1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

ВАЖНО за форум "ТВ" и форум "Филм"

Дискусија во форумот 'Филм' започната од Selma, 19 февруари 2012.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,362
    Допаѓања:
    7,069
    Пол:
    Женски
    ВАЖНО!!!
    • ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ДА СЕ ПИШУВА НА КИРИЛИЦА. Ако немате кирилилична подршка клик овде.
    • Пред да отворите некоја тема погледнете дали има таква тема, задолжително напишете кратка содржина и пожелно би било да ставете постер од серијата/филмот.
    • Не пишувајте оф-топици, ако се согласувате со некое мислење претиснете на Ми се допаѓа.
    • Доколку веќе сте напишале едно мислење и сте заборавиле да напишете нешто редактирајте го мислењето со кликање на Измени.
    • Строго е забрането јавно споделување линкови до торенти и слична илегална содржина. Доколку ви треба торент или линк од некоја серија, обратете се на некој член што ја гледа серијата по ПП.
    • Секое мислење кое ќе биде на напишано на латиница, оф топик или содржи линкови до илегална содржина ќе биде избришано.
    Доколку забалежете неправилности, пријавете го мислењето или пратете ми порака.
     
    На Hip.Hop_MKD и The Tramp им се допаѓа ова.
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,401
    Допаѓања:
    4,226
    Зошто низ форумов имаше мислења кои место да те наведат да го/ја гледаш филмот/серијата, ти ја раскажале целата содржина, што ќе се случи на крај, кој бил пресвртот, кој ќе умре во следна сезона, кој ќе остане труден и од кој и слично:

    Рецензија е писмен приказ на во случајов филм или серија, како вие сте го доживеале, како сте го оцениле, дали го препорачувате или не и зошто. Со ваши зборови и филозофија без раскажување на секоја сцена детално.
    А кога мора да одвоите дел од филмот/серијата како посебен или дел што вам ве натерал да размислувате, заплачете, насмеете, а тој дел открива многу за филмот-користете спојлери.
    Плачев кога на крај Џек умре.
    Третата сезона не е иста без Емили.

    Како НЕ треба да изгледа една рецензија!
    Да, и ние го пуштаме филмот и премотуваме десет минути пред крај само за да видиме како се снашле жените. Пошто исто како да сме го гледале до таму.

    Како треба ДА изгледа една рецензија.
    Доволно кажано за да те наведе да го гледаш филмот, а ништо прераскажано и откриено од филмот.
    (има и други добри рецензии, ама да не должам)
     
    На Anakin, Roxelana, warr и уште 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели: