Вашата врска гледана од страна на вашето друштво

Ryze

Истакнат Член
13 октомври 2012
39
20
108
In the middle of nowhere
Не барам совети од пријатели за љубовта и не дозволувам да ми се мешаат во интимниот живот.
Совет секогаш барам од некој најблизок (брат, родител, роднина), бидејки пријател си е пријател и знаеме што значи пријател.
Среќно заљубен во врска сум си со најпрекрасното суштество од сништата Succubus и пак сум во контакт и дружба со пријателите. Никогаш не си дозволувам да дојде момент за избор помеѓу пријател/и и љубов. Анкетата е промашена со понудените одговори али нема везе :D Сепак и не можеш да разликуваш љубов со пријателство бидејќи партнерот ти е најголем пријател пред се нели? Сепак за последново у друга тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Succubus

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
А што ако вашиот партнер се меша во вашите пријателски врски? Се случува да од ко ќе се фатат двајца да изгубат контакт со некој пријатели; до вчера ко ќе се видат ќе се изгушкаат, денес само едно здраво оддалеку. Него не е тоа темата.

Нз, до сега ми се немаат мешано во ниедна врска, можеби поради што сите женски сум ги држел на дистанца од друштвото, та и ретко се познавале меѓу себе или само здраво. Кај мене секогаш се дешавало со девојката да излегувам само ние двајца сами или со нејзиното друштво, оти мојве увек се биле со некои свои обавези.

Но ми се деси еднаш у средно да послушам совет од другарчињата со која да продолжам од две што ги имав на лагер, и ми го потпикаја јако. За таа што поише ја свиџав ми велеа била растурена пустата, а другава да ти била прибрано девојче, со неа да се фатам. И така сакајќи да одам со домаќинка у тие години, си останав скоро една година сув барут та морав да и раскинам оти до брак не планирала да се општи кутрата. Пу бе!

Инаку, да нема мешање и проблеми, мој совет е друштвото и партнерот да се стават на два краја и да немаат многу контакти. Проверено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Што тогаш?
1.Ги слушате нивните "совети" за изгледот и однесувањето на вашата љубена
2.Ги игнорирате и се одалечувате од нив.Не е потребно ним да им се допаѓа се,доволно е вие да бидете задоволни.
Не ги слушам нивните совети,посебно не за изгледот,а околу однесувањето да,прифаќам мислење што е објективно гледано,сепак некој трет што е од страна може подобро да увиди некои работи отколку самиот јас. Но,сепак,моја е крајната одлука дали и како ќе дејствувам,дали тоа ќе има некој впечаток итн.
Ако станува напорно,онда учтиво ќе ги замолам да прекинат :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Доколку се вистински пријатели не би требало да се мешаат ;)
Доколку се вистински пријатели, ќе постапат реално со тоа што ќе пробаат да те оттргнат прво на фин а после тоа на директен начин ако врската лошо влијае врз тебе.
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
31
Pax Terra
Значи можат нешто да ти укажат но не и да ти се мешаат. Не ми се мешаат но знаат да ми преречат во некоја работа ако сум згрешил или што знам. Да ми солат памет како треба, секако би ги ислушал но барем до сега никогаш не сум го прифатил мислењето. Но директно да ми се мешаат и не знам некакви проблеми да ми прават не.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Првите 5 минути ја зезаа за нејзината возраст, кога ги замолче сите со две реченици изгледаа вакви :eek:^):| следните 5 минути имаше морничава тишина после почнаа да разговараат, до ден денес се во одлични односи :)