Ваша поезија

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Пеперутка

Ја отвори долго стегнатата дланка,
а во неа се’ уште една стара - гасеница.
Сакаше да полета, да го допре бескрајот,
ги рашири рацете, но остана на земја.

Беше странец во добро позната територија,
се гушеше во густите облаци на заборавот.
Му требаа само крила, а токму тоа немаше,
само крилата му отвораа пат до слободата.

Знаеше дека веќе не би гледал наназад,
а и што можеше да види? Само темнина!
Во трпението ја гледаше последната свеќа,
оној извор на светлина кој никако да блесне.

И за крај, ја отвори долго стегнатата дланка,
а во неа - пеперутка...

374310_2873091102070_1103674617_33114507_994442871_n.jpg
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Цутот на љубовта

Светот што го знаеше почна да се менува засекогаш,
цутот на љубовта во кој уживаше полека венееше,
остатоци од црни дамки и флеки, ко озонски дупки,
го опколуваа до недоглед, а тој сам.

Проба да ја осети со интимен допир... не успеа.
Диво го извика нејзиното име... без одговор.
Со поглед расеано ја бараше... насекаде темнина.
Го опколуваше од сите страни, а тој сам.

Не беше навикнат на овој живот без неа,
ниту сакаше да заспива без нејзината топлина,
се најде во дива, несекојдневна и туѓа околина,
опколен од непознатото, а тој сам.

Врели солзи како да му ги гребеа сувите образи,
плачот од болка стана негова најверна сенка,
полека сфаќаше дека крајот сурово доаѓа,
и го опколува безмилосно, а тој сам.

Светот што со неа го знаеше... се смени засекогаш.
Цутот на љубовта во кој двајцата уживаа... веќе овена.

images
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Намернo

Чувам шишенца со зачини и мириси.
Во мали садови од стакло, собирам различни нијанси на црвена боја.
Утрото го менувам во ноќ, ноќта во пладне, пладнето во вечер, вечерта во ден.
…………………………….
Смирени движења.
Залак по залак.
Голтка по голтка.
Вкусот се топи во усните.
Полека се шири, се разлева, продира, исполнува.
Голтка по голтка.
Залак по залак.
Здив по здив.
Смирено, на почетокот.
А потоа, сум гладна.
……………………………
Ги предизвикувам сетилата.
Секогаш кога сакам, ти, да го предизвикаш ритамот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood, Nighty and She

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Крај

Живеам на крајот од улицата.
Улицата се наоѓа на крајот од градот.
Градот, во последното ќоше, зафрлено на крајот од светот.
Последниот зрак од Изгрејсонцето е тој кој мене ме буди.
Мирисот на пролет доаѓа кај мене, најпосле.
Песната на птиците стигнува до мојата постела, последна.
Сонцето заоѓа зад мојата куќа, на крајот.
Крајот на светот е мојот дом.
………………………………….
Мојата приказна започнува тука.
На крајот, стојам јас.
Пред мене е целиот свет.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Имагинација

Овде се раѓам. Секое утро од почеток.
……………………………
Ова е дефиниран простор. Не и ограничен.
Овде сум внатре. Не и заробена.
Овде постои тишина. Не и молк.
……………………………
Овде не постојам.
Овде ме има.
……………………………..
Овде ме создаваш. Секое утро од почеток.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Шепотат… Раскажувам…

Молчејќи ми шепотат
ликови скриени во самракот
собирам воздишки, паметам приказни
од памтивек плетам нишки невидливи
раскажувам…
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Помеѓу себе и себе

Во предност сум.
Знам која сум.
Ти, се прашуваш.
……………..
Пулсирам во темнината.
Од оваа точка, перцепцијата е сосема дефинирана.
Чија?
Сечија, нечија.
Нивните, твоите.
Моите?
Од оваа точка, емоциите се сосема прецизни.
Пулсирам во тишината.
………………
Се прашувам.
Дали знаеш која сум?
Во предност си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Baronessa

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
31
Во неговото срце.
Ја започнувам оваа тема за споделување на вашите лични дела, без разлика дали станува збор за поезија, проза, сеедно. Еве јас да започнам:

Распната на љубовното платно

Те допирам, тоа не си ти
Истите очи, а друг поглед
Истите усни, а нем збор
И твоите образи огрубеле
под моите прсти жедни за љубов

Ме најде , а не ме бараше
не, ти за мене не сонуваше
мене во сонот не ме среќаваше
а во мојот живот дојде непоканет
да ме собориш со поглед, да ме соголиш
и потоа да исчезнеш

Грубо ги зариваш твоите ладни воздишки
во моето топло тело, а јас глас немам да вриснам..
колку те љубам и колку те мразам
само една солза во очите насетувам
и не ја пуштам..

Седиме еден до друг
ти во поинаков свет од мојот, што всушност е твојот
јас кај тебе престојувам , а ти од себе бегаш
за да ми избегаш со сите болки и немири во себе
и јас повеќе не знам што да чувствувам
ти ме збунуваш, ти ме уништуваш, ти ме убиваш..
молчиш и тогаш најсуров стануваш
на лице маски си ставаш и патуваш
само да бидеш подалеку од љубовта
подалеку од мојата прегратка..

На ова платно љубовно ти ме распна
па мојата крв ја валка неговата белина
љубовта крвари, преживува..
ако успее од твојата рамнодушност да преживее

Ме сечеш се подлабоко
а јас одбивам да се покорам
чувам глас за живот да побарам
ако имам сила да се осмелам
без тебе да живеам, а половина да не постојам

И пак те допирам , а тоа не си ти..
телото ладно, а душата ти ја нема
жив мртовец во своја кожа
и двајцата умираме еден до друг
јас од тебе, ти од нејасни причини..
и во некои чудни форми постоиме
распнати меѓу нежност и грубост
меѓу љубов и болка
меѓу страв и надеж

распнати меѓу себе, крвариме..
а за сите други...живееме..

Ти да..
Јас не..
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Гледам во далечината во ноќта
скриена под прекривката на мракот.
Ова е само тажаленка без смисла
додека седам осамена во паркот.

Одамна си заминаа сите кои беа тука
одамна си замина и мојата радост.
Одамна си замина и ти...
Со себе ја понесе ведрината на една младост.

Ѕвездите заводничи светкаат пак,
онака како ноќта кога прв пат те имав.
Дали секогаш вака боли кога губиш некој драг,
дали вака ќе боли секоја зима?

Студенилото на снегот без жал
се провлекува и низ спомените мои...
Бела магла, бел снег, бела тага...
Избледува од сеќавањето допирот твој.

Те чекав долго, те чекав молчејќи
и немо ги гледав очите твои – зелен рај...
Зошто пак тие не ми шепнаа без глас
дека така брзо ќе дојде крај?

Не зборував ништо додека заминуваше,
очајот ја гребеше мојата душа...
Иако молчев, бескрајно молчев
знам ти мојот нем плач го слушна!

Зошто не се врати, за збогум немо да ме бакнеш
и бескрајно тивка прегратка да ми украдеш...
А потоа полека, полека, нежно
еден безгласен зелен поглед да ми дадеш...

Па да и простам на ѕвездичкана мала
што така бесрамно еднаш нас не спои...
Знам, знаеше и таа дека ти без мене
ќе продолжиш иднината да ја кроиш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and Hip.Hop_MKD

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
31
Во неговото срце.
** Јас се извинувам, не забележав дека има посебно катче за Поезија и Проза, па можат таму да ја префрлат модераторите. Сепак ми е нелогично за секоја поема да има посебна тема, најубаво би било во една тема да се сместат нашите лични дела. Ако сепак модераторите не се согласуваат, нека ја заклучат.. Благодарам:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin