1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Битолски кафулиња

Дискусија во форумот 'Излегување и ноќен живот' започната од Kisserboy, 11 мај 2012.

?

Кој битолски кафич е најдобар ?

  1. Портал

    24.0%
  2. Портал 2

    8.0%
  3. Ин

    4.0%
  4. Симбол

    8.0%
  5. Игучи

    16.0%
  6. Данте

    4.0%
  7. Милениум

    8.0%
  8. ГТ

    0 глас(а)
    0.0%
  9. Famous

    0 глас(а)
    0.0%
  10. Шрек

    0 глас(а)
    0.0%
  11. Тач

    4.0%
  12. Алур

    4.0%
  13. никој

    64.0%
Дозволени се повеќе гласови.
  1. RoxieHeart

    RoxieHeart Староседелец

    Зачленет на:
    6 мај 2014
    Мислења:
    60
    Допаѓања:
    58
    Леџенд, затворениот Код, Лектира ??

    Дискриминација !
     
  2. Onkel

    Onkel Староседелец

    Зачленет на:
    14 мај 2014
    Мислења:
    77
    Допаѓања:
    82
    A вистина ли е дека на Широк Сокак кафулињата се наредени како масите на жирито од модните писти? Дека луѓето кафето го пијат со зјапање во луѓето кои поминуваат, притоа мерејки ги од глава до петици. Се кладам дека се мерка гола женска пета, која ѕирка од високота подпетица на згодната битолчанка...

    Знаеме дека кај нас во сите градови е така, но во Битола меркањето,зјапањето и оговарањето било посебно.
    Немам ништо лично против градот на конзулите, едноставно сакав да прашам дали е вистина ова.
     
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Тоа се само прилепски пропаганди, во Битола нема оговарање, таму владее бечка култура :kafe
    Во анкетата не е ставена `Јагода`, скандалозен факт !!! :cool:
     
    На RoxieHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970
    Штета што Пајтон не е спомнат.
    Кафич што просперира и е еден од најстарите. Убаво уреден, елегантен, со елементи што отсликуваат моменти од минатото. Пријатната атмосфера е доловена со часовници од минатото, жични телефони, машини за куцање. Еден од ретките каде келнерите не ти се обраќаат со шо сакате брат, туку културно викаат повелете, што ќе се напиете.
    Во овие другите кафичи, келнерите се однесуваат како да не работат, не се воопшто услужни и учтиви, што ужасно многу ме нервира.
     
    На Kisserboy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Портал 2 тоа е тоа најдоброто по мој вкус :D
     
  6. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970
    Седни таму ако не сакаш да одиш на училиште, ќе те подуе ветар, ќе фатиш ишијас како на планина да си заспал недоволно облечен. Седев пред некоја вечер мислев дека студот во коски ми влезе :ladno:ladno:ladno:ladno:ladno
     
  7. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Од Битола сме бе на -30 сме пиеле кафе сега хахахахаха :D Незнам мене ми е омилено уште од средно :D
     
  8. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970
    То шо викаш, не е важно дали ти студи, важно да те видат и да ти кажат дека беше виден/а хехехе :cool::cool::cool::cool:
     
    На Kisserboy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Моментот кога ќе чекаш на ВПШ и никако да станат преку ден во Портал сум чекал многу време само за да си седнам во омилениот кафич :D ехх времињаа..
     
  10. Struggler

    Struggler Староседелец

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    1,755
    Допаѓања:
    1,002
    не го мешај прилеп че те искинам :mad:
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: