- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,018
- 1,683
Системот на убавите уметности за првпат го оформува францускиот мислител-опатот Шарл Бате, во средината на XVIII век во неговата расправа "Убавите уметности сведени врз еден принцип". Во ова дело танцот, односно "уметноста на гестот" го завзема своето место заедно со другите уметности: сликарството, скулптурата, музиката, поезијата и танцот, кон кои се придодаваат архитектурата и говорништвото, за да се постигне бројот 7, зошто во рамките на традиционалната поделна се до периодот на ренесансата, а и подоцна, постојат 7 "слободни" и 7 "прости" уметности. Ова претставува замена за стариот принцип, и клучен принцип на обединувањето на "убавите уметности" е подражавањето.
Значи танцот заедно со другите уметности се сведува на подра`авање на природата (стварноста) и на тој начин се гради првата општа теорија на уметноста заснована врз новото разбирање и толкување на уметностите.
Подоцна квалификациски е поставен меѓу изведбените уметности како една "просторно-временска уметност" со јасни белези на мимична и на миметичка изразна силина, а при обидот да се дефинира се определува како "ритмичко телесно движење, често пати во заедништво со музиката". Па поради тоа "е универзален или речиси универзален феномен во човечките култури" (Ноел Керол). А малку поопфатно го дефинира танцовата критичарка Џудит Меркел: "Танцот е движење на телото на ритмички начин, вообичаено вез музика и во определен простор, со цел да се изрази една идеја или емоција, да се ослободи енергија, или едноставно да се најде задоволство во движењето само по себе".

Имате ли омилен тип на танц? Омилен танчер или танчерска група?
За мене тоа се Jabbawockeez.