Бришење на Фејсбук пријатели

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Одамна си имам направено чистка и од тогаш прифаќам само тие што ги познавам
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Вие што бришете неактивни, досадни, оние што ви делуваат грди, непознати итн, мора да имате многу слободно време за да прочешлате низ секој профил и да видите кој каков е. (think)
Освен ако не ви е поради приватност...I have bad news for you.
Мене ми треба многу да ми зоврие за да избришам некого.
Не као сега јас славната, па ќе прифаќам секој можен, ќе ги оставам да се восхитуваат на мојата убавина, да ми настегаат лајкчиња, па после моето Височество ќе фати да ги брише зошто не биле достојни да ми стојат на листа. Ма, ни ме занима кој е неактивен, ни ме занима да правам селекција само оние што ги познавам да стојат, ниту пак да вршам некоја класификација овие се убави, оние не се, па ајде, бриши, зошто, иако ретко одам на фб, сметам дека доволно знам да проценам какви да прифатам, па еднаш штом сум прифатила, чуму бришење, освен ако не се покаже ептен некоја бизарна и безобразна фаца.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Е тука грешиш. Не е потребно некому да му влегувам во профил, да го психоанализирам, да трошам додатно време за секој негов пост да осгатнувам дали е спам или не. Едноставно, тие се појавуваат во News feed и статистички 90% од статусите ако ми се качуваат на живци со секојдневните дебилни фрази, со барање на рандом апликации, лајк4иња, тантур4иња и такви мити неологизми, бришам без да речам А.
Втор болд првата половина никад не сум замарал со ваков третман или наречи го повеќе тортура за некакво лајк4е апликација или нешто слично. Втора половина, се дешава бе крах на профил, хакнување и користење за реклами. Се дешава некад некој со кој сум правел најнормален муабет виа ФБ во последните месеци да му се „смени“ психолошката слика и да стане највечи спамер. Културно си прашуем у живо или виа целуларец онака уз муабет шо се дешаа со ФБто и ако вика дека не се замара, бап бришка. Ова зборам за случаи на блиски пријатели.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Скоро да и немам луге кои не ги познавам,а наместо да ги бришам тие што ги познавам а досагаат со своите статуси или слично,како што вели Saladin само ја користам опцијата за да не ги гледам нивните објави.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сал, сепак само фејсбук е. Едно од низата онлајн збиралишта за различна маса, кое имало среќа да стане најпопуларно.
Секој си има право што сака да си прави со профилот, тие ќе пишат дебилизми, други ќе ги бришат поради тоа, ок.
Едноставно, од моја гледна точка сметам дека сајт полн со клатикурци, голи пилиштарци, љубавни голубичи и инбокс афери, партиски пиунчиња, квази сарказми и фармвил зависници, не заслужува некакво посебно внимание.
Можеби дека сите мои подобри пријатели ми се блиску, немаат или не го користат фејсбукот активно, па затоа сум со олд фешнд технологија звана телефонски повик и сè додека не сум лично инволвирана, за тие 5 минути што пролистам, не ме тангира кој кај се тагнал, кој е у врска, кој постигнал нов левел на фармвил и остало.
Но имајќи во предвид колкава улога игра во модерниов начин на живот, ќе си молчам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and Saladin

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid

интересно е што во последно време се појавува нов тренд на гасење на фесјбук профили, што значи дека со тек на време фб ќе го изгуби своето значење кое го имаше во почеток а тоа беше дружењето.
Од лајкови, фото сесии ко за плајбој, политички агитации веќе преку глава ни е
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
интересно е што во последно време се појавува нов тренд на гасење на фесјбук профили, што значи дека со тек на време фб ќе го изгуби своето значење кое го имаше во почеток а тоа беше дружењето.
Од лајкови, фото сесии ко за плајбој, политички агитации веќе преку глава ни е
Всушност неговата првична намена никогаш и не беше за дружење туку за мерење на егото. Некои тоа го правеа/прават директно, другите индиректно. МСН-от имаше похумана цел и поголема сличност со дружбата. Оние кои идеа по директна постапка на полнење на егото, најчесто го деактивираа профилот. Оние кои знаат да се контролираат и не постираат све и свашта колку да бидат завележани, знаат да направат дистинкција помеѓу виртуелниот и реалниот живот.

melpomena точно, тоа е еден начин на затскривање на оноа што не сакаме да го видиме. Но што ќе речеме ако некој константно спамира со ѓубре? Мора да се почне од корен. Ако ми е близок и го знам лично и имаме некаков контакт друг besides FB, се прашува поштено и се праи муабет. Ако не, здравје нек го прља туѓиот преглед на нови статуси. Мојот и не мора.
 
Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Па почесто бришам, ги бришам оние со кој несакам да контактирам во приватниот живот, а и на Фејсбук.. Не прифаќам секакви понуди за пријателство, и то..
 
Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Па бришам пријатели како ќе стигнам така.Најчести причини се затоа што замараат и целиот вал ми е со нив,поради досадните игри,оти не ги познавам,безобразилак и сл.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y