Вашата прва љубов

Pisoi

Староседелец
6 јуни 2014
22
8
1,003
29
Охрид
Мојата прва љубов беше дечко од друг град и имавме врска на далечина,а верувале или не јас од секогаш сум била против врските на далечина ама ете што прави љубовта,особено првата хехе :)
И со задоволство можам да кажам дека првата љубов која ми беше на далечина прерасна во вистинската љубов која сега можам да кажам дека ја имам во моја близина :)
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
На мојот наставник син му. Учеше во првиот клас а јас во вториот. Во 5 одделение се преместив во неговата училница. Четири години луда бев по него. Он беше како козичка див. Ме клоцаше кај ќе стигне. Деришта. Ја сакаше мојата соученичка.
Сега е во Америка. Заврши Костозглоб во Бугарија.
 

mistergirl100

Нов член
14 јуни 2014
10
6
3
28
Се започна на игралиштето кога игравме фудбал (деца) и по 3 месеци навечер ми стигна смс во 12 часот каде тој ме праша за врска после 1 недела се согласив и одевме околу една година но неговата бивша постојано се плеткаше во врската и на крајот и успеа да ја растури..По тоа тој сеуште чуствуваше нешто за мене ме прашуваше повторно да излеземе но не се согласував и по 2 години повторно излеговме .Излегувавме можеби 3 недели и повторно го сменив статусот од сингл во врска и сега уште малку ќе направиме 1 година :)))
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Пред три години го запознав тоа девојче бевме у врска ми раскина (brokenheart) и сега сме онака као friends with benefits и така од коа ме остаи не сум отишол со друга и ја сакам поише од се :)
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Детска љубов бе , од забавиште :rofl никогаш не дознав дали и тој чувствуваше нешто кон мене . Но со постапкоте покажуваше дека не му е сеедно . Секој чекор ми го следеше , од 22 ученика од мене бараше учебник кога го имаше заборавено . 7 години учевме заедно , и никогаш ништо не ми кажа во 4 очи :D
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Првата љубов ми беше во трето одделение. Потоа во 7 си отиде, се пресели во друга држава и не слушнав веќе ништо за него(brokenheart)
После толку години, после цели 12 години се најдовме во диско, и сега сме заедно (сенадевам засекогаш )
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
„Љубов“... Дејан на 4 години.
Си го раскрварив коленото пред него и си ги скинав убавите, нови хулахопки и после умре „љубовта“ пошто не можев да си простам што ме видел во такво никакво издание.