Бранење на дипломска

snowbella

Нов член
30 август 2013
1
0
1
33
Здравооо :) Наскоро треба да дипломирам, па би сакала оние кои веќе се дипломирани да споделат искуство од бранењето бидејки ме фаќа паника :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Види... Ако ти си доволно спремна и ораторството ти е јака страна...нема потреба да чувствуваш паника.
Затоа што бранењето на дипломанската не е ништо друго освен краток говор за она што си го учел.
Тие неколку минути... ти треба да изгледаш како академски граѓанин способен она што го научил да го пренесе на другите, или пак да го искористи во продуктивни работи.

Најголемата грешка што ја прават сите пред бранење на дипломска: „Леле колку имам тремаааааааа“ - и одма едно диезепамче. „Лелеее ми се тресат рацетееее. Леле ми рекоа со алкохол ќе сум поопуштен/а“ - и одма две три чашки коњак.
И се ко оскубани кокошки/петли кога ќе застанат да зборуваат..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Чиста формалност ти е одбрана дипломска.
Гледај да се придржиш до времето кое е предвидено, напрај си презентација, извежбај ја дома 2-3 пати и тоа е тоа.
Кога ќе помине ќе си ја чукаш главата колку било лесно и немало потреба да се паничиш.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Здравооо :) Наскоро треба да дипломирам, па би сакала оние кои веќе се дипломирани да споделат искуство од бранењето бидејки ме фаќа паника :)

Отиди кај некого на дипломска или влези во салата за да видиш какво е чувството.Гледај во присутните и главата горе. Извежбај претходно пред домашните. Отспиј се претходната вечер, појадувај и без паника. Со среќа и со лесно!
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дај кажете некој совет за човек ко мене на кого ораторството не му е јака страна, мрази да одржува говори и кога ги одржува, изгледа и звучи ко најголем дебил. Толку немам појма како треба да изгледа една дипломска, што не знам што треба прво да кажам кога ќе ми се наредат професорите пред мене. "Добар ден, јас сум таа и мојата дипломска работа е за тоа."? А, и мора да се прави фешта после тоа? Или доста е само едно виски и чоколадни бомбончиња? Доста е по едно вино за професорите као "подарок"? А и што им се вика кога ќе им ги даваш... "Ви благодарам на прекрасните години на факултетот, еве ви вино"? Пфффххахах. Знам дека сум мозок, али сериозни ми се прашањава. Совети... да ги чујам.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Дај кажете некој совет за човек ко мене на кого ораторството не му е јака страна, мрази да одржува говори и кога ги одржува, изгледа и звучи ко најголем дебил. Толку немам појма како треба да изгледа една дипломска, што не знам што треба прво да кажам кога ќе ми се наредат професорите пред мене. "Добар ден, јас сум таа и мојата дипломска работа е за тоа."? А, и мора да се прави фешта после тоа? Или доста е само едно виски и чоколадни бомбончиња? Доста е по едно вино за професорите као "подарок"? А и што им се вика кога ќе им ги даваш... "Ви благодарам на прекрасните години на факултетот, еве ви вино"? Пфффххахах. Знам дека сум мозок, али сериозни ми се прашањава. Совети... да ги чујам.
Не се оптоварувај па ти толку. Одбрана на дипломска ти е церемонија.
Извежбај дома 2-3 пати пред огледало и немаш гајле.

На почеток во ред е да се претставиш и да ја најавиш темата.
Во однос на фештата, индивидуално е. Поклончиња ќе им спремиш обавезно. Во зависност колку ти е буџет можеш од вино и бомбончиња, до виска, бајадера, накит... :).
Некои после тоа праат кетеринг, некои се заблагодаруваат и си одат - зависи дали сакаш/можеш да си дозволиш.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Дај кажете некој совет за човек ко мене на кого ораторството не му е јака страна, мрази да одржува говори и кога ги одржува, изгледа и звучи ко најголем дебил. Толку немам појма како треба да изгледа една дипломска, што не знам што треба прво да кажам кога ќе ми се наредат професорите пред мене. "Добар ден, јас сум таа и мојата дипломска работа е за тоа."? А, и мора да се прави фешта после тоа? Или доста е само едно виски и чоколадни бомбончиња? Доста е по едно вино за професорите као "подарок"? А и што им се вика кога ќе им ги даваш... "Ви благодарам на прекрасните години на факултетот, еве ви вино"? Пфффххахах. Знам дека сум мозок, али сериозни ми се прашањава. Совети... да ги чујам.
Успеа да положиш кај Проева? :zelen

Шега на страна, прво одиш со опцијата introduction - се претставуваш, ја претставуваш материјата. После иде во нејзината суштина, лупаш месо околу костурот и на крај опашката ја ставаш како piece de resistance. На самата разврска, едно срдечно заблагодарување, ако имаш нерви и да наредиш све професори кои ти биле позитивна поткрепа и едно Повелете, со ќесите за подароци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and MissChievous

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
@MissChievous кога браниш и на која тема?
Инаку најчесто менторот те претставува и ти дава збор за твојата презентација која трае околу 15-20мин (некогаш и повеќе).Се заблагодаруваш на зборот,ја кажуваш темата и ја разбработуваш подетално. На крај следат 3 прашања од комисијата. Потоа има пауза околку договарањето за оценката на одбраната,потоа секој проф.во комсијата дава свое мислење пред тебе и ти ја кажуваат оценката (од 8ца нагоре)...Се заблагодаруваш ,честитки од професорите,од присутните....поклони,слики,наздравување и фала мн пријатно.
(за професорите по едно вино,за присутните виски,коњак... апетисани и некои чоколатца- може а и не мора)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena, Lena and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Најверојатно на 12ти и на тема: Синиот и розевиот период во творештвото на Пабло Пикасо.

Иначе, фала ви на сите совети. Веројатно, ќе се снајдам. :zelen
Супер тема,ич да не се замараш,на лаптопот презентација пред тебе,главните работи ги имаш пред очи,на тебе е само да ја исфилуваш тортата на Пикасо.Тремата е додека почнеш.
Со среќа и чекаме коментар (flower)