Вашата прва љубов

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Мојата прва и единствена љубов ја запознав пред 2 години. Тазе вратена дента од одмор, бев излезена со 2 другарки во парк. Седевме на првите голчиња, пиевме црвено вино и муабетевме. Оддеднаш, ни пријдоа тројца, кои седеле цело време на другиот крај од скалите. Муабетевме саат време, па почна да врне и се скривме под големо дрво. Не пеперутки, огномети чувствував во стомакот. :sram Љубов на прв поглед. До ден денес, памтам дури и како беше облечен. Отткако преврна, јас и мојата љубов заминавме да пиеме вода. Yeeeaah right. :sram
Овој месец ќе си правиме година ипол. (hug) Се надевам дека ќе си поминеме уште барем 60 годинки заедно. (inlove)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Е сега незнам што треба да пишувам.
Дали онаа „прва љубов“ платонска од рани години, или прва љубов што не натерала да се вивнеме во небото и за две минути да се приземјиме.

Онаа платонска љубов ја запознав во второ одделение, кога една комшивка повозрасна од мене можеби 7-8 години, ме баци на образ поради што се согласив да отидам во продавница да и купам цигари.
Два дена не и’ дозволував на мајка ми да ме баци на тој образ.
После тоа ја гледав секој ден пред да одам во училиште, и си викав дека ќе соберам храброст да и‘ кажам дека сакам да ми биде женска (колку сум бил... летајџија :) )
И да, собрав храброст, отидов кај неа, и и’ реков дека ја сакам, а гледав во земја цело време, и така слатко си се изнасмеа...
И ден денес кога ќе ја видам ми е срам од таа глупост што ја направив.

А првата искрена љубов, онака што ми ги сврте сите органи во мене, беше на 19 години.
Забранета љубов која ми направи многу минус поени во мојов живот, што и денес неможам да ги поправам.
Мажена жена, со ужасен брак и едно дете.
Се споив со сенките само за да бидам со неа.
Ама тоа е, забранетото е слатко ама и горко...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
На осум години, 94та лето господово.
Се запознавме преку пријател на татко ми, дружба зезанции закачања, држење за раце, крунисано со бакнеж во образ за збогум. Симпатично и детски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Првата љубов ми беше у 2ро одделение беше некој ден кој прв ти се намсее те сака и мене ми се насмеа едно детенце од 3то б, а јас бев 2ро б, и училниците ни беа една до друга, и после од 5то исто пошо класни ни беа македонски и на двајцата, и накај 7мо коа бев он дозна дека го свиѓам, па го сликав демек за другарка ми (мада и на неа и се свиѓаше) и брат и башка учеше со него и ја бев многу љубоморна на неа... После откако заврши он, го викаат Мече иначе, се упиша у Орце и не го глеав многу, ја у Ѓорѓи се запишав, таму имав друга симпатија, па дечко, онаа вистинска прва љубов, одев 3 години скоро, мање битно е тоа сега, и баш пред некоја година две седев со другар му на Мече и ми вика абе јана вака и вака Мече тебе те сакаше во основно, што не правеше за тебе ау, си му личела на верверичка, многу си му била слатка, и мене ми падна едно криво незнаете... И не правевме муабет сите овие години, и пред некое време ме додаде на фејзбук и во Охрид сега го видов на плажа и си рековме здраво :wub
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and katetoo

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Првата љубов ми беше од маало и траеше.....можеби и уште трае. Ама дечишта не знаеме шо сакаме и ние. :banghead
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Прва љубов? Симона...соседно одделение....плавуша.....братучеда ми ми ја намести партнерка за полуматура да ми биде....Поминав убави моменти со неа после полуматура. Сега кога и да ја сретнам, денот ми се зафркнува. |-(
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Сум го заборавила ваљда,не знам ни сега како изгледа,ама паметам само дека Горан се викаше...Не ме заслужил па да го паметам.
И така :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: gabi96 and WomanInRed

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Првата љубов шо ме тресна одземја и шо коските ми ги стресе беше некаде во четврто или петто одделение... така плав висок од мене 2 години постар.. првпат на лизганицата кај неговата зграда го видов и од тогаш се затрескав...едно добри 3-4 години летав у ваздух (не дека не ми се свиѓаше да летам) али кога паднав ептен здраво си ги исподрав коленцата...

Онаа ептен вистинската беше годинава, март некаде. Никого толку силно не сум сакала. Јест да сум свиѓала и манијачела доста народ од машката популација, али овој брррррррр... уште ми се ежи кожата кога ќе помислам на него. И то... Уште сме у контакт али зафркнато е :)