,
страста се поигрува
Низ сонежливите трепки
И несвесно помислувам
Дека те чека да и се вратиш.
Веќе не знам
дали ја изневеруваш
Неа или мене.
Но ја имам ноќва
Да се насладам
Да го заситам гладот по тебе
Што во градиве ми врие,
Потребни ми се
Твоите груби допири
Да почувствувам дека сум жива.
Знам дека ќе заминеш
Со првиот сончев зрак
И нема да те штедам
Сеуште си мој
Ќе те вратам кај неа
Истрошен
БеЗ здив и страсти,
Обележан .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Купени изговори,
Продадени соништа,
Ќе се пронајдеме ли во лавиринтот
Низ кој тргнавме?
Каде е вистината,
А каде почнува лагата?
Каде е дождот,
Го криеш ли пак во очите твои?
Каде е ветрот,
Пак ли ме штитиш од него?
Само со еден
Неосетлив
Пајажинест допир
Ги отвораш малите светови
Во кои се кријам
И будиш
Неопишлива ненаситност
Во мене.
Не знам дали е проклетство или дар
Но секој допир ме збунува
Во главата ми се заматува.
И додека газиш по моите соништа
Не мораш нежен да бидеш
Нека твојот немир
Биде мој
А ти лесно сонувај.
Добра ноќ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кога венееш малечка,
не биди строга со себе,
пронајди ме,
затвори ги очите,
сопри го времето и рашири ги крилјата стуткани,
знам,
си заборавила дека ги имаш,
но јас ќе те потсетам,
да долеташ до мене,
да те допрам со светлина од акварелни бои,
кои не згаснуваат преку овие забранети златни полиња,
кои ги израснав со мудроста на љубовта,
боснога чекори врз мекоста на мојата земја,
испреплети ги дланките со моите,
почувствувај ме,
и поветерецот измеѓу,
кој ослободува,
вдиши се што значи живот кој нема заборав,
знаеш,
тука секогаш ќе те чекам кога и да посакаш,
сопри го времето и врати се,
никој нема да знае,
ќе мислат сонуваш,
а ти нема ни да сетиш,
насмевка на лицето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Живеам како пеперутка
во срцето твое,
треперлива мисла
Што од сон те буди,
кон небото се вивнувам
Шарајќи го воздухот
со мојте крилjа нежни.
Кажи ми љубов
Што значи тој молк,
не ме мачи,
те загрижува ли
немирново тело
Што низ небото твојте соништа ги носи,
дење над златните полиња
вистината ја барам,
а ноќе низ заборавот
своите неостварени желби.
Залудно е
не труди се да ме сфатиш
не можам да се спротивставам
на ветрот што ме носи,
но изутрина нежно
како допир на ладна свила
образот топол ќе ти го бакнам
без да те допре солзата
која би те разбудила,
па во твоето срце
повторно ќе се свијам,
тоа е мојот дом,
само тука сум сигурна
и заштитена
инаку одамна би одлетала.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Така лесно ти ги отворив портите на мојата душа,
ја отклучи со едно треперливо дојдов,
и сиот тој дожд што го носиш со тебе,
да обоиш една ѕуница сива,
што стоеше во неа,
немо на небото неподвижна и дива,
и се што сјае со новороден шепот,
е одраз на твојата насмевка сребрена,
што изгрева во ноќта,
и шумоли тивко,
спојувајќи со свилен конец,
ветер и грива недоречена,
како бистра вода врз разголени усни,
кои сега од илјада зборови,
не знаат да искажат еден,
што чувствувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina