Бројот 7

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Добро ти ја сфаќам поентата, сепак јас верувам во броевите на математичко ниво, најголема мистерија и најмногуи интересни работи се имаат случувано со бројот 9, од стилот, кој број помножен со девет,резултатот собран дава 9 [ 9 * 5 = 45 (4 + 5 = 9)]

Исто барајќи текстови налетав и на овој, го имам во компјутер, сепак повеќето работи се пишувани во стил на жолтиот печат а не дека се сите точни :)

п.с. истиот текст е превземен од некој сајт, а го има скоро на сите.
Дечко, одбери си некој број. Подели го со 11. Цифрите од периодичниот број во остатокот собери ги и добиваш замисли точно 9. Пример 16/11=1,45454545454.... 4+5=9. И шо сеа треба да се клањаме на 9-ката?
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Дечко, одбери си некој број. Подели го со 11. Цифрите од периодичниот број во остатокот собери ги и добиваш замисли точно 9. Пример 16/11=1,45454545454.... 4+5=9. И шо сеа треба да се клањаме на 9-ката?

Изборот е твој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
aj вака. Заеби децимален броен систем. Ај да земеме хексадекаден, може? најголема цифра таму е F.
1A*F=186
1+8+6=F
Исто е со сите броеви.
Aj да земеме октален, може? Таму најголема цифра е 7.
12 * 7 = 106
1+0+6=7

Знаеш што е заклучокот од ова? Во било кој броен систем збирот на цифрите од производот на било кој број од тој систем помножен со најголемата цифра од истиот систем е точно најголемата цифра. Ова важи за сите бројни системи.

Еве одбери си. Сакаш тетрален? Не е проблем.
12*2=101
1+0+1=2

Сега кој број е магичен? Понекогаш почнувам да го мразам декадниов броен систем знаеш зошто? Затоа што луѓе како тебе кои виделе нешто што се вика манипулирање со цифри и готово тука броевите имаат магично значење и одма се наоѓа значење во се` поврзано со истите.



edit: Ах, да за малку ќе заборавев. Патем, во декаден броен систем, 0,(9) = 1. Знаеш како?
0,99999....=a;
10*0,999999....=10*a;
9,999999....=10*a
9+0,99999....=9a+a
пошто а=0,9999.... може да напишеме
9+а=9а+а;
1=а

Е сега истово направи го со хексадекаден систем, само место 0,(9) стави 0,(F) и место 10 декадно множи со 10 хексадекадно (16 декадно).

И сега која цифра е помистериозна? 9 или F?
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
aj вака. Заеби децимален броен систем. Ај да земеме хексадекаден, може? најголема цифра таму е F.
1A*F=186
1+8+6=F
Исто е со сите броеви.
Aj да земеме октален, може? Таму најголема цифра е 7.
12 * 7 = 106
1+0+6=7

Знаеш што е заклучокот од ова? Во било кој броен систем збирот на цифрите од производот на било кој број од тој систем помножен со најголемата цифра од истиот систем е точно најголемата цифра. Ова важи за сите бројни системи.

Еве одбери си. Сакаш тетрален? Не е проблем.
12*2=101
1+0+1=2

Сега кој број е магичен? Понекогаш почнувам да го мразам декадниов броен систем знаеш зошто? Затоа што луѓе како тебе кои виделе нешто што се вика манипулирање со цифри и готово тука броевите имаат магично значење и одма се наоѓа значење во се` поврзано со истите.



edit: Ах, да за малку ќе заборавев. Патем, во декаден броен систем, 0,(9) = 1. Знаеш како?
0,99999....=a;
10*0,999999....=10*a;
9,999999....=10*a
9+0,99999....=9a+a
пошто а=0,9999.... може да напишеме
9+а=9а+а;
1=а

Е сега истово направи го со хексадекаден систем, само место 0,(9) стави 0,(F) и место 10 декадно множи со 10 хексадекадно (16 декадно).

И сега која цифра е помистериозна? 9 или F?

Де бре човек, како се зазборе, ко да сме на натпревар. Незнам што толку сакаш да ми објасниш, факт е дека нема само еден и единствен број што “треба да му се клањаш“ али ја не глеам ништо лошо во тоа да си инспириран од математиката, која е нешто слична во физиката од стилот “Секое тело потопено во вода, се водени“, така и секој број помножен со 9 збирот од резултатот дава 9...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Де бре човек, како се зазборе, ко да сме на натпревар. Незнам што толку сакаш да ми објасниш, факт е дека нема само еден и единствен број што “треба да му се клањаш“ али ја не глеам ништо лошо во тоа да си инспириран од математиката, која е нешто слична во физиката од стилот “Секое тело потопено во вода, се водени“, така и секој број помножен со 9 збирот од резултатот дава 9...
Ама ти не го ни прочита убаво последниот пост нели? Се обидувам да ти покажам дека...ај заеби. Не се обидувам ништо да ти покажам.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Ама ти не го ни прочита убаво последниот пост нели? Се обидувам да ти покажам дека...ај заеби. Не се обидувам ништо да ти покажам.

Е да де, се обидуваш да покажиш дека секој број има по некоја “мистерија“ . Убо ја те сфатив што сакаш да кажиш, само многу ја зазборе:)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Е да де, се обидуваш да покажиш дека секој број има по некоја “мистерија“ . Убо ја те сфатив што сакаш да кажиш, само многу ја зазборе:)
Абе каква мистерија какви глупостарии. Не е тоа мистерија, тоа сакам да ти покажам. Тоа се само математички манипулации. Такви финти има уште мал милион и не станува збор за никакви мистерии. Друже, мој совет ти е да не се ограничуваш само на декадниот броен систем. Разгледај ги убаво и другите бројни системи и ќе видиш дека „мистерии“ не постојат.
 

Smiley_1996

Истакнат Член
14 февруари 2012
345
802
393
Кумановоoo !
Ќути не ми ја зел никој темата.:igra

Според "Тајниот свет на математиката" - ниеден број не ужива толку почитување како бројот 7.
За Питагора и неговите следбеници тој е "невин" број. Единствен број помал од 10 кој не е ниту фактор, ниту производ на други броеви.
Старите Грци знаеле за 7 планети: Венера, Марс, Сонце, Јупитер, Сатурн,
Меркур, Месечина (сметале дека Сонцето и Месечината се планети).
Исто така знаеле за 7 светски чуда: Зевсовата статуа во Олимпија, Колос
од Родос, храмот на Артемида во Ефес, мавзолејот на Халикарнас,
светилникот на Фарос, пирамидите во Египет, висечките градини на
Вавилон.

Античките градови Вавилон, Рим и Ерусалим се подигнати на 7 рида.
Еврејските храмови содржат свеќници со 7 крака, што претставуваат симбол
на "вечна светлина која од сонцето ја одразуваат 7 планети". Храмовите
исто така содржеле по 7 олтари.
Пановата флејта има 7 дупчиња, а Аполоновата лира имала 7 жици.
Според верувањето на старите Египтјани, душата на покојникот минува преку 7 одморишта.

Народот верува дека 7 години ќе го снајде несреќа оној што ќе скрши огледало.
Седмицата има 7 дена.
Англичаните веруваат дека 7-то дете е предодредено да прави чуда.
Спектарот се состои точно од 7 бои. Ако се измешаат сите заедно, се добива светлината.
Од памтивек човекот го мери времето според месечевите мени, а секоја трае околу 7 дена.
Човекот на своето лице има 7 отвори (2 уши, 2 очи, 2 ноздри и уста).

Детето во 7-от месец добива заби, а во 7-та година ги менува....


Буда посочува дека до Нирвана се доаѓа низ 7 степени, а Вавилонците
граделе пирамиди со 7 скалила, што ги симболизирале одделните предели на
небото.
Исламот располага со 7 називи за божјото знаење, а Куранот говори за 7 ката на пеколот.
На секои 7 години човечкото суштество целосно се менува и обновува.
Кај многу болести критични денови се 7-от, 14-от и 21-от.
На секои 7 дена
човечкиот пулс е побавен.
Годините 7, 14, 21 и 35 за човечкиот живот се
најзначајни за развојот на духот и телото. Инаку, и годината на
климаксот, особено 49-тата (7 х 7) е исто така поврзана со бројот 7.
Периодот на гравидитетот е 280= 7 х 21 дена.
Глушецот донесува на свет мали глувчиња по 21= 7 х 3 дена. Слично:
стаорецот по 28= 7х 4 дена; мачката по 56= 7 х 8 дена; кучката по 63= 9 х
7 дена; лавицата по 98= 7 х 14 дена; овцата за 147= 7 х 21; шатката за
28= 7 х 4 итн.


*Убаво е напишано ..те подржувам:kafe ... и мене ми е бројот 7 посебен ...
Да додадам уште некои работи :
~ Колку дена Госпот го создавал светот ?? 6 дена и 7 одмарал ...
~ Колку бои има виножитото 7... кога сите ке се измешаат се добива бела(светлина) ...
~ Колку чакри има телото ?? 7 ... :) :angel
2-chakri-glavnite-energetski-centri-na-teloto-www.kafepauza.jpg

Зборот чакра е од санскритско потекло и значи тркало, вртење. Чакрите се познати како центри на силата или спирали со енергија. Се смета дека постојат 7 чакри, или како уште се нарекуваат тркала на светлина, во едно енергетско тело. Секоја од чакрите е поврзана со еден нервен ганглион кој се разгранува надвор од ’рбетниот столб. Чакрите најчесто се претставуваат во форма на цвет или во форма на тркало. Во првиот вид, одреден број ливчиња се наоѓаат околу периметарот на еден круг. Во вториот, одреден број радиуси го делат кругот на делови, со што чакрата добива изглед на тркало. Секоја чакра има одреден број делови или ливчиња.
Чакрите се во корелација со боите, звуците, кристалите, телесните функции и психата. Секоја чакра си има своја боја. Секој орган, жлезда од телото е поврзан со одредена чакра, а со тоа и со одредена боја. Седумте центри на енергија – чакри се подредени во вертикална линија по должината на ’рбетот почнувајќи од основата на ’рбетниот столб и се движи нагоре до горниот дел на скелетот. Ако постои нарушување кај некоја од чакрите, тогаш се појавува и дизбаланс на виталниот систем. Чакрите не се поврзани само со физичкото здравје, туку и со менталното и емоционалното.
Многу народи, култури и религии се обидувале да ги протолкуваат и објаснат чакрите. Постојат многу модели на ослободување и правилно користење на енергијата од човечките енергетски центри. Особено важно е да се споменат моделите во Хиндуизмот, тантричките модели, тантричкиот будизам, хималајската Бјонпо традиција, современите модели. Постојат тестови и методи со кои се одредува која чакра е водич на вашиот организам.

1. Муладхара - основна или коренска чакра – (јајчниците/простата) се однесува на инстинктот, сигурноста и основниот човечки потенцијал. Прикажана е како четирилисен цвет во црвена боја. Главните точки на интерес вклучуваат сексуалност, копнеж и опседнатост.
2. Свадистана - сакрална чакра – се наоѓа во карличниот појас, се смета дека се однесува на бубрезите и генитоуринарниот систем. Поврзана е со портокаловата боја, а прикажана како цвет со 6 ливчиња. Нејзиното емоционално значење се однесува на ентузијазмот и радоста, додека пак физички оваа чакра го управува репродуктивниот систем.
3. Манипура - соларна плексус чакра – се наоѓа во папочната област. Поврзана е со системот за варење и метаболизмот. Чакрата манипура е прикажана како цвет со десет ливчиња во жолта боја. Нејзини точки на интерес се личната моќ, управувањето со стравот и колебливоста. На емоционално ниво оваа чакра управува со личната моќ, а пак психички со избувливоста.
4. Анахата - срцева чакра – се прикажува како цвет со дванаесет ливчиња во зелена или розова боја. Нејзини точки на интерес се сложените емоции, нежноста, урамнотеженоста. Оваа чакра ја управува циркулацијата на телото.
5. Висуда - грлена чакра – поврзана е со моќта за комуникација и напредок во изразувањето. Се наоѓа паралелно со тироидната жлезда. Висуда е прикажана како цвет со шеснаесет ливчиња во сина или тиркизна боја.
6. Ајна - чакра веѓа – таа се смета за чакра на третото око и е поврзана со епифизата. Внатрешната суштина на ајна е пристапот до интуицијата. Ментално, таа управува со визуелната свест, а пак емоционално управува со јасновидноста на интуитивно ниво. Таа е прикажана како цвет со две ливчиња во темно сина или бела боја.
7. Сахасрара - последната чакра се смета за чакра на чистата совест. Се наоѓа на круната на главата и се прикажува како цвет со илјада ливчиња во виолетова боја. Оваа чакра се однесува на прашања поврзани со внатрешната мудрост и смртта на телото. Нејзина задача е да ја ослободува кармата.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Се колнам во светите броеви дека отсега натаму ќе ги игнорирам ваквите теми и мислења и нема повеќе да правам муабет за ова.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky