Битола

Кој дел од Битола е најдобар

  • Вкупно гласале
    21

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Значи имало и малце среќа во мојава несреќа :zelen

Добар е градов, ми се свиѓа и ноќниот живот, има убави местенца за сечиј вкус.

Мене ми е страшен тунелот. Ајде за велелепната населба која вирее во подножјето и некако.... ама отсекогаш ми беше мрачно и мистериозно место кое водело кон Крушево и наводно кон некој друг град за кој слушав разни мрачни приказни...старите ме плашеа `ако не си мирен ќе те пратиме преку тунелот таму....во непознатото...во мракот!`...сепак пораснав и пред некое време дознав дека градот навистина постоел, се викал Прилеп и бил полн со мажи, жени и колонијал-продавници.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753

Сега ми е јасно зошто толку си се запнал за тапаталкот на Франк : ))
Не е за тука извињавам се на оф топикот, ама покрај таа траума дека ќе те пратат таму ако не си мирен, има и друга причина да толку си огорчен на кутриот град?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сега ми е јасно зошто толку си се запнал за тапаталкот на Франк : ))
Не е за тука извињавам се на оф топикот, ама покрај таа траума дека ќе те пратат таму ако не си мирен, има и друга причина да толку си огорчен на кутриот град?

Не сум огорчен само знаеш.... треба време да се надминат траумите од детството, посебно откако човек го осознава светот околу себе, сфаќа дека не постои Баба Рога под креветот, дека нема Дедо Мраз, дека Прилеп е само обичен град кој не се издвојува по ништо од останатите...
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не сум огорчен само знаеш.... треба време да се надминат траумите од детството, посебно откако човек го осознава светот околу себе, сфаќа дека не постои Баба Рога под креветот, дека нема Дедо Мраз, дека Прилеп е само обичен град кој не се издвојува по ништо од останатите...
Затоа сега ја имаш баба Рада : ))

И таа опсесија со кафето на широк сокак е за во темата за мистерии. Од каде луѓе наводни стечајци и жртви на некои си генијални умови, кои секојдневно се жалат дека трпат глад и жед и немаат скршен денар во џеб изникнуваат сеееекој божји ден по два пати на широк сокак и тоа со два мобилни на маса, дупло кафе, два пара клучеви и три пара цвик....
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Затоа сега ја имаш баба Рада : ))

И таа опсесија со кафето на широк сокак е за во темата за мистерии. Од каде луѓе наводни стечајци и жртви на некои си генијални умови, кои секојдневно се жалат дека трпат глад и жед и немаат скршен денар во џеб изникнуваат сеееекој божји ден по два пати на широк сокак и тоа со два мобилни на маса, дупло кафе, два пара клучеви и три пара цвик....

Широк сокак е битолскиот Sancta Sanctorum, она што е ѕидот на плачот во Ерусалим, Монмартр во Париз, Трастевере во Рим, Унтер ден линден во Берлин...
Можеби може да се фрли светло врз таа мистерија. Не знам колкав е вкупниот капацитетот на објектите кои виреат таму ама не верувам дека има повеќе од 400-500 столици. Што значи ако се полни сите - таму седат некои 0,5% од рајата која живее во Битола. Нормално, не секогаш се полни и не секогаш се различни фаци што дополнително кажува дека и не е некој голем обрт во прашање. Споредено со англиска вукојебина како Нориџ каде на стадион одат по 30.000 луѓе а карта е 40 фунти (околу 3.000 денари) плус дел од нив после утакмица пијат, јадат и трошат во околината......рандом сурат ќе потроши за одење на утакмица, заебанции и враќање над 60-70 фунти (4.500-5.250 денари) ако не и повеќе.

Кафе од 40-80 денари или пиво или сок....негово споро конзумирање (на незадоволство на газдите) и евентуално нарачување втора тура, заедно со кутија Родео или Вардар (ставени во употребена кутија од Марлборо:frantic) прави 200-250 денари. Некогаш и упола од тоа. Така да не гледам место за споредба со некаков висок стандард поради висење на раја по широк сокак.
Настрана тоа, има раја со солидни примања која е мал процент но имајќи во предвид капацитетот на објектите - дава илузија дека рајата има пари... 50-100 души на широк сокак кои арчат над 1.000 денари. Wow.
Двата мобилни од кои едниот служи како украс, клучеви од непостоечки коли се финти кои и не се толку ретки...

Летно време тука е дијаспората да потроши некој долар и да си капариса чупе по можност... па ќе потроши по нешто, во надеж за среќна иднина.

И така се добива лажна слика на наводна благосостојба за време на криза.
А тука е и феноменот останат од времето на пролиферација на кабадаи кој што условува да не се плати сметка за струја но да се испие кафе, ракија, шприцер. Да се биде виден. Да се види. Што да се види е веќе друг феномен кој излегува надвор од мојот опсег а богами и желба за дедукција :zelen.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Хоуп*

И плус елитните придружби во број над 10 седнати по сепарињата во Расчекор?
Флаши чивас, редбули, па бензин-секоја треба културно да се земе и однесе дома. Па нешто плус на страна да се задржи пријателството...
Секогаш различни, некогаш и оние што биле најгласни во кукањата.
Каква финта се крие позади оваа мистерија?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И плус елитните придружби во број над 10 седнати по сепарињата во Расчекор?
Флаши чивас, редбули, па бензин-секоја треба културно да се земе и однесе дома. Па нешто плус на страна да се задржи пријателството...
Секогаш различни, некогаш и оние што биле најгласни во кукањата.
Каква финта се крие позади оваа мистерија?

Спонзорство? :kafe
Не сум некој познавач на тамошната ситуација, сум бил еднаш и тоа once too many :p ама сум слушал за каков микрокосмос се работи. Хитови на вечната транзиција vol.1 на секои неколку години со нови актери, како што со промена остануваат непроменети некои работи...
Друго, колку што знам, кабадаја не кука ами лажи колку е богат. А тие шо се богати кукаат колку немаат... мора нешто да ги тишти, на нервна база.
А тоа произлегува од друг феномен, присутен во РМ општо, не само Битола, тоа е што нема јасна класна сегрегација. Така што во еден кафиќ може да се појави и стечаец кој излегол после 3 години со 150 денари во џеб да се осети на момент како човек и син на транзициски лопов со 150 евра во џеб, едниот дошол пешки и ќе си оди пешки, другиот со БМВ..... па дури живеат и во иста населба!

Тоа го нема по светот, замисли некој богат во Рио да залута во Фавела и да се курчи со парите или скраја да е по некои места во Сиудад де Мексико. Или некој провансалски селанец да седне на сепаре во Негреско во Ница. Не оди тоа, се знае кој каде се движи и зошто. Ако некој залута каде што не треба појешче га мрак :cool:. Кај нас сите се горе долу на исто место и ограбениот и ограбувачот, и жртвата и насилникот, тоа е последица на специфичните ситуации кои дошле во деведесетите а кои никогаш нема да заминат.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Го зедов само како пример местото, а исто е насекаде.
Градот како град е ок, пријатен, чист.. Ептен ми се допаѓа.
Ама она што се случува со луѓето е нешто што го нема никаде. Само покажувања и докажувања, нема ни вистински пријателства, ни вистински луѓе.
Секој гледа да биде највисоко, и ако така себеси се гледа треба да го гледаат и другите, во спротивно љубоморат, никој не ги сака успешните... Демек.
Се некој легнал некоја, и правел ова она, човек да не е женско во градов...
А жените... како да живеат само да се омажат. Нема живот за нив после бракот.
Не знам може грешам многу, ама тоа е некој впечаток во кратки црти за мојот скромен престој тука.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Outrider

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Јени маале....Будење во рана зора од возот за Прилеп. Играње фудбал по тогаш правливата Македонски гемиџии. Денес со асфалт, тогаш не беше. Полна со дупки, хаварисани возила. Убаво време :)
 
parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
@Outrider ти брат си некако ајахуастичан овија днови, утепала те скопска магла, а да идемо некој дн у Битола на ракиичку и мезе ??? : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider