1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Букурешкиот мировен договор

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Ку Рајбер, 8 август 2013.

  1. Ку Рајбер

    Ку Рајбер Полноправен Член

    Зачленет на:
    2 август 2013
    Мислења:
    71
    Допаѓања:
    59
    На 10 август 1913 година е потпишан Букурешкиот мировен договор со кој Македонија е распарчена на 4 дела,од кои најголемиот (Егејскоит со над 34.000 км2) и е доделен на Грција.Остатокот на Србија (над 25.000 км2), Бугарија (над 6.000 км2) и мал дел на Албанија (1.100 км2).
    [​IMG]

    Во сабота (10 август) навршуваат 100 години од поделбата на Македонија.

    Дали и е нанесена штета на Македонија со овој договор,дали ова е планирано сценарио,кој според вас е начинот да опстанела Македонија ако не се потпишал овој договор?
     
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Другарче, интересна е темата и има многу за дискутирање, ама ќе треба да се вмеша и политика, а на форумов е забранета дискусија за политика :|
     
    На theowndemon и Anakin им се допаѓа ова.
  3. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Не можеш да го смениш тоа што го смислиле големите.Уште пута 3 години ќе поминат.Единствено можеме да се смалиме или да се претопиме во друга нација.
    Сурово, но вистинито
     
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Како тоа Македонија била распарчена?!
    Распарчена е Отоманската империја на која и се одземени територии по пат на војна од страна на сојузот на балкански држави.
    Монастирскиот, Косовскиот и Солунскиот вилает поточно.
    Наведената територија била околу 530 години во состав на Отоманската држава.

    Дали некој би можел да објасни како тоа била Македонија поделена. Барем за неупатените. Особено поради прецизните цифри дадени во километри квадратни.

    Што тоа смислиле и кои се тоа `големите`?
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977
    Многу засегачка тема....но колку политика има овде , мислам тоа е и целта на овој договор,...желбата да јадат се повеќе и повеќе, си се договориле си земале тоа шо сакале.....и до ден денес тој договор постои...ја дури мислам соседиве чекаат како мршојатци над рането животно да паднеме и да не разграбааат. Само нема толку лесно да им биде.
     
  6. Ку Рајбер

    Ку Рајбер Полноправен Член

    Зачленет на:
    2 август 2013
    Мислења:
    71
    Допаѓања:
    59
    Дискусија за нашава политика,да.
    Ама овде се работи са поинаква политика,која не ги засега сегашниве политички партии,па мислам дека не ги крши правилата на форумов.
    Па сега збориме за Македонија,а не за цела Отоманска империја.Не може да се лажеме дека не е Македонија туку цела империја.
    Јас зборам за Македонија и поделбата на нејзината територија.
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    За која Македонија поточно зборуваме? имало многу македонии пред да не поробат Османлиите. Македонија на Филип и Аце до Индија шо била, Македонија на Самоил, На Крал Марко? Да се разбериме од старт: Македонија како држава не постоела 500 и кусуро години пред букурешкиот договор. Постоела како регион. Со балканските војни била распарчена Османлиската империја. Тогашниот регион Македонија бил поделен како воен плен. Тие големите шо ги спомнувате, ама да знајте колку само пенисот ги болел за Бугарија или Грција. Ама ич не ги болел. Ако Британија сакала можела многу лесно да ја прогласи Македонија за своја колонија ( само 15-16 земји во светот не биле Британски колонии) така да ви пропаѓа во вода теоријата на заговор дека цел свет бил против Македонија. Македонија не добила независност зашто македонците тогаш биле влакнести дунди, извинете на францускиот, и ја продале својата слобода и ВМРО ( тогашното а не ова сегашното ДПМНЕ) за малку бугарски кеш. Ко ке остани трлото без кучиња, волците ке ги земат овците. Така и тогаш. немало кој да ја брани Македонија па чесно и поштено си ја поделиле.. И немој некој да сонува дека териториите ке се вратат.
     
    На La Bruha :), Saladin и Outrider им се допаѓа ова.
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266

    Тоа е муабетот, која тоа Македонија и која нејзина територија? Постоела отоманска територија со јасно дефинирани граници, админстративна поделба, власт, собирање даноци и сето она кое дефинира една држава.
    Во тоа време не постоела никаква Македонија. Следствено на тоа неможела да биде поделена.
    Денешната РМ е правен наследник на отоманските вилаети?!
    Териториите се освоени од страна на сојузот на балкански држави, скоро целата европска територија на Отоманското царство. Си ги освоиле и си ги поделиле.
    Така настанувале државите, така се ширеле или исчезнувале. По пат на сила. Finders keepers. Другото се фантазии за `природни права` и `етнички територии`...

    Тие картите се произволни фантазии, исти како оние на голема Албанија или велика Србија или санстефанска Бугарија...

    Точно, постоел таков регион, како што постоеле и Тракија и Епир и многу други. Но таа територија не била административна целина ниту во рамките на отоманското царство, не пак независна држава. Нешто како Малесија или Малешевијата во РМ денес. Именувана област без дефинирани граници (апроксимација) и без администрација над именувата област.

    Не знам како не разбираат луѓето толку едноставни работи.
    Иако ова и не е само овдешен проблем, малкумина знаат дека Германија постои само од 1871...
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    Помина и тој ден. Македонија не се обедини. Етничко-историската Македонија. Оваа нашава, се дели секој ден.
    Реално, зашто би воделе толку војни за да потпишат договор дека за толку време ќе го дадат крваво заработениеот дел на некоја земја.
     

Сподели: