Вашата прва љубов

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Бевме 7мо одд и јас на него му бев прва љубов и он на мене. Се вика Горан и нема да го заборавам тој период пошто тоа беше нај чистата форма на љубов од човек што ја имам доживеано :)
 

malata..

Истакнат Член
16 февруари 2013
38
42
318
една и единствена сеуште.. го запознав уште во прво одделение, беше едно многу брливо детенце од мојот клас кое се караше со сите и често знаеше да се степа со машките поради мене. не ми беше комшиче ама секогаш си одевме заедно прво кај мене па кај него дома. на крај на шесто одделение ми рече дека ме сака и ме праша дали сакам да му бидам девојка јас му реков дека нејќам пошто не ми се допаѓаше неговото понашање и откако заврши учебната година се отпиша од школото и изгубив секаков контакт со него. потоа кога се запишав во средно дур во трета година дознав дека учиме повторно во иста гимназија, но кога го видов воопшто не личеше на малото прцле од основно, туку беше веќе многу извишен и со сменет карактер. и така почнавме пак да муабетиме и продолживме од таму кај што застанавме :cool:
 

Kalino.Mome

Полноправен Член
29 декември 2012
53
78
18
Не беше од мојот град. Го запознав во Охрид,летото втора за трета година. Тој, мој врсник, ама со далеку поголемо животно искуство. Да бев русокоса, а тој да беше постар, ќе бевме нешто како Отело и Дездемона. Ми се допаѓаше таа негова зрелост. Инаку, не беше тип на момче што обично ме привлекуваа. Бевме различни. Многу различни.

Ми ги симна сите ѕвезди од небото. Му симнував и јас него понекогаш, но бев повоздржана. А го сакав. Иако не траеше подолго од една недела, верувам дека го сакав. Ама, што од неискуство, што од несигурност, тоа не го покажував. Барем не доволно.

Вечерта пред да си оди, плачев. Плачеше и тој, а рече дека не плачел ниту на погребот на дедо му. Којзнае, можеби ме лажеше. Па и подобро да ме лажеше. Не сакам да верувам дека го чувствувал кон мене она што јас го чувствував кон него, зашто така, би испаднале најголемите кретени на целиот свет што дозволивме толку лесно да се изгубиме еден со друг.

Откако си отиде, се слушавме нон-стоп. Нешто подоцна, дојде во мојот град. Потоа, продолживме да се слушаме и да си пишуваме, ама не дојде до следна средба. По извесно време и разговорите престанаа. И толку беше.

Некои велат ако било вистинско, ќе траело. Нема грешка. Од кај знаат па тие дали беше вистинско?
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Ја бев трето одделение он беше петто , ја живеев у Ѓорче он у Влае .)) и толку ништо не се деси , ја бев затрескана у него едно време и од тогаш немав ништо чуено за него и пред некое време видов дека се оженил и има детенце и носи очила за вид и цтр цтр, и забележав дека е црномањест многу повише од шо ја сум мислела , и уствари он е првиот дечко со темен тен шо ми се свиѓал, не алудирам на ништо едноставно лично мене тој факт многу ме изненади познавајќи се себе:D
 

Luisana12

Полноправен Член
4 мај 2013
64
40
18
Прва љубов,ехх..баш се сетив на тоа лето и на денот кога го видов прв пат.хаха :D Викаше се Христијан,плави очи,смега коса..висок.Јас бев 7мо оделение , а он 1ва година..знам дека бев опсесирана со него,секој ден го зборев,мислев и триста чуда.Уствари он беше мојата прва невозвратена љубов.:eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Peace

Peace

Истакнат Член
3 ноември 2013
9
14
103
24
Мојата прва љубов .. Бевме на иста возраст и учевме во исти клас. Беше многу симпарично момче, и тој беше вљубен во мене. Секој негов поглед ми ги растреперуваше пеперутките во стомакот. Го сакав 5/6 години, и не се одкажав од него се додека тој не се вљуби во друга. И уште се сеќавам на сите незаборавни моменти. Ми останаа како спомен од детството. :mstickle
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Било је то некада давнооо... Комшија ми беше типот, заедно пораснавме, мајките секоа ден кафе пиеја заедно а ние игравме на нинтендо, па ми даваше дискети со игри, па коа игравме криенка никад не ме поплукуваше мене, а и вечерувавме заедно у пекарата... Ама он постар некоја година, и порано созреа, си фати девојка и ја сакав очите да и ги извадам ама се праев дека ми е е сеедно пошто он нели е клошар а на дама као мене не и требаа колошари. Ееее коа ке се сетам смеа ме фаќа... Сеа сме на едно здраво и краток муабет кај си шо праиш, али ептен ретко се срекаваме секој си оди по свој пат, но мајките наши сеуште го пијат кафето заедно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Секогаш се смешкам на оваа тема ... Моја прва љубов - мојот денешен најдобар пријател ... хаха секогаш се смееме кога го читаме мојот споменар ... па и девојка му редев , другарка ми .. Еве две години си се заедно ... а јас и он сме секогаш за добар муабет расположени , а и да ги нема веќе ониеее старии љубовни пеперутки во стомакот кога сум до него ... хаха ...
 

Metalec

Полноправен Член
1 јуни 2014
36
33
18
33
Мојата прва љубов беше во основно.
Заедно седевме на клупата.Јас ја сакав но , незнаев дека и таа ме сака јас тоа го дознав од една нејзина другарка.Потоа и таа ми потврди се беше убаво се додека не не преместија.Па таа се заљуби во друг па во 6то не разделија во друго одделеније и така заврши.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Navoj