ВАЖНО!!! ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ДА СЕ ПИШУВА НА КИРИЛИЦА. Ако немате кирилична подршка може да инсталирате. клик Секој има право да отвори некоја тема за група/пејач или некоја тема која поврзана со музика, секако ако нема таква тема. Пред да отворите нова тема претходно видете дали има таква. клик Темата треба да содржи мал вовед и некои прашања кои ќе развијат дискусија. коментарите кои се неповрзани со темата ќе се сметаат за офф топик и ќе бидат отстранети Ако се согласувате со некое мислење или ви се допаѓа песната што ја објавил некој член кликнете на „Ми се допаѓа“ И доколку веќе сте напишале едно мислење и сте заборавиле да напишете нешто изменете го мислењето со кликање на Измени. Во темата „Моментално слушам“ поставете линк од песната која ја слушате или напишете го името на песната и не пишувајте мислења од типот „Јака песна брат“, „Ми се допаѓа“, „Ништо не слушам“ . Ако ви се допаѓа песната што ја има поставено членот кликнете „Ми се допаѓа“. И не објавувајте песна под песна, користете го копчето Измени. Доколку ви истекло времето за изменување мислењата ќе бидат споени од мене. Строго е забрането јавно споделување линкови до торенти и слична илегална содржина. Доколку сакате да презвемете песна/албум побарајте по ПП од некој член кој има пишувано на темата. Доколку забалежете неправилности, пријавете го мислењето или обратете ми се преку порака.
Од денес има подфорум Групи и подфорум Изведувачи, доколку отварате тема за некоја група или изведувач отворете ги во соодветниот подфорум. Доколку отварате тема општо за музика отворете ја во форумот Музика.