Божја честичка

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Не знаев каде да ја вклопам темава па најприфатливо беше мислам мистерија. На прес-конференција идната недела научниците од Cern ќе објават дека Хигс-Босон честичката, попозната и како „Божја честичка“ е откриена.

Пет водечки теоретски физичари биле поканети на настанот во среда – што поттикна шпекулации дека честичката била откриена. Од научниците кои работат на Големиот Хадронски Судирач се очекува да изјават дека се 99,99 проценти сигурни дека честичката е откриена. Физичарите првпат го предвидоа постоењето на Хигс-Босон субатомската честичка пред 48 години.
Питер Хигс од Универзитетот во Единбург, човечкот по кого е именувана честичата, е еден од физичарите поканети на прес-конференцијата во Швајцарија. Менаџментот од Cern сакаат двата тима научници да го достигнат „пет сигма“ нивото на сигурност со нивните резултати – односно 99,99995 проценти сигурност.

Том Кибл, професор по физика од Imperial College London исто така бил поканет. Тој изјавил: „Претпоставувам дека мора да има доста позитивен резултат штом нè бараат.“ Хигс-Босон честичката се смета за клучот за разбирање на универзумот. Физичарите велат дека нејзината задача е им даде маса на честичките кои прават атоми.
Без оваа маса честичките би се движеле низ космосот со брзина на светлината, без способност за меѓусебно врзување за создавање атоми кои составуваат сè во универзумот, од планети до луѓе. Судирачот кој се наоѓа во кружен тунел долг 29 километри под границата помеѓу Франција и Швајцарија, судира протони со брзини блиски до брзината на светлината во обид да се создадат слични услови како оние кои постоеле една секунда по Биг Бенг.
Ако теоријата на физичарите е точна, неколку Хигс-Босон честички би биле создадени во секои трилион судари, пред да се распаднат набрзина. Распаѓањето би оставило трага која ќе се појави на нивната опрема. Но, и покрај изведувањето на 1600 трилиони судири во тунелот имало помалку од 300 потенцијални Хигс-Босон честички.
Сега има мислење дека два посебни тимови научници, кои вршат експерименти независно и во тајност, дошле до доказ за честичката. Но од двете групи, CMS и ATLAS, се очекува да престанар со експериментите пред да најдат докази.

Научниците од ЦЕРН соопштија дека се речиси сосема сигурни оти имаат пронајдено доказ за Хигз-бозон. Но, она што сите го нарекуваат „Божја честичка“, всушност е проклета честичка.
Откритието е направено. Тоа е сигурно. Останува уште минорна шанса, честичката што била откриена да се покаже како нешто друго, а не нештото што на целата материја во универзумот ѝ дава маса. Доколку наодите сепак се покажат како вистински, ова откритие сигурно ќе биде во конкуренција за научно откритие на векот (иако тој тукушто започна).

Во медиумите од секаков вид акцентот се стави на терминот „Божја честичка“. Се правеа шеги, се зборуваше за тоа дека науката го потврдила постоењето на божество, дури се отиде до таму што беше прогласен и сигурен пораз за атеизмот… Проблемот е во тоа што никогаш не постоела „Божја честичка“.

За постоењето на овој термин можеме да му заблагодариме на физичарот-нобеловец, Леон Ледерман, кој во 1993, во својата книга, „Популарна наука“ за првпат го има објавено. Поточно, тоа е дело на неговиот издавач, кој решил дека името што научникот го предложил поради неможноста да се „улови“ честичката со тогашната технологија – „Проклетата честичка“ (Goddamn particle) – е премногу контроверзно за научна книга. Затоа го скусил првиот збор и како последица од тоа, ги добивме сите лоши шеги што некој може да ги посака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: близнак

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Сепак изгледа ретко кој разбира шо всушност претставува Хигс-бозонот. Ниту јас немам целосна слика за тоа, а и целата теорија за постоење на "боженствената честица" која има дава маса на сите елементи и е основата на целиот универзум сеуште не е детално разработена. Па така ни истражувачите не се сигурни дали тоа е конечниот резултат или би требало да има нешто повеќе од тоа. Уште е рано и неможе да се очекуваат големи резултати, иако којзнае што се случува зад вратите на ЦЕРН, сигурно одредени откритиа се чуваат во тајност и ќе се пуштат во јавноста тогаш кога целата прашина околу нив ќе се спушти за повторно да го придобијат вниманието.

На интернет најдов едно клипче кое многу едноставно и јасно го објаснува хигс-бозонот за нас помалку упатените.