Бесплатно vs. платено

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Во Македонија имаме некој чуден феномен. Непишано правило е дека сајтовите со бесплатен хост и домен се осудени на пропаст. Зошто е тоа така? Кое е вашето мислење? Дали за еден форум да успее најважно е да биде вБулетин и com домен или пак бесплатна скрипта и бесплатен домен? Решив да ја отворам оваа дискусија откако пред некое време разговаравме со една другарка која сака да почне да води токму ваков форум (бесплатен). Според вас, дали да почне или залудно ќе си го губи времето? Ве молам со образложение за вашето мислење :)
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Во Македонија имаме некој чуден феномен. Непишано правило е дека сајтовите со бесплатен хост и домен се осудени на пропаст. Зошто е тоа така? Кое е вашето мислење? Дали за еден форум да успее најважно е да биде вБулетин и com домен или пак бесплатна скрипта и бесплатен домен? Решив да ја отворам оваа дискусија откако пред некое време разговаравме со една другарка која сака да почне да води токму ваков форум (бесплатен). Според вас, дали да почне или залудно ќе си го губи времето? Ве молам со образложение за вашето мислење :)
Мислам дека залудно ако сакаш добар форум, плати си..
 

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
според мене бољи е да си има сопствен хост поради повќе причини:
1. Може да прави што сака со него како на пример:
1.1 на самиот хост да има хостирано портал и форум заедно
1.2 посетите и се куцаат кај нејзе на домеин со тоа што може многу лесно да добие реклама(пари)
2. името(домеинот) нема да и биде форум.блаблаблабла.цом туку онака како што ќе си ја крсти страната така ке и биде...
3. во случај да дојде до дефект на серверите на хостот на сопствен можеш да се јавиш да ги отераш кај што нетреба и да ти пуштат одма во моментот, а на бесплатен мора да чекаш... тоа нечини за угледот на сајтот , форумот...
4. поголемиот дел од бесплатните хостови нема опција за да се инсталира форум
толку ми текна :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Комерцијална алатка и посебен домејн даваат кредибилитет.
Не велам дека опен сорс алатките за форуми не чинат, ама со такво решение неопходен ќе биде и еден програмер :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
61
18
5. Не те сфаќаат сериозно кога си на бесплатен форум.
6. Те замараат рекламите од форум хостингот.
7. Немаш целосна контрола врз форумот. Затоа и преводот може да е пола Англиски пола Македонски. Затоа дизајнот може да е за никаде зошто немаш контрола врз CSS-то или што и да е.
Покрај причините што вие ги набројавте. Зборувам за бесплатни форуми од forumotion.com


А тоа дека викаме одма пропаѓаат таквите форуми е бидејќи не се ни малку оригинални. Излегуваат копии на Кајгана или излегуваат некои форуми за многу специфична категорија (како на пример некој актер од турскиве серии што никој не го знае).

Има примери за успешни бесплатни форуми, но има и други.
Има примери за успешни купени форуми, но има и други.
Oвие примери се само за делумно новите форуми или не толку познатите.

Значи ако имаш добра идеја, направи го и на бесплатен хостинг со 3 километарски долг домен - ќе имаш посетеност, а ако имаш лоша или не-оригинална идеја, купен домен, хостинг и форум скрипта не ти помагаат, освен многу добра реклама. Кога имаш многу добра реклама колку и да е лош форумот ќе имаш посетеност.
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Всушност, ова одамна го дискутиравме, но сега пак се отвори оваа тема на разговор...јас се согласувам за хостот, бидејќи може да има проблеми со бесплатен хост, па дури и да го снема сајтот, но доменот? Нема никаква разлика помеѓу бесплатен и платен домен.
 

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
61
18
И за доменот како што кажав нема да имаш проблем ако имаш добра идеја.

Но, еве, добрите страни се: што полесно се запамтува краток домен што значи нешто, полесно се внесува (пишува) и те сфаќаат сериозно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
а кој вели дека платен домен ке успее ? пр.тука во мкд мое мислење е дека има премалку луѓе кои се во форумџиството зашто едни исти луѓе се на повекето форуми ... мнозината е таму кај има повеке год.форумот
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Всушност, ова одамна го дискутиравме, но сега пак се отвори оваа тема на разговор...јас се согласувам за хостот, бидејќи може да има проблеми со бесплатен хост, па дури и да го снема сајтот, но доменот? Нема никаква разлика помеѓу бесплатен и платен домен.
Хостот па да не правам муабет.
Знам примери за добра екипа со одличен старт на форум кои пропаѓале поради лош хостинг.

Да се разбереме, квалитетен форум и квалитетен хостинг, кој ќе овозможи скалабилност на форумот без да има проблем не е мал трошок.
 

Аце

Староседелец
2 март 2012
68
28
618
Во зависност од IP
www.ibiz.mk
Барем да го избришеше смајлито на крај па да се разликува малце постот. Ок можеби сакаш да слушнеш мислење од овие членови, но како модератор на овој форум би требало да бидеш малце уникатна во пишувањето на теми.
Иначе што се работи околу мене со тлд и платен хост можеш да успееш отколку со некој домен со 1-2 додавки.