Би живееле ли во Скопје?

Дали и вие би останале во својот роден град или би живееле во Скопје?

  • Би останал во својот роден град

    Гласови: 8 66.7%
  • Би живеел во Скопје

    Гласови: 4 33.3%

  • Вкупно гласале
    12

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Темата ја отворив инспириран од зачестените посети на Скопје, иако доаѓам од вториот град по големина и население во Републикава, сепак секој што живее вон Скопје шансата за работа и успех ја гледа токму во македонската метропола.
11174240_10204326419622497_7978088104557606969_o.jpg

Како Битолчанец кој искрено си го сака својот роден град, морам да признаам дека Скопје е град со многу можности за успех. Сите што останале во Битола ретко наоѓаат работа, додека тие што се Скопје не само што ќе најдат работа туку и ќе имаат и за убав живот.
НЕ ВЕЛАМ ДЕКА СОСТОЈБАТА ВО СКОПЈЕ ЦВЕТА, туку дека има повеќе шанси за успех во животот и повеќе прилики.
Скопје според пописот имал околу 500.000ж, да не се лажеме градот сега брои некаде 800.000ж Што значи добри 40% од целокупното население во РМ. Од овој прост податок доаѓам до некаков заклучок до тоа што луѓето ја бараат шансата за подобар живот и нормално финансии токму во Скопје.
И за крај, јас засега сум задоволен од животот во Битола доколку не успеам после факултет искрено би ја барал шансата во Скопје.
Темата е создадена само за живеење општо во Македонија, така да коментарите за СТРАНСТВО не се прикладни со темата.
Дали и вие би останале во својот роден град или би живееле во Скопје ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не би останал, го упропастија градот, не е веќе ист. Тоа што има се што сакаш во Скопје е лошо, затоа другите градови пропаѓаат и наместо напред одат назад. Мислам стварно, ти треба нешто операција? Оди во Скопје, ти треба факултет? Скопје, работа? Исто во Скопје. Се во Скопје.
Да не зборувам за луѓето кои глумат Скопјани и си мислат дека ако живеат во Скопје сите други се под нив, и за оние на кои им сметаат луѓето од други градови, или како што ги нарекуваат провинцијалци. Пази муабет, му сметало што некој зборувал струмички и што работел на подобро место од него. Па работи и ти бе пријател а не да седиш на кафе на плоштад, ебати Скопјанецот дигнат. Ретардоси прва класа.
Тие биле од главниот град, метрополата, а другиве од село. А уствари Скопје ти е едно големо село полно со сељаци кои се замислуваат господа.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ја едно би ви рекла, нека не ве лаже големината и парите. За да се живее во Скопје треба прво психички да се припремите, несекојдневното да ви стане секојдневие и да очекувате се и сешто. Работа и не се наоѓа така лесно, а платите не се нешто поголеми од другите градови дури и осигорувањето е еден огромен проблем кој за жал нема решение затоа што во Скопје се функционира со мито и корупција.
Народот е од него можеш се да очекуваш, од обид за фрлање преку тераса во сред бел ден да баш обид за среќа спречен на време до возење во погрешна насока без око да им трепне. Ноќниот живот е ок на некое солидно ниво ама искрено не вреди да се ризикува цел живот, затоа што животот во Скопје е баш живот под ризик денес те има утре не.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мене ми е сон на село или барем на маргините на некој град да живеам, да имам пристап со пола саат превоз до град ама сепак да сум далеку, урбаната џунгла не ми е интересна а во системот не сакам да се вклопам пошто системот е срање и ако се вклопам тоа значи дека и јас сум станал срање :unsure

Скопје имам живеено извесно време, има предности чисто поради кумулативен ефект на повеќе население од останатите села во Хунзистан, недостаток е што превозот е на ниво на оние по индиски сламови каде раја висат како љиљаци на парни возови, па така од лисиче до ѓорче отиде саат време, менталитетот е горе долу на ниво на Новаци или Демир Хисар што значи дека бројот на население не може да смени нешто во поглед на тоа, безначаен град во безначајна земја на безначаен и трагичен полуостров.
Накарадноста на Скопје 2014 само покажува дека Скопје нема градски дух, нема раја која ќе се побуни за масакрирањето на градското централно подрачје.
Пошто и во Хирошима некој може да одлучи на местото на оние згради оставени како спомен на бомбата да гради `постар и поубав` град но ќе го бркаат со катани по улици затоа што град се ствара со векови на база на сите убави и сите трагични ствари шо се десиле таму, а не со декрети на корумпирани креатури кои делуваат како да изникнале од контејнер за медицински отпад

Во секој случај ќе најдете повеќе квалитетна раја во Скопје него во Кичево, чисто ради игра на бројки.
А за работа, поарно Црна Гора или Словенија (како најслаби иноземни опции) него Скопје, ете толку `вреди` да се работи во Скопје (party)
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Се сложвам дека Скопје е големо село ради тоа шо полно со сељаци од 800.000ж 100.000 се скопјани 700.000 се од села и од др. градови и градчиња од МКД.
А искрено да градој останаја само неколку Скопје, Битола., Куманово, Тетово, Охрид толку. Прилеп, Велес, Штип и Струмица се на маргините да се наречат град додека останатите се стварно ко села за жал.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Скопје умре во спомените во овие последни неколку години, трансформирајќи се во нешто што на никој град не му го посакувам. Настрана „проблемот“ провинцијалци - граЏани (ова отсекогаш било во оптицај и затоа го ставив во кавички), целата трансформација што ја има доживеано Скопје, ме натера да го засакам исклучиво само во спомените, но вакво какво што е денес не сакам ни да помислам на целиот масакр што го има прерпено пред се` на зелената површина, потоа на загушеното недоделкано централно градско подрачје кое ни од далеку не личи на оноа што некогаш беше. Со самата помисла на неадекватните градби и доградби, доделени како некој да играл јамб со коцки или зел во анусот набутал акварел и темпера и испил рицинусово масло и почнал да шкраба на хамер. Рандомизирана уметност без душа, но длабоко кога ќе загребеш на површината - со одреден шаблон на протерување на се` живо и диво што некогаш беше граѓанско. Не зборам за народот, зборам за духот општо. Шаренилото го правеше градот да изгледа тоа што е, сега е пусто, замрено, полно со зомбија буквален Rat race за гола егзистенција и пред се` престиж. Секој сака да биде некој, додека заборавил да биде свој. Тоа е тој утепан дух. Да не заборавам клише муабетот но чиста вистина - сето тоа залепено со еден слој на стиропор, демек надворешната убавина може да се замаскира.
Па погледнете го плоштадот (пред да се затвори целосно пред 4-5 месеци) смдри од далеку на загорен зејтин ѓубре расфрлано од реката и канализација. Плоштадот наликува на еден вид на чир кога ќе пукне, градот ќе умре од сепса. Зелената порвшина скоро е десеткувана (негде читав дека имаме три пати под нормалата зелена површина што е ненормално за еден град. Да не заборавам дека процесот на бришење на овој простор е во оптек катадневно, обратно пропорционално од никнувањето на споменици и масивни градби кои при првиот потрес се претвараат во пепел. Границата на секакво разумно планирање е изместена со тоа што на само 10 метра од високи згради никнуваат нови. Кој болен ум би можел да направи вакво сквернавење на урбанистичкиот план, не знам.
Да бидам реален не сум ни нешто голем обожавател на брутализмот како правец - преедноставен е, нема некоја голема естетска вредност, делува масивно, но реално има и план и размер во него. Така да Кензо Танге иако ни` оставил некакво наследство штета е што многу малку му останавме верни.
Единствена утеха наоѓам во Чаршијата и евентуално на одредени маала инкапсулирани во оваа калакурница од невкус и кич. Но како што чув и на неа и` се мерачат да ја сменат, да ја инкорпорираат во кичот што го започнаа пред 8 години. Затоа го користам секој сончев момент да зачувам неколку конзервирани импресии од овие места, додека трае. Кога ќе умре и тоа, слободно може да барам излез од истиов овој град за кој пред неполна деценија не ни помислив дека ќе се претвори во такво монстуозен импровизориум на кич.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Абе сите сте стручнјаци у п.м , за да живееш во СКОПЈЕ треба да знаеш да одиш пешки , а КЛОЗЕТОТ тука во СКОПЈЕ е постар од некој споменати градови ван планините што го опкружуваат СКОПЈЕ ,така да кој си ја има мувата на капата и живее во село па му течат лиги за град и трокира во пишувањето нека се преиспита малце пред да пише ,бидете умни и ако доагате во СК со речник во себе и рацете извадени од џеб !! имајте убав ден ;)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да, град со пола милион луѓе е село полно со сељаци и да, сите пола милион се ретардоси прва класа. (wasntme) Нема да се спуштам на твое ниво и да вреѓам, али ова ти е најстереотипно најискомплексирано мислење. Не дека го бранам Скопје, ниту сакам, ниту можам. Но градот е толку разнолик со секакви луѓе, што не можеш да дадеш една дефиниција. Но, веројатно е прашање на искуство и ако ти се трефнало да бидеш во (постојан) контакт со сељаци, па да имаш таков заклучок.
Можеш и тука да ме цитираш, мислам знаеш.

Што ако има пола милион луѓе кога Скопје ниту бил порано град, ниту ќе биде. Со сила сакаат да го направат град ама тешко. Да иначе, во постојан контакт сум со такви сељачишта кои се сметаат за скопјани и мислат дека ако некој доаѓа од било кој друг град е под нив, не сакаат да слушаат никаков друг дијалект и ако сакаш да живееш во Скопје мора да зборуваш скопски, најлитературно било :rofl

Доаѓале провинцијалци да им ја земаат работата на нежните скопјани, тие не сакаат со прст да мрднат а се бунат затоа што некој дошол да работи или студира во Скопје и тоа не по негова вина, туку дека е принуден затоа што се е во "метрополата".

Од 600 и кусур илјади можеби има некој што не е како што кажувам, не викам не. Ама таквите се многу мал број и ретко ќе ги сретнеш.


Абе сите сте стручнјаци у п.м , за да живееш во СКОПЈЕ треба да знаеш да одиш пешки , а КЛОЗЕТОТ тука во СКОПЈЕ е постар од некој споменати градови ван планините што го опкружуваат СКОПЈЕ ,така да кој си ја има мувата на капата и живее во село па му течат лиги за град и трокира во пишувањето нека се преиспита малце пред да пише ,бидете умни и ако доагате во СК со речник во себе и рацете извадени од џеб !! имајте убав ден ;)
Еве го овој скопјанецов нежен. Се читаш ли што пишуваш бе?
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Можеш и тука да ме цитираш, мислам знаеш.
се е во "метрополата".
НЕ БИ РЕКОЛ ДЕКА СЕ Е ВО МЕТРОПОЛАТА..Ако не е Битола односно РЕК-БИТОЛА, Македонија ќе нема струја. Сите конзулати се во Битола, Битола секогаш е онаа која е рамо до рамо со Скопје така да не гледам дека се зависи во СкопјеТО.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Сум живеела и во други Македонски градови и искрено горе-долу секаде е исто. Во помалите градови имаш премногу слободно време, а премалку можности, во Скопје - повеке можности, премалку време... Во помал град те гуши тоа што сите ги познаваш и чувствуваш дека немаш право на своја интима, додека во Скопје се чувствуваш осамен затоа што ни комшиите не си ги познаваш. Во помал град имаш чист воздух, изобилство од природа, тишина, овошни дрвја од кои можеш да си набереш и никој не ти замерува, комшии кои те оговараат и ти завидуваат но ако итно ти затреба помош секогаш се тука да помогнат, не се малтретираш по градски автобуси, не брзаш никаде... но ништо од тоа не цениш бидејки сонуваш за подобар живот. Кога живееш во Скопје имаш можности за подобра работа или подобро образование, можеш културно да се надоградуваш, за прв пат да отидеш во кино, театар, опера, зоолошка, музеј, да присуствуваш на уметнилка изложба итн., да запознаеш поразлични луге, да пронајдеш поголем број на истомисленици, да живееш модерен живот итн., итн., но повторно ништо од тоа не цениш и патиш по едноставниот и мирен живот...
Мислам дека не е градот тој што нечини, ниту пак лугето во него, нас целата држава не ни чини. Премногу се вложува само во еден град и нормално е сите да сакаме да сме таму блиску до можностите, останатите градови се опустошуваат и лугето бегаат од тој пустош.
Јас немам никакво лично мислење за спомениците и не го знам Скопје какво било порано. Сеедно ми е дали тие споменици се тука или не, тоа не ми значи ништо, а и политиката околу сето тоа не ме интересира. Она што не го сакам кај Скопје е хаотичниот сообраќај, семафори што не работат, улици без тротоари, тротоари кои служат како паркинзи, раскопани улици, преполни автобуси, чадот од автомобилите, размазени Скопски фраерчиња што брзо возат, баби што претрчуваат на црвено, градските автобуси во среда, петок и сабота... Не го сакам самото темпо на живот и модерниот начин на живот кој го тераат Скопјани. Не го сакам затоа што нема природа (Водно и градски парк не ги сметам за природа),има загадена река, ноќе нема ѕвезди, не можеш да забележиш кога пагаат метеори и затоа што наутро се слуша црцорење на едвај пет вида на птици.
Не би живеела во Скопје да не морам, моментално немам друг избор, но работам на случајот и едвај чекам да си одам од тука.