1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Бремена пред бракот - во минатото и сега?

Дискусија во форумот 'Бременост' започната од EliBo, 1 јули 2013.

  1. Ita

    Ita Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    1,953
    Допаѓања:
    1,981
    Пол:
    Женски
    А што ако тоа е некој идиот у секоја смисла на зборот? Зар родителите би си ги дале децата на некој таков тип?

    Што се однесува до темава најнормална работа само проблем би имало доколку мажот не го прифати детето, т.е не си ја признае грешката, а ги има многу такви. Е сега и ова не би било страшен проблем доколку мајката би била малку разбрана, разумна и современа жена т.е не би се замарала што би рекле "комшиите" туку би се замарала како да го воспита и израсне детето. Но кога би имале некоја мајка која е хистерична и која не би ги преживеала муабетите на "комшиите" е тек тогаш и до абортус доаѓа само за да не биде посрамотена она и нејзиното семејство пред "комшиите". :confused: И во двата случаи на крај детето пак го влече дебелиот крај и би било нарекувано со секакви навредливи зборови.
    Менталитет балкански.

    Што се однесува до мене може ова и не ни треба да го спомнувам ама добро би било тие помалите да научат нешто од туѓите грешки. Туку три пати ми се има случено да мислам дека сум, од тие три пати двајцата беа како да им соопштиле смртна казна, се уплашија, избегаа, па дури стигнаа и да ми се закануваат, ме тераа да пијам таблети за "чистење" до 72 часа, чиста среќа што одеа на рецепта па не можев да ги земам и што ли уште не. Разбирам да се уплашат и јас бев уплашена но кој да ти верува, се осеќав како само јас да бев виновна и како на сила да сум ги натерала тоа да се случи. Затоа девојчиња пред да запознаете некој и пред да почнете нешто со него размислете и проучете го каков е т.е што за личност е, а најдобро ќе ви биде воопшто да не се впуштате во некои такви авантури со луѓе кои не ги познавате доволно добро оти има секакви луѓе ама баш секакви. У кратки црти не бидете глупи ко мене!
     
    На Baknuvalka и Outrider им се допаѓа ова.
  2. MacedonishQueen

    MacedonishQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 јуни 2015
    Мислења:
    202
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Значи ако доброволно си се даваш самата тоа е веќе друго, а ако те силува некој идиот наравно нема да го земеш бидејќи тој ти го уништи животот. Секако има многу девојчиња денеска што се лесни, се лажат дека ги сакаат и ајде ќе легнам, и после се прашуваат "зошто не сум сакана, пишуваат 300 глупости на фејзбук, постираат тажни статуси итн". Нормало кој ќе ги сака кога гледаат лесни се во паметот. А ти со тоа што кажуваш ти се закануваат, ништо не ти можат, жал ми е тоа што ти се има десено. Не мисли дека си глупа, има многу такви идиоти.
     
    На Ita му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,536
    Допаѓања:
    5,086
    You`re not a muslim but a troll but none the less...
    Клиниките кои се занимаваат со хименопластика се опседнати од забулени креатури кои треба да се венчаат `невини` ...
    Ми текна една ситуација која ми ја соопшти познаник (мајка му работи во приватна гинеколошка ординација)....имало за преглед некоја забулена и кога ги симнала бечвите, докторката ја става на некој посебен стол за преглед и коа ќе види шо ќе види - зацементирано гомце на ничија земја измеѓу чмарот и вагината :patos(puke):facepalm2 хигиена на ниво на раниот среден век...

    Не е чудно што ја имаш загубено довербата во машкиот род :^)
     
    Последна промена: 8 јули 2015
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MacedonishQueen

    MacedonishQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 јуни 2015
    Мислења:
    202
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    ај глеај си работа ти ;)
     
  5. Ita

    Ita Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    1,953
    Допаѓања:
    1,981
    Пол:
    Женски
    Темата била споредба, мислам дека нема некоја голема разлика од минатото и сега, ист проблем, исто решение.
    @MacedonishQueen се разбирам но тие идиоти, за да се однесуваат ко идиоти треба некој да им го дозволи тоа, јас ја направив таа грешка и тоа не еднаш за жал но се надевам дека веќе никогаш нема да ја повторам
     
  6. Sesil

    Sesil Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    298
    Допаѓања:
    230
    Пол:
    Женски
    Нормална работа во денешно време. Порано било срамота ако е бремена невестата, денес е чудно да не е.
    Јас и маж ми одлучивме од коа ке се земиме бар година време да живееме без деца, да си дадеме време да се превикниме на новите околности и обврски, па потоа да одиме чекор понатаму. И сега сите душебрижници се замараат во кого е проблемот, што е причината што немаме дете, па со сожалување ме гледаат коа ке кажам дека сеуште детето не е на пат, а никој не зема во предвид дека може тоа е наша одлука.
     
  7. bliznaci

    bliznaci Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    123
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Така е сеа.Не им е срам денеска така.Се смета денеска за нормална работа.Тоа што било срамота порано,денеска не е.
     
  8. Traviesa

    Traviesa Истакнат Член

    Зачленет на:
    8 јуни 2016
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Дома има слика од свадбата на тета пред дваесет и кусур години. Бремена 5 - ти месец со стомак до носот. Авангарда тета. :D
    Сега секојдневие се бремени невести. :)

    Мене единствено глупо ми кога некој пар се влече со гооодини, па прават дете и тек после свадба пред пораѓај. Не знам зошто ми е глупо. (wasntme)
    Уствари знам. Не сакам долги врски. Ме асоцираат на досада, а не на жар и искри и огнови. :giggle
     
  9. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    926
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Разликата е во тоа што во минатото кога некоја ќе останела бремена стапувала во брак и останувала во брак, сега ако остане некоја бремена пред брак ќе прави свадба и по некоја година ќе се разведе.
    Примери вакви се многубројни, ретко во денешно време да успее брак, зошто луѓето премногу пребираат и се оставаат за ситници. Едно од полошите работи е да си бремена пред брак и да треба да се омажиш за некој што не те сака и не сака да има иднина со тебе. Бидете многу внимателни да не си ја зафркенете иднината. Во таков случај само абортус, зошто во спротивно три животи засекогаш ќе се уништат.
    Уште потрагично е што луѓето стапуваат во брак заради тоа дека невестата е бремена, а не дека сакаат да го поминат животот заедно. Уште од почеток е осудено на пропаст.
     

Сподели: