Бијонсе Жизел Ноулс , родена на 4 септември, 1981 година, најдобро позната само како Бијонсе, е американска Р&Б пејачка, текстописец, продуцент, актерка и моден дизајнер. Родена и израсната во Хјустон, Тексас, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била изложена на натпревари по пеење и танцување. Ноулс станува славна во доцните ‘90ти како главен вокал на женската група Дестинис Чајлд.
За време на паузата на Дестинис Чајлд, Ноулс го издаде својот прв соло албум, Dangerously in Love, во јуни 2003 година.Dangerously in Love ги создаде број-еден хитовите: „Crazy in Love“ и „Baby Boy“. Албумот стана еден од најуспешните албуми таа година. Тој ѝ донесе на Ноулс пет Греми награди во 2004 година и неговиот прием ја докажа нејзината изводливост како соло артист. Растурањето на Дестинис Чајлд во 2005 година го олеснија нејзиниот постојан успех: таа го издаде својот втор соло албум, B'Day, во 2006. Албумот се искачил на првото место на табелата Билборд 200 и од него произлегле сингловите „Irreplaceable“ и „Beautiful Liar“. Нејзиниот трет соло албум, I am… Sasha Fierce, беше издаден во ноември 2008 година и ги вклучува хитовите: „If I Were a Boy”, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и „Halo”. Албумот ѝ донел шест награди на 52рите Греми Награди, со што го срушила рекордот на најмногу освоени Греми Награди од женски артист за една ноќ.
Успехот на нејзините соло албуми ја оформи Ноулс како еден од најпродаваните артисти во музичката индустрија. Таа ја започна својата актерска кариера во 2001 година, појавувајќи се во мјузиклот Кармен: Хип Хупера. Во 2006 година, ја играше главната улога во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј, Dreamgirls, за кој заработила две номинации за Златен Глобус. Во 2004 година, Ноулс ја лансираше својата семејна модна линија, House of Deréon, и беше ангажирана да потпише брендови како Песпси, Томи Хилфигер, Армани и Лореал. Во јуни, 2010, Ноулс била рангирана на второто место на списокот на 100 Најмоќни и Највлијателни познати луѓе во светот од Форбс, и на првото место на нивниот спусок на Намочни и Највлијателни музичари во светот.
Ноулс има добиено многу награди и пофалби. Таа е една од најпочестените артисти на Греми Наградите и трета меѓу женските артисти, со 16 Греми Награди – 13 како соло артист и 3 како член на Дестинис Чајлд. Ноулс била рангирана на четвртото место на декадата од 2000тите од Билборд и била вклучена како една од најуспешните женски артисти на декадата, како и топ радио артист на декадата. Американската Снимачка Индустриска Асоцијација (RIAA), исто така ја ранкирала Ноулс меѓу првите сертифицирани артисти на декадата.Ноулс има продадено повеќе од 118 милиони плочи низ целиот свет, од кои 11.2 милиони албуми и 25 милиони синглови има продадено само во САД од мај, 2010. Од септември, 2009, таа продала 75 милиони албуми ширум светот, со што станала еден од најдобро продаваните музички артисти на сите времиња.
Ја обожавам, многу талентирана пејачка.
Омилени песни: