Бесконечност

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Бесконечност (∞) претсавува абстрактен поим за објаснување на нешто кое што не е ограничено. Во математиката се смета како „посебен“ број со неопределена вредност кој што е поголем од секој број и нема дефинирана вредност како што на пример бројот 5 или 2,43921359 има егзактна позната вредност.

Во физиката пак се смета дека ниедна величина не може да има бесконечна вредност туку секоја величина има точно определена конечна вредност. Или со други зборови, во физиката не постои бесконечност. Сепак за олеснување на многу пресметки се користи поимот бесконечност и истиот се употребува, но тоа не значи дека истиот постои туку само служи за олеснување при пресметливоста на резултатите.
Сепак постои еден дел каде што теориите се заглавени во место, тоа се црните дупки. Досегашните теории зборат за тоа дека треба да постои „математички сингуларитет“, количество маса со радиус нула, за да се објаснат црните дупки. Проблемот е тоа што ако постои таков сингуларитет истиот би требало да има бесконечна густина. И целото ова не потенцира дека постои бесконечност туку само дека теоријата не може доволно добро да ја објасни оваа ситуација.

Што мислите вие, дали постои бесконечноста во природата и како може да се покаже постоењето на бесконечноста? Дали универзумот е бесконечен или конечен? Што би значело постоењето на бесконечноста?



Јас сметам дека универзумот е конечен и бесконечноста не постои во природата. Тоа си е замислен (абстрактен) математички поим кој што служи и има смисол само во математичките проблематики. Универзумот јас го сметам како специјален случај на математичките модели каде што не постои нешто кое што не е ограничено. Идеалните случаи служат само за објаснувања и во реалноста не постојат, па затоа и „математичкиот сингуларитет“ за мене е количество маса кое што тежнее да постигне нулти радиус затоа што исто така сметам дека не може да постои нулти радиус затоа што тоа би значело постоење на „ништо“. Моите сфаќања за универзумот се дека универзумот има изградено механизми кои што не дозволуваат да се случи постоење на „ништото“ внатре во универзумот, па така тежнеење кон нулти радиус и тежнеење кон бесконечна густина за мене се конечни вредности.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and malo

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Бесконечност(неограниченост)не може да се дефинира затоа што човечките способности и можности се ограничени.Спротивно од бесконачно е конечно, е кога со сигурност ќе знаеме што е конечно, можеби ќе можеме тек тогаш да ја разбереме бесконечноста.
Може ли љубовта или болката да се измерат, висина, тежина, може ли да ги видиме..така и бесконечното може само да ни направи главоболка и несоница ако многу штрумфуваш....и самата помисла за тоа што е бесконечно во еден момент мора и мислата да сопре, неможеме бесконечно да мислиме и анализираме;)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дури и ако универзумот е конечен, што има после него? Универзум завршува, следи нешто друго. Тоа нешто друго завршува, следи нешто трето. И така натаму. Значи, ако секогаш следи нешто после нешто, значи сепак на некој начин, постои бесконечност.
А доколку не следи ништо, односно универзумот е конечен и некаде завршува, а после него нема ништо, односно има ништо, тоа ништо е бесконечно.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Тешко ми е да се изјаснам непознавајки ги сите тие математички поими, закони, формули, теори... ама ке пробам :)
Милам дека бесконечноста и постои и не постои, зависи од кој агол приоѓаш на темава. Универзумот, како и се друго, е составен од своите помали делови, но исто така најверојатно е и самиот составен дел од нешто поголемо и така до недоглед. Ако сите мали делови ги разгледуваме посебно, ке им ја најдеме границата, а ако ја разгледуваме целината, најверојатно ке дојдеме до заклучок дека е бесконечна.
Мислам дека најголемата грешка се прави кога се обидуваме нештата да ги разбереме само од наша перспектива. Универзумот, времето, просторот, димензиите... можеби можеме да си го објасниме начинот на кој ние ги доживуваме и перципираме истите, но не верувам дека е можно да се пронајде апсолутната вистина, бидејки ја нема.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Надвор од универзумот не можеш да дефинираш или да опишуваш со димензии кои што постојат внатре во универзумот затоа што димензиите во универзумот се последица од неговото ширење.

Има еден дел од математиката кој што го има вметнато поимот бесконечност, па дури и геометриски објаснато. Односот помеѓу обемот и дијаметарот на една кружница е точно Пи. Пи е ирационален број. Ирационален број е број кој што има бесконечно долг непериодичен децимален дел. Исто е и со квадратен корен од 2, 3, 5... целото множество на ирационални броеви има геометриско толкување.
Е сега, ова може и да се реши на друг начин и нема да претставува бесконечност. Пример ќе земеме броен систем во кој што бројот Пи има вредност 1 и така е решена таа бесконечност односно ренормализирана. И пак се сведува дека бесконечноста постои само како математички модел кој во природата т.е. универзумот не постои.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Slabo sum potkovana za beskonecnosta niz univerzumot,no od folozovski aspekt,sekako deka postoi beskonecnosta.
Beskonecna e ljubovta na edna majka kon svoeto dete.
Ne postoi edinica merka sto ke uspee da ja izmeri i izrazi ni vo matematicki brojki,a uste pomalku vo bilo kakvi edinici.
Beskonecna e i coveckata fantazija.
Beskonecnosta ima beskonecno mnogu primeri.:zelen
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Slabo sum potkovana za beskonecnosta niz univerzumot,no od folozovski aspekt,sekako deka postoi beskonecnosta.
Beskonecna e ljubovta na edna majka kon svoeto dete.
Ne postoi edinica merka sto ke uspee da ja izmeri i izrazi ni vo matematicki brojki,a uste pomalku vo bilo kakvi edinici.
Beskonecna e i coveckata fantazija.
Beskonecnosta ima beskonecno mnogu primeri.:zelen
Човековата фантазија е ограничена од можностите кои што може да ги замисли. Можностите кои што може да ги замисли се во конечен број кој што тежнее кон бесконечност но никогаш не ја достигнува. Дури и да постојат бесконечно можности, средството за замислување е физички лимитирано од конечен број комбинации на испреплетување на ганглиите за на крај да се добие заклучок дека сепак фантазијата е лимитирана од бројот на можностите кои може да ги замисли една единка.
Љубовта на една мајка кон своето дете... апстрахиран поим. Ако го гледаме како лачење хормони кои поттикнуваат реакција тогаш тие хормони се лачат со причина. Фактот што живееме во универзум во кој има ограничен број на случувања кои може да индуцираат да се случи таа хемиска реакција која што ја викаме „мајчинска љубов“ води до заклучок дека истата е ограничена од можностите да се предизвика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Кога веќе како единствен потенцијален пример за бесконечност го знаеме универзумот,треба и да знаеме од каде потекнува се што е во неговиот капацитет.Се што се гледа и што не се гледа е енергија,но,дали таа е неуништлива како што до сега ја оспознало човештвото,или сепак е уништлива но не сме уште стигнати до тоа ниво на пристап?
Кога ќе се дознае дали енергијата се уништува,дали со време или сила не е важно,тогаш ќе се знае дали универзумот има крај или не,и доколку има-до колку светлосни години е.Арно ама тоа е многу далеку сега за сега од нас,многу малку се знае,не знаеме ни од кај е се што може да се види и да не се види.Дали сме од Биг Бенг или не,ама не си ги знаеме ни корените.Кога ќе се знае?Cпоред мене никогаш.Тоа е за физички поими,а кога веќе сте спомнале и апстрактни,какви што се чувствата и емоциите,таму сигурно постои бесконечноста. :)
*И малку оф топик.Да сме биле створени за да знаеме ќе беше цела галаксија населена со луѓе,но сами сме на само една планета,да се обидеме да си ја чуваме па после другите маки. :D
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
И пак се сведува дека бесконечноста постои само како математички модел кој во природата т.е. универзумот не постои.
Бесконечни се промените!
НЕ МОЖЕШ да бараш одгвор за бесконечност од позиција на својата дефинирана константна вредност,како би ја "замрзнал" бесконечноста да би ја сватил.
Во сите такви обиди таа не би постоела.:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja