Брзи мезиња

Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
38
Во потрага по мезе за со пивце ми дојде идеја да отвориме тема каде што сите ќе споделат мезиња кои можат да се подготват брзо. Не мора само за со пивце, може и винце, ракиичка.

Пример, одлична комбинација за со пивце е тако чипс со неколку парчиња кашкавал за тост во рерна и сервиран со лут кечап.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Со пивце највеќе ми иде -
kikiriki.jpg
Pistachio_Nuts.jpg

имав една рецепта за солени колачиња,кои често го правев пред неколку години, да ја најдам ќе ја споделам овде.
Многу се вкусни и брзо се прават и идеална комбинација со пивце (pivo)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Леле, што ќе ми е да отварам вакви теми во ова време. Лигиве уз ПМС сами си идат. :D

Мене ми е прекрасна комбинацијата од обичен Бејк Ролс и стопен кашкавал измешан со иситнети печурки и нане/магдонос + пиво. Можам да се давам во ова.
Постар леб исто може да се искористи така што ќе се намачка со ептен тенок слој маргарин, ќе се иситни, па парчињата ќе се испечат да станат крцкави, потоа врз секое залче се става круг краставичка (па може и ситно парче домат) и одозгора се ренда сирење. Е ова е перфектно за со ракиичка. Македонски шмек има.
За со вино ми текнува само на оние „пософистицирани“ комбинации од лепче со сирење или парче кашкавал со нешто малку сувомеснато и маслинка (без семка, секако) замотани и боцнати со чепкалка. :gladen

Е сега ми се јајт, ми се урлат, што би рекол тетин ми.
 

Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
38
Еве уште нешто што ми текна:

1. Лепчиња багетчиња на мали кругчиња - врз нив премаз од маслинки, така стоплени во рерна и одозгора шери доматчиња.
2. А најбрзо мезе за со узо рецимо - ѕаѕики (најдобро направено со павлака, рендани краставици и лукче обавезно за шмек)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle