1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Брак, но не и развод!

Дискусија во форумот 'Колумни' започната од FallenAngel, 14 февруари 2013.

?

За или против развод кога се има деца?

Затворена анкета 28 февруари 2013.
  1. за

    55.6%
  2. против

    44.4%
  1. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Добро си свесна што кажа сега?
    Обврски, живот, проблеми, ДАЦА.
    Во секој случај децата се причината за разводот нели?
    Не драга.
    Ниту еден проблем, ниту една обврска не може да те спречи да го испиеш утринското кафе во мирна атмосфера, и да си ги споделиш случувањата од минатиот ден.
    Еве кај мене, утринското кафе е во 5ипол насабајле затоа што ќерка ми, не буди во 5.
    Кај некого што е од 8 наработа, може да биде во 7.
    Ниту една обврска не може да те измори до толку па вечерта да не се погалиш барем пола час.
    Оние изреките умрен сум, ваков сум, онаков сум - не ги прифаќам.
    - ако ги нема овие работи во еден брак, тој ќе пропадне. А ако не пропадне од брак ќе се претвори во пекол.
     
    На Lena и Bum-Bum им се допаѓа ова.
  2. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Зашто мислиш дека ќе пропадне тој брак?
    Еве конкретно последниов период мајка ми излегува рано за на работа,татко ми спие навечер он кога се враќа мајка ми спие..Има моменти кога не се гледале и по 1 недела..Само се слушаат преку телефон .А љубовта помеѓу нив може да се забележи...На пример јас како го гледам тоа..Мајка ми кога спие а татко ми ќе се врати се случува и по 1 час да седи и да ја гледа,мајка ми насабајле обавезно го бакнува пред да замине..Едноставно од нивните зборувања се гледа нивната љубов а се гледаат ретко затоа што имаат премногу обврски.
     
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Ама зборуваат на телефон, така ми се чини напомна?
    Ете го начинот кој го избрале за да си посветат внимание.
    Инаку не би опстанал тој брак - верувај.
    Еве пример сестра ми и мажот и’, знаат да не се видат 2-3 недели кога е тој на семинар. Ама секоја ноќ на скајп, зборуваат по 2-3 часа - така си го посветуваат вниманието.
    Ако нема внимание нема брак - сигурен сум.
    Знам, затоа што сум во брак и знам што ми треба и знам зошто опстојува браков.
     
    На Lena и Bum-Bum им се допаѓа ова.
  4. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    @ bum bum ,во последно време се повеќе и повеќе постојат peatch work фамилии.
    Разведените наоѓаат нови партнери( и се спојуваат фамилиите на двајцата- тој донел деца од претходниот брак, таа од својот)
    и тоа функционира.
    Во западните земји паровите кои се разведени,
    најчесто остануваат пријатели и взаемно се грижата за децата.
    Не гледам никаква причина за морање, да живееш со некого, да се патиш, и да го проколнуваш животот што се е така како, ако таа врска не те исполнува.
    Да бидеш жртва за децата, не води до решение на индивидуалната задоволнодт.
    Децата чувствуваат кога се родителите среќни и задоволни или пак несреќни.
     
    На cakar_ulav му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    а зошто се заљубила во друг човек?
    Затоа што нешто не било во ред во врската, и тој некој друг и го дал тоа што можеби и не го добила од својот сопруг.. се е поврзано едно со друго, ништо не се случува туку така..
     
  6. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Таа взаемна грижа за децата не е иста како кога секој ден се и двајцата до нив,во било кој момент и да им е потребна..
    Јас пак ќе кажам пред да стапиш во брак со некој треба да гледаш што правиш..Па и да си жртва во тој брак ќе си ја тршиш жртвата затоа што ако не си ти жртва тогаш жртвата ќе биде твоето дета,а детето не е она кое потпишало и она кое сакало да се створи.Тоа немало право на избор а ти си имал.
    И за мене лично неодговорни тотално се оние родители кои заради журка или незнам сакање на некоја др личност се чустваваат како жртви и излегуваат од тој брак нивните деца патат а се вадат и си ја чистат совеста со тоа дека она била жртва во тој брак и дека детето ќе му било добро..Ма ајде...прво не мислиме праиме 30 глупости и после децата ќе ги трпат последиците од нашите лудости
     
  7. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Јас само ќе ти го болдирам ова, и натака се е јасно.
    Колку само е лошо да гледаш претепан родител, расплакан родител и тоа од причина што неговиот партнер го повредил - ама не го сфаќаш оти не си го видела.
    И во такви случаеви родителот ако се разведи го заштитува детето - преку тоа што се заштитува сам себе.

    Ќе сфатиш некогаш - не сега.
     
  8. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    И пак се враќаме на тоа..Јас реков 100 пати ако има психичко и физичко малтретирање тогаш сум целсно за развод и пак не поради родителите туку поради децата..Затоа што децата се оние кои го гледаат тоа и им остава трауми понатаму за во животот.
     
  9. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Не се согласувам до тоа мислење.
    Двајца, се наоѓаат се сакаат, се работи за љубов..
    Ја овековечуваат таа љубов со брак( затоа што тоа го сакаат), ствараат деца..
    Настапува секојдневието, обврски, работа, стрес борба за живот.
    Се помалку и помалку си посветуваат време, не ги прават оние ситници кои ги чинат среќни и задоволни.
    Монотонијата ја уништува таа врска, незаинтересираност еден за друг,
    се губат тие мали гести на љубовта...
    И не наоѓање на заеднички јазик, носи и секојдневни расправии, во секој случај е подобро да се разведат него да живеат како робови на минататото.
     
    На cakar_ulav му/ѝ се допаѓа ова.
  10. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,616
    Допаѓања:
    5,688
    Моето мислење е подобро среќен развод отколку лош брак.
    Еве да речеме 90% од луѓето стапуваат во брак од љубов и добро се познаваат меѓусебно.
    Бракот е прекрасна работа да се разбереме но мора да се работи на него.
    Денешниов ритам на животот е многу динамичен,работат колку мажот толку и жената.Тука се поделени и домашните обрски за разлика во времето на нашите родители каде мнозинство од жените биле домаќинки кои се грижеле за куќата и децата.Меѓутоа додека партнерите се сами има време повеќе од доволно за се.Работите малку се менуваат кога ќе дојде на свет новиот член на семејството.Се менуваат во позитивна смисла,од тој ден тоа бебенце станува се во очите на неговите родители.Сепак за жал сум сведок на еден брак кој ги има сите предиспозиции за развод од моја гледна точка , и кај нив се случи токму спротивното,наместо бебето да ја зацврсти нивната љубов,тие се оддалечија еден од друг.Сопругата стана мајка ама заборави дека пак треба да биде и сопруга меѓу другото.Се посвети само на детето а мажот тотално значи го занемари и почна да го исклучува од нивниот живот,а тој почна да ја изневерува кај ќе стигне.И тие се уште се во брак само поради тоа дете да не расте со разведени родители,а не се свесни колку повеќе болка му нанесуваат вака,кога ги гледа како се караат,како татко му секоја вечер оди по кафани а мајка му плаче дома.Тоа не е среќно детство на едно дете,затоа во одредени ситуации подобро решение е разводот,отколку таквиот брак каде веќе нема љубов и слога.
    Затоа сакајте се,љубете се и секогаш имајте време за вашиот партнер макар тоа било и половина час во денот,пауза за кафенце,за ручек,тоа го одржува бракот.:)
     
    На Arkantos му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: