1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ваша поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. Baronessa

    Baronessa Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    524
    Допаѓања:
    751
    Безгрижноста е бесценета.
    копнеж да го вратам времето не стивнува.
    да те гушнам и кажам добро утро, немам можност.
    немам можност да трчам накај тебе...
    а паркот и насмевките, се навраќат кога и да ја преминам реката...
    болката на загубата ме уби..
    па станав имун на чувства.
    имун на секоја среќа и гледав само за свое задоволство.
    згрешив.
    и никогаш нема повторно да ја имам таа надеж.
    ме израсна од пелени, се радуваше на моите први чекори и зборови..
    само сум благодарна што никогаш не фрлив земја над тебе..
    ти праќам 1000 зборви и молитви...
    Те Сакам, дедо...
     
    На FallenAngel, toby2, ~ Скарлетка ~ и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Baronessa

    Baronessa Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    524
    Допаѓања:
    751
    Страсти згаснати како пикавци во пепелник
    А душава стивна како жар во огниште
    Веќе љубов не расте
    Полињата на мојата милосрдност не даваат плод
    Животот ме направи како дрво во есен
    Лисјата на моето човековие испаднаа
    И немаат цел зборовиве
    Јас останувам осамен поет
    Кој во ноќта пишува за изминатото
    И мириса на сончев зрак кој топи снег
    Како што ти ја растопи душава
    Само оној кој доживеал
    Ќе почувствува
     
    На Browny, FallenAngel, Евелент Аиден и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. Baronessa

    Baronessa Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    524
    Допаѓања:
    751
    Ѓаволот да го следев, ќе го стигнев.
    Но следев човек, човек без сенка.
    Каменот да го љубев ќе се сронеше од мојата љубов.
    Но љубев човек, човек без срце.
    И по мртовец да плачев, ќе го оживеев.
    Но плачев за човек, човек без душа!
     
    На Browny, Vitruvian, FallenAngel и уште 4 други им се допаѓа ова.
  4. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,929
    Овде пишувајте ги вашите дела.. :)
     
  5. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758

    Недостасуваш кога појадокот го јадам сама,
    кога немам друштво за којзнае кое кафе по ред,
    кога нема кој да ми рече утешен збор,
    кога нема на кого да му кажам дека сум нервозна,
    кога се оди по ѓаволите,
    кога солзите само што не протекле...
    Но, недостасуваш и кога
    немам со кого да ја споделам радоста,
    кога не си до мене за да те гушнам од среќа,
    кога немам со кого да сторам нешто лудо,
    кога сите ме поддржуваат, а сакам некој да биде против,
    кога нема на кого да кажам дека се вљубив,
    кога сакам некој да ми ја стисне раката
    и да ми рече „Оди, ти можеш!“
    Недостасуваш секогаш кога не си тука!
     
    На Luckky, ~ Скарлетка ~, freak и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. Andrea Bloodbucket

    Andrea Bloodbucket Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    280
    Допаѓања:
    328
    Ми недостасува една насмевка,
    некаде тајно загубена во сонот
    онаа твојата искрена и детска.
    Ми недостасува еден бакнеж,
    мал трепет од соништата
    една голема љубов за нас.

    Ми недостасува еден поглед,
    што денот ми го исполнува,
    тивко ме милува во ноќта.
    Ми недостасува еден нежен збор
    што ќе ме разбуди од овој сон,
    кошмар кој тивко ме убива.
    Ми недостасува еден твој допир,
    излезен од оние наши спомени
    една љубов што ме грее.
    Ми недостасува таа далечнa љубов
    на која се сеќавам со насмевка
    нешто што беше некогаш реалност.
    Ми недостасуваш ти
    твојата насмевка, бакнежи...
    очите што ме топлат
    со само еден поглед.
    Ми недостасуваш ти
    да го исполниш мојот живот
    да ми дадеш некоја смисла.
    Ми недостасуваат зборовите:
    Ова не е крај,
    Но, не е возможно, нели!?
    Ми недостасува сè што имавме,
    но сега сè е завршено,
    една тивка воздишка
    на моево рането срце,
    еден тивок бакнеж кој ги гори усниве.
    Но, не постои веќе ништо!
    Сè замина неповратно со спомените.
    И тоа тивко изречено, ние...
     
    На Jasmina-Jase, Vitruvian, ~ Скарлетка ~ и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Згмечена јагода најдов на подот од Епархијата твоја,
    со звукот на нејзиното лице тој под го бришеш
    А рече:
    „Згужвано ми е лицето да ја доближам до мене
    ја гледам одалеку за спокојно да дишеш.“


    Ветрови и мисковина, се собраа во шоља за чај
    И сите заплети ги наквасија со убост,
    Додека не го изми ѓонот Ахиловски со нејзе
    и не потпиша издршка за стокмена лудост.

    Јас ќе ја соберам од подот,со залепена аловост на прсти
    душмански извик а лажно подвиткана трепка,
    Ќе молчам уште овојпат пред Портите твои извиена таго,
    ќе го расплетувам клопчето да и го подарам на новата сплетка.

    Гордост!
    Закопана...
    Храброст!
    Подвиена...

    Мојот Тројански коњ се врати жеден,
    да ме клоцне на прагот кај што лежев свиена....
     
    На Lena, Реми, Luckky и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. She

    She Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    568
    Нема наслов овој пат

    Пред една година,
    ко мачките под прозоров
    се душкавме и снегувавме.
    Римувавме и еден во друг
    по стоти пат се заљубувавме.

    Година подоцна,
    ти стана еднодимензионален и далечен.
    А јас лежам гола
    низ трњето од твојата душа.
    Што и да направиш нема да ме боли повеќе,
    не чувсвувам ништо,
    отрпнав од болка.
     
    На Jasmina-Jase и True_Blood им се допаѓа ова.
  9. Angiie

    Angiie Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    506
    Допаѓања:
    640
    Е да бе, јас сакам нова тема за мојата поезија. Није фер! :rolleyes:
    Сама​

    Сама...како пламенот од свеќа што гори,​
    Срце се обидува да проговори...​
    Толку силно и забрзано бие​
    Мислиш од гради ќе избие.​
    Тајни во него се скриле,​
    Болки го свиле...нож му забиле.​
    Сама...ко осамена птица без крило,​
    Сама во ова сивило..​
    На силата и барам трага​
    За да продолжам ми треба снага.​
    Сама...​
    Само гласот на тишината го слушам,​
    Се гушам...​
    Како ли тишината да ја нарушам?​
    Сама...се мачам, спасот си го барам,​
    Во празно со очите шарам.​
    Ја најдов само пукнатината стара.​
    Солзите сега ми се друштво,​
    Сега тие се на служба...​
    Знаат, не поднесувам гужва.​
    Сама...​
    Повторно сама во темница седам..​
    Ме осветлува од свеќата светлина бледа.​
     
    На Jasmina-Jase, Peace, True_Blood и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. Primrose

    Primrose Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    680
    Допаѓања:
    1,288
    Јас, да јас...
    Но, не сама. Јас...Со него!
    Со него или со виното.
    Никако со стравот, ниту со болката, со солзите.
    Тој, да тој...
    Но, не со друга. Тој... Со мене!
    Со мене или сам.
    Ние, да ние...
    Но, нас не нема. Каде сме...?
    Ние или ништо.
    Љубов, да љубов...
    Но, што е љубов?
    Тој да ми покаже.
    Тој или никогаш да не почувствувам љубов...
    Срце, да срце...
    Го имаш?
    Јас да. Но, скршено е...
     

Сподели: