Ваша поезија

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
ова требаше да биде песна
за тогаш, кога ме бакна во косата
а јас ти заспав на градите

или можеби за тогаш,
кога капките по мене се лизгаа
а ти ги следеше

и за времето што застана
тогаш кога двете воздишки станаа една
а ние се смеевме

требаше, но не ја напишав
оваа песна ќе ја напишеш ти
тогаш
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and street_chic

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
11111d.jpg

кога небото ќе гори
ќе бидам то тебе
можеби ќе те држам за рака
а можеби рацете ќе вајат каменa скулптура
кога и небото ќе гори
никој нема да гледа
во нас
ќе говорат само за небото
 

наташа

Староседелец
3 март 2012
139
115
653
Krusevo
Можам да те допрам
како порано.
Знам само јас
на кој начин.
Во соништата луташ ,
знам не велам не
ти објавувале љубов
на начин што не сум знаела јас
но сепак
можам да те допрам,
како и тогаш ...
Одам по ивица на влажен тротоар
и си мислам залудно е да ги
пружам овие мои безпомошни
крилја кон
оваа небо
тоа не сака никој да го разбере/
Можам да те допрам
онака како што сакам
иако знам дека си во други
прегратки но сепак знам и понатаму
без да знаеш ти .
Останав сама
но во сонот те чувствувам
блиску сум до тебе
и најважно од се можам да те допрам
да го смирам твојот здив,
треперењето на усните
додека тие се обидувале
да ме измамат .
Но продолжувам
пак сама .
Можам да те допрам
како мирис
што секогаш го има во полето
кога надеж
како еден мал свет
но тогаш
кога сето тоа го немаш
се обидувам да оставам се па макар и тебе .
Те допрев конечно
но овај пат заминав јас
засекогаш од тебе ,
и од мислите што секој ден
ги носев со себе . :))))
 

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
Знаеш што ти стои?
Хм, во дланките марама. Од облаци исткаена.
И додадено уште ветување, добиено лесно со насмевка, подарена.
Да, знаеш што ти стои!
Кога едно во друго ќе се спои,
тогаш точно, точно знаеш, што ти стои.


Знаеш што ти стои?
Вода во дланките, која уште мириса по возовите.
И додадено мое ветување, фатено во мрежи, пајакови.
Да, навистина, знаеш што ти стои!
И кога времето едно во друго ќе се спои.
тогаш точно знаеш, што ти стои.


Знаеш што ти стои?
Марама над езерото и облаците во дланките.
Изговорено твое ветување, како влажна солза од бајките.
Да, навистина знаеш што ти стои!
Кога герданот во круг ќе се спои,
тогаш точно знаеш, што ти стои.


А, знаеш што ти стои?
Дланка во езерото, "хаха", неозбилна мокра дама.
И едноставно наше ветување нестрпливо се грее во марама.
Да, навистина знаеш што ти стои!
Кога денот со ноќта ќе се спои,
тогаш точно, точно знаеш, што ти стои.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Проклет да е денот кога замина…
Проклет да е мигот кога одлучи да заминеш…
Ми недостигаш, знаеш?
И на другите им недостигаш,
ама мене така проклето
ми фали смеењето со тебе…
Проклет да е мигот кога
те видов за последен пат…
Знаев дека нешто се случува,
дека нешто не е ок…

Но бев заслепена, па не видов…
Заминав со насмевка и солзи во очите,
а вечерта беше убава…
Требаше да биде убава,
ама не знаев дека е проклета…
Исчезна….
Како никогаш и да не постоеше,
а мене ми беше омилена…
Те среќаваа по негде, некој,
само јас не…Вајда проклета сум,
па две проклетства не идат во тандем…
Ги втрев старите броеви,
барав одговори…
Еве сеуште празни дланки
и по некој спомен…
Некогаш ќе те спомнат со насмевка
некогаш со болка…
Во зависност од тоа кој како
гледа на твоето заминување…
А мене само ми недостигаш…
Јави се…
Појави се…
Барем некогаш…
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah, Bibi@ and 4FUN

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Празнина...


Ведро и свежо утро...
Бледи сенки од немири,
звук на осаменост,
поглед кон копнежот,
враќање кон бесконечноста...
Чајот на масата си го оставил недопиен,
креветот-ненаместен
и мирисот на тебе остана во собата,
но, помешан со некој друг мирис...
Ми смрди...
Мирисот на разделбата...
Тапа болка во градите,
невини солзи во очите,
болно чувство во душата...
Проклета празнина...
И во мене и надвор...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Те чекам...но до кога???


Цела вечер
Јас и Ти
Страст, копнежи, љубов...
Заедно, сами...
Волшебно е...
Како штотуку да сум излегла од најубавата бајка,
а ти си мојот принц...

Но, не, немој,
не дозволувај само да мечтаам по тебе...
Зошто си отиде?
Ќе се вратиш ли повторно?
Или ќе дозволиш само да те чекам,
да се надевам дека пак ке ја доживеам таа бајка...

Но, не, немој,
не дозволувај само надежта и копнежот по тебе да останат...
Остани и ти,
тука до мене
засекогаш...

Сакам повторно...
Сакам, силно сакам...

Сеуште го чувтсвувам допирот на твоето тело врз моето,
вкусот на твоите усни врз моите...
Сеуште се чувствува твојот мирис во напуштената соба...
Ги средувам впечатоците од вчера,
од прекрасно поминатата вечер со тебе,
и сеуште неможам да поверувам дека денес не си со мене...

Врати се,
Сега.
Неможам да чекам пак да дојдеш,
неможам да ја издржам отсутноста на твојот поглед,
светлината во денот која ја носиш ти со твојата насмевка,
неможам да чекам да дојде 3ти...

Дојди,
Тука сум...
Те чекам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
невидливо видлива

зашто тоа е најлесната одбрана
најлесниот начин на одбрана
земи еден предмет
обложи го со огледала по страните
па стави го каде сакаш
потоа затвори ги очите и заврти се околу себе неколку пати
толку колку да ја загубиш ориентацијата
и да заборавиш каде си го ставил
отвори ги очите
обиди се да го пронајдеш
можеби ќе успееш лесно
ако пулсот негов ти се врежал врз дланките
можеби и мене успеваш да ме пронајдеш лесно
зашто ми го имаш пулсот
врежан во тебе
но, ти си ти
а јас можеби немам поинаква одбрана
освен да се завиткам во огледала
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Замини...
не врти го погледот назад
не враќај го она
што некогаш беше цело
сега се само парчиња
доволно остри да се исечеш
да ја повредиш душата
да крвари како што некогаш
крвареше мојата.

За туѓи прегратки
За туѓа насмевка
која верував дека припаѓаше
меѓу тебе и мене
Ти и јас
и нашите сништа
за кои копнеев
надевајќи се дека некогаш
погледот ќе биде друг
а не само студен бран
за добра ноќ

Те сакав најмила,
Но повеќе болката не ми дозволува
да ти подарам љубов
да те воздигнам од ова сивило.
Се плашам како што се плашиш ти
да не останеме повредени
заведени од нашата глупост
заслепеност и индиферентност


Затоа замини најмила
додека е време
Додека раните можат да зараснат
да се спојат,
да бидат едно
како што некогаш беа за тебе
но никогаш повеќе не се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Ми недостига еден топол поглед,
и цврсто држење за рака.
Ми недостига сјајот на едни очи,
и храброста да им шепнам TE САКАМ.
Ми недостига една силна прегратка,
и скришно украден бакнеж.
Толку нешта ми недостигаат!…
а те нема да ми ги дадеш.
Ми недостигаат долгите разговори
и доверените тајни.
Ми недостигаат погледите,
и очи со искри сјајни.
Ми недостига рамо за плачење,
и смеата од срце.
Ми недостига, се губат
две подадени раце.
Ми недостига зима
затрупана во бели снегови,
за мене топли денови
ми недостигаат оние мигови…
Не ми недостига љубовта твоја,
никогаш ја немав.
Мене не ми недостигаш Ти!
Ми недостига човекот кој мислев дека си…